Секоја недела загинува по еден екологист

21.06.2012 14:41
Секоја недела загинува по еден екологист

Лесно е да се залагате за екологијата и за почиста животна средина во европските земји, обидете се тоа да го направите во Мјанмар, Колумбија, или Перу.

Според меѓународната невладина организација „Глобал витнес“ овие земји се само дел од местата во светот каде во последните 10 години загинале повеќе од 700 луѓе при активности „за заштита на своите човекови права или правата на другите поврзани со животната средина, посебно на Земјата и шумите“.

Организацијата, со седиште во Лондон, во својот извештај тврди дека бројот на убиените еколози во 2010 година изнесувал 96, а минатата година се искачил на 106, што е значително зголемување во споредба со претходните шест години.

Повеќе од 3/4 од убиствата регистрирани од „Глобал витнес“ извршени се во три јужноамерикански држави – Бразил, Колумбија и Перу. Во Филипини убиени се 50 еколози. Во сите тие држави се водат крвави борби за правата врз земјата меѓу локалното население и моќните компании.

„Глобал витнес“ истакнува дека за поголем број на убиства нема информации, посебно во Мјанмар, во Лаос и во Кина.

Според извештајот, во просек секоја недела гине по еден екологист, меѓутоа нивната бројка драматично расте во последните 3 години. Притоа најлошо место на кое луѓето се борат за заштита на шумите е Бразил каде деновиве се одржува Рио + 20 светската конференција за одржлив развој. Во земјата во последната декада се убиени повеќе од 365 луѓе поради нивните активности поврзани со одбрана и спречување на сечењето на прашумите.

„Овој тренд покажува дека се води безмилосна глобална битка за ресурси“, вели Били Кајт од „Глобал витнес“.

Извор: greenbox.com.mk

ОкоБоли главаВицФото