Црвен крст ќе дели шлаканици низ улиците на Скопје

21.06.2012 16:06
Црвениот крст на дело

На првиот ден од летото и најтоплиот ден во месецот, кога се најавуваат засилена активност на опозицијата и температури од 40 степени, тимовите на Црвениот крст на Град Скопје ќе излезат на терен и ќе делат шлаканици за освестување и освежување на политички неподобните граѓани.

Мобилните тимови денеска, како и во наредните неколку дена, поради високите температури и предизборната предизборна кампања на опозицијата, низ улиците на Скопје на граѓаните ќе им делат и информативно-пропаганден материјал во кој се содржани совети за тоа како можат да ја применат оваа нова метода и во рамки на соседството, а со цел да се заштитат од политичко влијание, од топлотниот бран, но и воедно да се ослободат од насобраните фрустрации и нервози.

Црвениот крст на Град Скопје ја стави во функција и бесплатната С.О.С. линија, а обучените волонтери ќе одговараат на повиците на потенцијално заинтересираните граѓани за најдобрите начини некој политички да се превоспита со шлаканици.

Град Скопје во соработка со Црвениот крст минатите пет години реализираа активности за брзо и ефикасно дејствување во случај на политички или временски непогоди, кога се највавуваат засилени активности на опозицијата или кога температурата ќе се искачи над 40 Целзиусови степени.

Од Град Скопје информираат дека мобилните тимови на Црвениот крст ги обиколуваат најфреквентните места во градот (автобуски станици, пазари, трговски центри, здравствени организации, згради, партиски штабови на опозициските партии) и делат шлаканици, се закануваат, а онаму каде што има потреба, употребуваат и посилен вид на насилство, како што е претепување до непрепознатливост.

Секоја година за поддршка на активностите на Црвениот крст за кризни интервенции Градот Скопје издвојува 500.000.000.000.000.000.000.000.000 денари од буџетот.