За провинцијализмот, и за Скопје

28.06.2012 11:10
За провинцијализмот, и за Скопје

Ме вознемири помислата дека можеби сме на прагот на уште една внатрешна, длабока поделба, онаа на скопјани и провинцијалци. Се натажив што призвуците на поделбата овојпат доаѓаат од круговите на младите, токму оние кои во времево на целосна информациска глобализираност и отвореност станаа граѓани на светот, барем во виртуелна смисла. Но, целава приказна си има длабоки економски и социолошки корени. Ќе се обидам да испратам некои пораки до младите, само со цел да придонесам за нивно спојување, за нивно сплотување, за сопирање на делбите.

Поаѓам од неспорниот факт дека повеќето луѓе нерадо ги напуштаат своите средини, своите домови. Причината за тоа е психолошка, имено, тежнеењето да не се одвојуваме од сопствената, сигурна територија што ја доживуваме како наша природна средина. Сепак, внатрешните пориви, талентите, амбицијата или мотивите за постигнување, многу често не можат да бидат остварени во сопствената средина, па луѓето заминуваат, поблиску или подалеку, во неизвесна борба за остварување на своите соништа. Постојат и други, индивидуални причини за заминувањата, на пример, невклопеноста во сопствената средина, авантуризмот, па дури и поривот за потврда на личните илузии. Тоа се случува секаде, вклучително и во најразвиените земји. Македонија никогаш не била исклучок во тој поглед. Секогаш имало млади луѓе кои заминувале на школување некаде надвор. Дел од нив никогаш не се вратиле дома; други, поносталгични, си дошле назад во својата земја. Тоа што загрижува денес е што луѓето масовно ги напуштаат родните места единствено од економски причини, просто поради тоа што нашата внатрешност (провинција) минува низ децениска деградација и економско пропаѓање. Дали нашите млади заминуваат надвор од Македонија, или само во Скопје - за нашите помали градови е еднакво погубно. Заминувањето на секој млад човек, особено неговото трајно заминување, е само нов чекор кон несопирливото замирање на градовите од нашата внатрешност.

Заради неуспехот на политиката за рамномерен развој на земјата, нешто што се потенцираше во периодот на независноста и транзицијата, нашите помали места станаа задушливи за индивидуалниот развој на младите. Скопје, неминовно, како единствен центар на новата динамика, преку ноќ прерасна во метропола, ама метропола на македонската беда. Со оглед на тоа што две третини од економската активност на државата се одвива токму тука, роеви полнолетни адолесценти од внатрешноста секоја година го фаќаат патот кон Скопје - единствената дестинација која пружа какви-такви, најчесто минимални шанси за егзистенцијален опстанок и контакт со прогресот. Нормално, огромната понуда од работна сила ја собори цената на трудот, и тоа е стварност со која безмилосно се соочуваме. Околу тоа што треба да прави државата за да го сопре ваквиот тренд, напишани се бројни трудови, стратегии и анализи, но освен минималните напори во областа на децентрализацијата, не гледам дека некакви помрднувања кон подобро реално се случуваат. Значи, Скопје и натаму ќе продолжи да биде магнет за македонските мигранти, ќе страда од прекумерна населеност, вишок на работоспособна популација, беспоштедна борба за работа и власт, а категоријата Скопјани ќе ја добие конотацијата што ја имаат и безбројни други градови во светот. Скопјани ќе бидат сите, не само оние по корен, туку сите што тука создаваат некаква вредност.

За несреќата на присилното населување на Скопје, младите никако не смеат взаемно да се обвинуваат. Тие треба да знаат дека, едноставно, македонските политички гарнитури неодговорно го одбрале тој, за земјата катастрофален правец, па наместо да овозможат барем приближен развој на помалите градови со оној на Скопје (како Словенците, на пример), дозволиле нашата внатрешност да ги задржи особините на провинција, како синоним за неразвиеност и нешто помалку вредно. Но, според мене, има уште една причина за пежоративното толкување на овој социолошки поим.

Провинцијализмот на Македонија никако не треба да се поврзува со местото на потекло. Провинцијализмот во Македонија е резултат на нашата длабока (во многу нешта балканска) граѓанска некултура, и на нашиот бескраен примитивизам. Некултурата и примитивизмот се секаде околу нас: во Скопје, во Прилеп, во Охрид, во Конопиште, во Богданци...Тие се видливи со голо око, а се резултат на традиционалната инертност и левантински менталитет. Ѓубрето околу нас, плуканиците по улиците, валканите јавни тоалети, смрдеата на неискапени луѓе, неиспраните алишта, мрсните коси, неуредените селски и градски дворови - сето тоа е огледало на примитивизмот на овој народ. Да не зборувам за неписменоста, неспособноста да се изговори една просто проширена реченица (подмет, прирок и додатоци) без неизоставна граматичка грешка, и за долната комуникација меѓу луѓето. Што, пак, да кажам за вредносниот систем што се гради токму врз тие основи? Основните вредности доживеаја салто мортале, а повисоките изгубија човечки лик. Јас така гледам на оваа ера на растечки провинцијализам. Затоа, провинцијализмот никако не го врзувам за градовите и местата од кои доаѓаат луѓето во Скопје, туку за општиот примитивизам што го владее овој наш простор. Во Скопје само малку повеќе се вложува за маскирање на сеприсутната простотија, па малите градови делуваат појадно.

Не сакам да се занимавам со историјата на Скопје како град. За неа знам повеќе од многу други зашто и по мајка, и по татко, барем век и половина водам потекло од овој град. Но во 21-от век, за мене тоа веќе не е битно. Во сите светски метрополи е релативизирано значењето на потеклото на нивните жители. Луѓето таму се делат по други основи и критериуми, економски, статусни и иновативни, односно според нивото на нивната контрибуција за развојот на заедницата. Сакам и Скопје да биде таков град. Постарите не го направија тоа, ама од младите со право очекувам активизам. Токму поради нивниот лесен пристап до информации за сè и сешто, а најмногу за естетиката, етиката, културата на живеење, културата на урбано однесување и културата на комуникацијата. Нема да ми пречи што Скопје, наместо триста, има речиси седумстотини илјади жители, доколку неговите граѓани се потрудат овој град да заличи на убавите светски градови. Со својата хигиена, со неоскрнавени паркови, со фасади неогрдени со одвратни графити, со балкони и тераси, на кои наместо скапан и дотраен мебел, ќе бидат засадени саксии со убаво цвеќе.

Во период кога властите се исклучително активни во визуелната провинцијализација на Скопје, јас сакам да верувам дека позитивната промена ќе ја направат младите. А верувам и дека култивирањето на овој сегашен, вграден примитивизам, ќе придонесе и за култивирање во сите останати сфери. За тоа култивирање е потребна голема енергија. Ние, повозрасните, веќе ја немаме, ама младите ја имаат. Ние само ќе се вклучиме како силна поддршка, како значаен глас, како актери на споредна, но забележителна улога. Ќе бидам пресреќна ако се случи посериозна граѓанска акција на овој план. За доброто на сите. За убав, достоинствен град, за млади што ќе ги почитувам многу пати повеќе и што ќе ги сметам за вистински скопјани.

А што се однесува до фаќањето богати типови со т.н. - простете ми - голтање од првата вечер, за дијалектите, владеењето со ноќниот живот и сличните дребни нешта - тоа се веќе прашања на личен избор. Ама, сигурна сум дека општото култивирање, и искоренувањето на нашиот иманенетен провинцијализам и малограѓанштина, битно ќе ги редуцира и таквите, непријатни феномени.

Извор: danesezaboravi.blogspot.com

Илустрации: Енди Рементер

Интересна колумна која го

Интересна колумна која го начнува прашањето за (густина на) населеноста во Скопје и влијанието на истата врз економскиот и социјален живот на Скопјани. Најпрво, сметам дека во колумната се споменати неколку урбани митови и тези кои се произволни и непоткрепени. Подолу ќе се обидам да ги разбијам митовите, еден по еден.
1.    „Огромната понуда од работна сила (во Скопје) ја собори цената на трудот, и тоа е стварност со која безмилосно се соочуваме.“
Според мене, оваа теза ја стигматизира заедницата на македонци мигранти кои дошле од помалите средини во Скопје и на индиректен начин во колумната се обвинети за економскиот колапс на Скопје. Фактот што некој по игра на случајот се родил во помала средина, не мора да ја одреди неговата/нејзината животна судбина и тој човек да биде врзан за тоа место.
Најпрво од правен аспект, универзалната декларација за човекови права од ОН ја гарантира слободата на движење и живеење во рамките на една држава (член 13). Истата декларација на ОН го гарантира човековото право на работа, слободен избор на работодавц, праведни и поволни услови на работа и заштита од невработеност (член 23). [http://www.un.org/en/documents/udhr/]
Граѓаните на ЕУ исто така уживаат загарантирано право да се движат и населат било каде во рамките на ЕУ. [http://ec.europa.eu/justice/policies/citizenship/docs/guide_free_movement_low.pdf]
Економскиот аргумент дека зголемената понуда на работна сила ја собори цената на трудот донекаде држи вода, меѓутоа мора да се напомене дека тоа е еден изолиран фактор од мноштвото други фактори. Цената на трудот е соборена од повеќе фактори: (1) слабата побарувачка за труд која се должи на погрешните макроекономски политики на Скопје со тоа што се инвестира во проекти кои немаат никаков поврат на инвестицијата и не креираат долгорочна вредност (на пр. Скопје 2014); (2) намалената куповна моќ на граѓаните поради стагнацијата во примањата наспроти галопирачката инфлација; (3) недоволно образувана и некфалификувана работна сила; (4) огромната корупција во јавниот и приватен сектор што Македонија дополнително ја прави неатрактивна за инвестиции; (5) невладеење на правото (слобода на говор, заштита од дискриминација).
Згора на тоа, зголемувањето на популацијата на Скопје само може да помогне од економски аспект, бидејќи се зголемува потрошувачката со тоа што поголем број на граѓани живеат и работат во Скопје и нивните примања остануваат во Скопје преку трошоците за живот, недвижности, плаќање на даноци итн. Со други зборови, мигрантите може само да ја зголемата економската „пита“ на Скопје. Истражувањата покажуваат дека намалувањето на густината на населеност ја намалува продуктивноста. Исто така, трендот во Америка е дека 8 од 10 граѓани живеат во урбани населби и дека густо населените урбани средини се попродуктивни, т.е. поуспешни. [http://www.clevelandfed.org/research/commentary/2011/2011-27.cfm].
 
2.    „Значи, Скопје и натаму ќе продолжи да биде магнет за македонските мигранти, ќе страда од прекумерна населеност, вишок на работоспособна популација, беспоштедна борба за работа и власт, а категоријата Скопјани ќе ја добие конотацијата што ја имаат и безбројни други градови во светот. Скопјани ќе бидат сите, не само оние по корен, туку сите што тука создаваат некаква вредност.“
 
Повикувањето на некакви „корени“ (родно место) како критериум на припаѓање на одреден град / заедница, ми делува некако непријателски настроено кон внатрешните миигранти. Доколку погрешно сум го интерпретирал контекстот на извадокот погоре, се извинувам однапред.
 
3.    “А што се однесува до фаќањето богати типови со т.н. - простете ми - голтање од првата вечер, за дијалектите, владеењето со ноќниот живот и сличните дребни нешта - тоа се веќе прашања на личен избор. Ама, сигурна сум дека општото култивирање, и искоренувањето на нашиот иманенетен провинцијализам и малограѓанштина, битно ќе ги редуцира и таквите, непријатни феномени.“
Авторката е контрадикторна сама на себе. Во последниот параграф изјавува дека го почитува правото на личен избор/одлука на другите, меѓутоа во целата статија ја стигматизира заедницата на мигранти во Скопје како виновна за економската криза со нивниот личен избор да дојдат да живеат во Скопје.
На крај, сметам дека внатрешните мигранти во Скопје се најмалиот проблем на Скопје. Скопје (како Македонија во мало) треба ушто многу да учи за демократија, владеење на право, човекови права, пазарна економија, за да биде метропола.
п.с. Сакам да видам некој доказ за тоа како Словенија ја менаџира густината на населеност, бидејќи авторката радо го цитира овој пример.
 
Голем поздрав и благодарам за вниманието.
 

Одличен, издржан коментар!

Одличен, издржан коментар! Браво

DA se bide gragjanin e

DA se bide gragjanin e ideologija, toa ne e prosto lociranje spored mestoto na zhiveenje. Vo Amerika lugjeto shto zhiveat vo malite sredini se isto taka so gragjanska kultura. Vtoro, tochno e deka selskite sredini se povekje kje se napushtaat bidejki civilizacijata se rodila i prosperira koga se sozdale gradovite, tamu e obrazovanieto, naukata, umetnosta pogolemiot dopir na lugjeto i sl. Vo Makedonija osven Skopje i donekade Bitola nemame tipichno gragjansko zhiveenje i zatoa Skopje kje se polni. Problemot so dojdencite e vo toa shto tie ne gi prifakjaat pravilata na zhiveenje na eden grad tuku insistiraat na svoite selski naviki. Vo svetot e normalno da se odnesuvash spored pravilata na gradot vo koj shto kje se naselish, a za eden gragjanin ne e teshko da go prifati takvoto odnesuvanje bidejki dali zhiveesh vo London, Rim, Budimpeshta, Tokio, New York e potpolno seisto. Osnovnite gradski naviki se SEKADE isti.Kaj nas, ako mu prerechesh na nekoj od provincija i toa najdobronamerno, kje te pogledne kako neprijatel

" tie ne gi prifakjaat

" tie ne gi prifakjaat pravilata na zhiveenje na eden grad tuku insistiraat na svoite selski naviki."...
А од кај па ти толку многу си информиран и запознаен со селските навики, па да им ги прпишуваш на провинцијалците??
Што, според тебе, треба јас како провинцијалец, да прифатам за да бидам“граѓанин на Ск“:дијалектот, начин на облекување,што, не те разбирам??
Коплексите се лечат со соодветни третмани, и дајте веќе обратете се на вистинското место за да ги добиете!

Ај малку да бидам "devil's

Ај малку да бидам "devil's advocate"... :)

Зошто да запреме само на „дојденците“? Скопје „страда“ и од прекумерна населеност на ЛГБТ граѓани, пензионери, социјалци, маргиналци, моторџии, сеирџии, музички и естрадни „ѕвезди“, активисти за граѓански права... Па ова крај нема на „неподобни луѓе“ за Скопје кои го реметат мирот на „автохтоните и антички“ Скопјани. хахахахаха

нло-а, проговорете. насилно

нло-а, проговорете. насилно создавање еднаквост, ја руши слободата, според кант, како и принципот да се водиме од универзални акции, кои всушност се дискриминаторски за одреден сет на групи и поединци. детоквил патува на возраст 30, да ја анализира државата и судскиот систем на америка, мегаломанската држава што фунционира на основата пишувана во џеферсоновата декларација за еднаквост и другите будалаштии, вели: "овие плукаат", но, неговото аристократско држење измешано со луцидното пишување во 'демократијата во aмерика', тоа ќе го интерпрет-толкува како производ на новиот вирус, демократијата, како извод на поединци од паланката кои ги гуши паланката, како средина во која не може да се развие демократија, во која владее философијата на паланката; но тоа денес се потврди дека не е точно, имено, владата одлучи да не го негира постоењето на нло-а и поради тоа инсталира универзитети на сите наплатни рампи, пунктови за ментален разлад при измачување со книги (пикање на мозокот во вода 10 минути); кај нив се разви идејата дека има нешто што лета над нашите глави што е чудно и недемократско, на што не треба да се мисли, туку да се отспие без при тоа да се разговара, но ако демократијата постои и кај нло-ата, тогаш ред е прво нив да им се дае реч. граѓа е кратко од граѓанин, за изигрување гавран што ќе вика гра-гра, но ќе мисли на градба град, никако прованс, далечно од праз кој го има и во парис. у ред е да се плука, тоа ми беше муабетот.

Nekako imam vpecatok deka

Nekako imam vpecatok deka nekoi komentatori malku ja poznavaat "vnatresnosta." Cel zivot go pominale vo "nadvoresnosta" a komentiraat za "vantresnosta."
Vie stvarno mislite deka na 100km od Skopje vladee "druga kultura, drugi obicai, drug narod?"
Dali ke recete, rukite, racite ili racete,ne ve pravi podobro do drugite. Isti govan ste.
"Shaka jada i beda!"

СЕЉАНШТАААНА, У П.матер да ти

СЕЉАНШТАААНА, У П.матер да ти се слоши..

Се тоа е (слабо) прикриен

Се тоа е (слабо) прикриен расизам: „јас сум подобар од тебе и заслужувам да добијам повеќе од тебе“.

Или „ми ја матиш водата“.

Статијава промовира

Статијава промовира прикриен/индиректен говор на омраза и ксенофобија кон „дојденците“.

ОкоБоли главаВицФото