Владите се откажаа од планетата

27.06.2012 12:33
Владите се откажаа од планетата

Неуспехот на конференцијата Рио +20 означува, помалку или повеќе, крај на мултилатералните напори за заштита на биосферата. Сега е очигледно дека ја пропуштивме можноста да го запреме глобалното затоплување на две нивоа и дека голем број други планетарни граници исто така ќе бидат преминати. И што ќе правиме сега?

Можеби станува збор за најголемиот несупех на колективното водство уште од времето на Првата светска војна. Екосистемот на земјата се урива, а водачите на некои од најмоќните земји – САД, Велика Британија, Германија, Русија – не се ни обидоа да се појават и да поразговараат за тоа. Оние кои присуствуваа на Самитот за планетата Земја во Рио минатата недела свечено се договорија да продолжат да ги поттикнуваат разорните пожари: шеснаесет пати во нивниот текст е ветено дека ќе продолжат да го потикнуваат „одржливиот раст“, првичната причина за губење на биосферата.

Напорите на владите не се насочени на одбрана на живата Земја од уништување, туку на одбрана на машината која ја уништува. Секогаш кога капитализмот ќе се заплетка во сопствените противречности, владите брзаат да ја поправат машината за да осигураат да работи уште побрзо одошто порано – иако троши ресурси кои нè одржуваат во живот.

Мислата дека за тоа може да биде виновна машината вработена на погрешна задача не може да се чуе во мејнстрим политиката. Таа машина наголемо ја богати економската елита, истовремено изолирајќи ја политичката елита од масовните движења со кои инаку би морала да се соочи. Ние сега лутаме маѓепсани во фантазијата, се вртиме во кругови.

Ја користевме нашата невидена слобода – која нашите претци скапо ја платија – не за да агитираме за правда, за прераспределба и за одбрана на заедничките добра, туку за да трчаме по дозата на допамин кој го добиваме со купување на производите кои не ни требаат.

Најиновативните умови на светот се вработени не за да го подобрат животот на човештвото, туку за да измислуваат секогаш нови и поефикасни средства за стимулација, за да го намалат слабеењето на задоволството кое доаѓа со потрошувачката. Взаемните зависности на потрошувачкиот капитализам се грижат сите несвесно да учествуваме во заверата за уништување на можеби единствената жива планета. Неуспехот во Рио де Жанеиро ни припаѓа на сите нас.

Рио означува, помалку или повеќе, крај на мултилатералните напори за заштита на биосферата. Единствениот успешен глобален инструмент, Протоколот од Монтреал за спојувањата кои го уништуваат озонскиот слој, договорен е и применет години пред првиот самит во Рио во 1992. Тоа беше еден од последните плодови на една различна политичка ера, во која интервенцијата на пазарот за целите на заштита на поголем дел од добрата не беше сметана за анатема, дури ни од страна на владата на Маргарет Тачер и Роналд Реган. Сè друго што беше вредно и за кое потоа се разговараше водеше до слаби, необврзувачки или никакви договори.

Не сакам да сугерирам дека глобалниот систем или неговите растечки бесмислени годишни собири ќе исчезнат или ќе се променат. Владите кои допуштија Earth Summit и сите такви состаноци да пропаднат, не покажуваат никакво чувство на одговорност за таквиот резултат, а се чини дека не ги ни измачува помислата дека нешто не е во ред со системот кој не функционира веќе 20 години. Тие доаѓаат и си заминуваат, свесни дека нема политичка казна, дека медимуите еднакво се опкружени од консумеристички тривијалности како и сите останати, дека нивниот придонес ќе биде заборавен, кога идните генерации ќе мора да се борат со нередот кој го оставиле зад себе. (А нам останатите ни проповедаат одговорност.)

Не сакам ни да сугерирам дека мултилатеризмот треба да биде напуштен. Договорите за биолошката разновидност, за океаните и трговијата со загрозени видови можат да постигнат некои ограничено ублажување на нападот во полн спектар на биосферата кој го започна машината на потрошувачката. Но, тоа е од прилика сè.

Дејствувањето – а ќе го има – главно ќе се случи некаде на друго место. Оние влади кои го задржаа интересот за планетата Земја, ќе мора да работат сами или во договор со истомислениците. Нема да имаат средства за задржување на слободните јавачи, нема да имаат средства со кои ќе ги убедат гласачите дека другите земји ќе го следат нивниот пример.

Сега е очигледно дека ја пропуштивме приликата да го запреме глобалното затоплување на две нивоа и дека голем број други планетарни граници исто така ќе бидат преминати. И што ќе правиме сега?

Некои луѓе ќе одговорат со откажување или барем повлекување од политичкото дејствување. Се прашуваат, зошто толку да се мачат, ако на крајот и онака е неизбежна загубата на она што им е мило: шумите, потоците, мочуриштата, коралните гребени, морскиот мраз, глечерите, птичјиот пој и ноќните собири, благата и умерена клима која толку долго љубезно постапуваше со нас? Ми се чини дека постојат барем три причини.

Првата е да се развлече загубата на што поголем период, за да можеме на нашите деца да им овозможиме да доживеат нешто од чудата и одушевувањата од природниот свет и мирниот, неиспокраден живот со кој ние бевме благословени. Не е ли тоа вредна цел, дури и кога не би постоела друга?

Втората причина е да го зачуваме она кое можеме со надеж дека условите можат да се променат. Не верувам дека машината која ја јаде планетата, одржувана од војска механичари, потикнувана од постојани инјекции од јавни средства, ќе се урне пред живиот систем со кој се храни. Но, можеби не сум во право. Нели би била страшна штетата ако дозволиме тигарот, носорогот и сината туна да исчезнат без борба, ако се покаже дека периодот на интензивна експлоатација е со ограничен век?

Третата причина е тоа што, иако не можеме да влијаеме на одлуките на другите места, многу можеме да направиме во рамките на нашите сопствени граници. Повторното создавање на дивината – масовна обнова на екосистемот – ја нуди најдобрата надеж која ја имаме за создавање засолниште на природниот свет, што е причината зошто одлучив да посветам повеќе време во наредните неколку години за промовирање на таа идеја овде и во странство.

Откажување од глобалниот договор или, поточно, од изгледите дека тој значајно ќе го промени нашиот однос кон природниот свет, речиси да донесе олеснување. Тоа значи напуштање на деценискиот бес и фрустрации, значи да се поместиме од местото во кое немаме застапници кон она каде што барем имаме шанса да бидеме ислушани. Меѓутоа, тоа исто така предизвикува и голема тага, бидејќи значи откажување од многу работи.

Дали е премногу да се бара од светските влади, кои изведоа чуда како што се конструирање на невидливи бомбардери и војување со беспилотни летала, глобален пазар и спасувања тешки трилијарди долари, да потрошат една десетина од енергијата и ресурсите кои ги посветуваат на тие проекти за одбрана на нашата жива планета? Се чини, за жал, дека е.

Извор: Guardian

ОкоБоли главаВицФото