Голите хрватски навивачки го намалија туризмот за 20%

18.06.2012 13:24
Голите хрватски навивачки го намалија туризмот за 20%

Во текот на изминатите неколку дена речиси 20% од туристите кои уплатиле аранжман за хрватското приморје се откажале од летување на Јадранот.

Како што покажуваат првите истражувања на Хрватската туристичка заедница, главната причина за ваквата одлука се фотографиите со двете голи хрватски навивачки, кои последниве неколку дена беа хит на социјалните мрежи.

Домагој Срна од Хрватската туристичка заедница вели дека приказната за убавите девојки во Хрватска била најголемата мамка за странските туристи изминативе години.

„Многумина мислат дека хрватското приморје е најголем адут за странските гости, но тоа е повеќегодишна заблуда. Истражувањата покажаа дека околу две третини од мажите кои доаѓаат кај нас тоа го прават првенствено заради убавите девојки за кои многу се раскажува низ Европа“, вели Срна и додава: „Уште неколку слични фотографии со голи навивачки и туристичката сезона ќе доживее дебакл.“

Како што дознава агенцијата Njuz.net, Хрватската туристичка заедница нема намери да препушти ништо на случајот, поради што започна преговори со неколку од најпознатите хрватски старлети, на кои им понуди исплатлив договор за на мечот меѓу Хрватска и Шпанија да ги бодрат своите миленици во топлес издание.

„Мислам дека тоа ни е единствената шанса. Непосредно откако се појавија фотографиите на двете голи навивачки, се обидовме да ја пласираме приказната дека не станува збор за просечни хрватски девојки туку за политичарки, ама се чини дека ова објаснување не ги убеди туристите да ја променат својата одлука“, вели Срна.

Извор: njuz.net