Коцкест ден на жалоста

20.06.2012 11:38
Коцкест ден на жалоста

Мојата улица ноќеска беше завиена во црно. Ни кога умре Тито не беше толку тивко. Не свиреа сирени, не се слушаа топови и калашникови. Зошто, зошто, о зошто испаднавме од ЕП во фудбал?

Мојата улица ноќеска беше завиена во црно. Ни кога умре Тито не беше толку тивко. Не свиреа сирени, не се слушаа топови и калашникови.

Стариците ги искинаа коцкастите шапки од главите. Мајките ги извлекоа бебињата од коцкастите дресови, а потоа ги фрлија тие крпчиња во канта.

Мажите го треснаа коцкастото хрватско пиво од ѕид и тажно ги драпаа мадињата, алергични на коцкастата боја за јајца.

Девојките демонстративно ги извадија од гаќи коцкастите влошки, а жените на мои години испија зелен апаурин. Не е коцкаст, но тоа веќе не е ни битно.

Сите жени кои се заљубени во селекторот Билиќ, а нè има три милиони, со коцкасти солзи во коцкастите очи сношти го гледавме нашиот херој кој ги водеше „единаесетте јунаци“. Така тој ги нарекува.

Ја нема веќе Хрватска. Сето она во кое верувавме, единасетте пара жилави нозе, ни ги уништија соништата и иднината. Шпанија, тоа ѓубре од земја кое мрази сè што е хрватско, нè уништи со помош на расипаниот судија.

Зошто, зошто, о зошто испаднавме? Со што ќе се занимаваат деновиве нашите сопрузи, нашите синови, нашите внуци, нашата Влада, нашите министри... Сè ќе запре, сè застана сношти.

Кој ќе ги дочека оние силни чартер летови кои уште вчера весело ги испраќавме? Веселите и сите коцкасти патници зборуваа во микрофоните: ќе биде десет нула. Ова ќе биде или нема да биде. Ние сме најголеми! Ова е Хрватска! Билиќ херој, не злосторник! Ние сме Билиќеви, Билиќ е наш! Билиќе, љубичицо бела, тебе те сака младината цела.

А кога таму... На мојот маж во последен миг му ја извадив бомбата од уста која, ако победевме, планираше да ја фрли во градината на соседот кој е Словенец. Само на покривот на неговата куќа не се вееја коцките.

Да ги немаше оние мили Хрвати кои фрлаа факели на теренот, кршеа сè околу себе и се тепаа со полицијата, нашиот престој во Полска би бил бесмислен. Вака, сепак им покажавме.

Нашите милијардери можеби не знаат да дадат гол, ама затоа нашата беда знае да пали сè пред себе и уште да подивее кога на теренот ќе здогледа некаков, прости ми боже, црнец.

Цивилизираниот свет се згрозува. Над што? А кој ги сака црнците? А кој ги сака Полјаците? А кој ги сака Шпанците? И оние што јадат мачки. Да останеа дома ние сега ќе пеевме: neka pati kome smeta, Hrvatska je prvak svijeta.

Ебениот судија беше белец, да беше црнец ќе му го расплакавме мамето со витката црна коса, ќе го средеа нашите момци од публиката, а вака... Нè заеба.

Да не зборам дека немавме поим дека е Србин. А можевме да дојдеме до тој податок. Само Србин може онака да ѝ суди на Хрватска. Проклет четник. Да му се сотре семето, да даде господ!

А оние „херои“... Зошто не дојдат дома, барем на еден ден? Да им се наебеме од херојската мајка. Ја предадоа Татковината и се вратија во своите земји.

Најмалиот меѓу нив, во чии нозе полагавме најголеми надежи, уште оваа сезона заминува да игра за некој шпански клуб. Еден и еден се два.

Ние, глупави Хрвати. Кога ќе изгубиме, се криеме во глувчешка дупка и таму рониме коцкасти солзи, а кога ќе победиме, претвораме во прав и пепел сè пред себе. Ех, да беше обратно. Оваа земја ќе изгледаше сосем поинаку.

Извор: 6yka.com

ОкоБоли главаВицФото