Фејсбук најави бришење на женски профили кои немаат барем една слика во костим за капење

19.06.2012 13:25
Фејсбук најави биршење на женски профили кои немаат барем една слика во костим за капење

Зголемениот број корисници кои во последните неколку дена поставуваат свои фотографии во костими за капење е резултат на најавата на компанијата Фејсбук дека во наредните месеци ќе ги избрише сите профили на женските корисници кои нема да имаат барем една таква слика.

„Не сакав да ги ставам сликите од моето летување, бидејќи мислам дека фризурата ми е лоша“, вели Десанка Тримамовска од Струмица. „Но, кога слушнав дека профилот ќе ми биде избришан, ставив 389 фотографии од моето летување во Охрид.“

Нејзините слики во костим за плажа за неколку дена добиле над 1000 „лајкови“, со што Десанка го осигура опстанокот на својот профил на Фејсбук.

Како што откриваме, повеќе од девет проценти од корисниците на Фејсбук во Македонија немаат ниту една фотографија во костим за капење, што е многу повеќе во однос со речиси сите источноевропски држави, но и некои земји во регионот.

„Колку за споредба, во Хрватска дури ни политичарите не се срамат своите топлес слики да ги стават на интернет, и тоа не е важно дали се покрај море или, на пример, на европско првенство во фудбал“, вели Марко Лабовски, Фејсбук статистичар за приватни профили. „Во Македонија тој тренд не е забелажан, а и повеќето жени не се свесни за новото правило на Фејсбук и за тоа дека сликите можат да им обезбедат опстанок на Фејсбук.“

Преземено и адаптирано од Njuz.net

Барем да објавевте дека

Барем да објавевте дека заебанцијава ја преземавте од Њузнет.

На статијата уште од самиот

На статијата уште од самиот почеток беше наведено дека е адаптирана и преземена, можеби не си забележал најдобро.