Паднала на испит иако објавила десет статуси дека учи

21.06.2012 15:53
Паднала на испит иако објавила десет статуси дека учи

Ѕвездана Ѓорѓиовска не го положила испитот по психологија, иако непосредно пред испитот ставила барем десет статуси на Фејсбук за тоа дека учи.

Оваа студентка наведува дека не и јасно зошто го паднала испитот, кога сите нејзини активности на оваа социјална мрежа биле посветени само на учење.

„Два пати бев во читална и секој пат објавував дека сум таму. Исто така, ги сликав и двете книги од кои требаше да учам и сите маркери кои ги користев за подвлекување, дури на таа фотографија обележав и неколку колешки“, изјави Ѕвездана.

„Кога бев кај колешката Драгана за да повториме, и двете се фотографиравме и на фотографиите може јасно да се види дека учиме. И двете направиме тажни фаци за да може да се види колку ни е тешко, и бевме без шминка и со ужасна коса.

Ѕвездана ни кажа дека барем три месеци го спремала испитот. Најпрвин десет дена набавувала книги и скрипти, а потоа секој ден разговарала барем со еден колега со кој го коментирале обемот на материјалот. Истакнува дека и по неколку часови поминувала на Фејсбук групата „Студенти по психологија“, каде што се обидела да ги собере сите комбинации на испитните прашања.

„Навистина не ми е јасно како не го положив испитот. Сѐ што правев на Фејсбук беше посветено на учење, од статусот ’Учам, не можам веќе!!!’, или ’Учи, глава бучи!’, до ’Преку к*р од Фројд’, кога повеќето од пријателите ме искритикуваа дека пишувам само за учењето“, вели Ѕвездана.

За да им долови на своите пријатели на Фејсбук што сè пропуштила поради учењето, Ѕвездана направила и албум „Сè и ништо“ каде што ставила фотографии од сите журки и концерти кои ги пропуштила поради учењето.

Како една од причините поради која Ѕвездана смета дека не го положила испитот е тоа што помеѓу нејзините пријатели нема професори или асистенти од факултетот. Таа планира за следното полагање да ги додаде сите за да им покаже јасно „дека учи како луда“.

Преземено и адаптирано од Njuz.net

Направила 400 паравести,

Направила 400 паравести, ниедна смешна.

Ѕвездана Ѓорѓиовска падна

Ѕвездана Ѓорѓиовска падна затоа што не научи ништо, туку само препишуваше од Бранка Червенковска и Љубица Ѓорѓиева.