Чудо, на твитерџија му се укажал премиерот во супа!!!

18.06.2012 08:12
Чудо, на твитерџија му се укажал премиерот во супа!!!

Стотици и илјадници граѓани денес буквално ги опседнаа домашните медиуми по веста за уште едно чудо кое се случи во Македонија. По редица случаи во кои свети ликови и симболи се појавуваа на различни места и во различни ситуации, вчера се случило уште едно чудо.

Според порталот „Гугл транслејт“, во супата на твитерџија од Македонија се појавил Премиерот!!! Фотографијата со ова чудо се шири како вирус по социјалните мрежи и стана хит на денот.

Ова приказание, и навистина необична и вонприродна случка, доаѓа само два дена откако премиерот најави убедливо победа и на следните избори. Многумина аналитичари сметаат дека тајмингот на оваа појава не е случаен, и се толкува како знак дека ова навистина и ќе се случи.

Редица странски медиуми известуваат за овој навистина необичен настан, пренесувајќи ја ширум светот информацијата за уште едно чудо од Македонија! Редакциите на најпознатите светски медиуми најавија поопширни стории за целата серија вчудоневидувачки настани настани од овој вид. Домашните аналитичари додаваат дека овие настани можат да бидат силен аргумент во нашите спорови со соседите, особено со Грција и Бугарија, и ќе им дадат ветер во грбот на нашите силни аргументи во овие спорови.

Извор: sead93.blog.com