Да се слуша публиката

18.06.2012 16:40
Да се слуша публиката

Да се слуша публиката e проект што упатува на проблемот со дефицитот од информирана публика и на потребата за дијалог меѓу уметниците и публиката во полето на современата уметност.

Проектот е замислен како продолжување на комуникацијата меѓу Фестивалот за современи уметности – АКТО (Битола) и неговите партнерски организации со различни групи публика.

Уметничките и културните организации произведуваат настани, програми и содржина, но често во нив публиката не е вклучена и е запоставена поради нејзината изолација и долгорочен погрешен пристап во образованието за уметноста и културната политика. Конечните резултати ќе бидат работилници и семинари кои ќе ги вклучат волонтерите на фестивалот и други заинтересирани учесници заедно со лидерите на работилниците и партнерските организации во заедничка дискусија и продукција на содржини што ќе бидат јавно презентирани за време на фестивалските денови во август. Координатори на две работилници ќе бидат млади уметници од Македонија кои се интересираат за колаборативни и партиципативни проекти што вклучуваат публика. Проектот доби поддршка од Европската културна фондација и Фондацијата Отворено Општество Македонија.

Партнери во проектот се: P.A.R.A.S.I.T.E. Институт (Љубљана), НУ Центар за култура (Битола), ШКАРТ (Белград), Stacion – Центар за современи уметности (Приштина).

РАБОТИЛНИЦА # 1: УМЕТНИЧКИ КНИГИ
1.06-5.06.2012, Битола

Водачи на работилницата: Катерина Соколова и Симона Манчева

Темата на првата работилница е уметничката книга. На работилницата ќе се разговара и работи на различни идеи за книгата како уметнички и културен артефакт и како преносник на информација. Книгата ќе биде презентирана низ нејзината историја како културен и уметнички артефакт, а преку презентација на визуелни материјали, проекти и уметници кои се занимавале со оваа тема. Во работилница учесниците ќе работат со книги и ќе се обидат да ги видоизменат или да ги стават во контекст на уметнички предмет, политички симбол или историски артефакт. Крајниот резултат ќе биде видео запис во кој ќе се презентира процесот и изложба со делата- книгите како уметнички предмети. Работилницата ќе се одржи од 01.06 (петок) до 05.06 (вторник) во просториите на НУ Центар за култура во Битола, а резултатите на работилницата ќе бидат презентирани во текот на фестивалските денови на АКТО во август оваа година.

Втората работилница од проектот на тема “Играчки” ќе се одржи од 18.06 (понеделник) до 22.06 (петок) во НУ Центар за култура во Битола.

Проектот Да се слуша публиката е резултат на минатогодишниот колаборативен проект In the Mind’s I – во соработка меѓу Ворен Најдик (Warren Neidich), д-р Сузана Милевска и студентите од Факултетот за ликовни уметности од Скопје. Проектот беше изведен на минатогодишното издание на Фестивалот АКТО и ја освои главната награда за интердисциплинарност „Драгиша Наневски“.

ФАКУЛТЕТ ЗА РАБОТИ ШТО НЕ СЕ УЧАТ

Фестивал за современи уметности АKТО 7 – Битола

Проект: ДА СЕ СЛУША ПУБЛИКАТА, 01.03.-01.11. 2012

Учесници: Сузана Милевска, Филип Јовановски, Драгана Заревска, Дарко Алексовски, Симона Манчева, Катерина Соколова, Ивана Спироска

Гости: Тадеј Погачар и Урош Леген (Словенија) и групата Шкарт (Србија).

ОкоБоли главаВицФото