1014 hPa
73 %
21 °C
Скопје - Чет, 10.09.2026 03:10

Премиерот на Хрватска, Зоран Милановиќ, на прозивката дека не присуствувал на мисата за Татковината на Денот на државноста, одговори дека на миси оди само на Божиќ - бидејќи тоа го смета за „цивилизирано“.
„Лично одев на миси, и ќе одам додека сум премиер, на католичкиот и православниот Божиќ, бидејќи тоа го сметам за цивилизирано и поради чувството на блискост со граѓаните. Верата е приватна работа. Мисите се за верниците, а јас не сум верник“, изјави Милановиќ.
Потсетуваме, во понеделникот, на 25 јуни, загрепскиот кардинал Јосип Бозаниќ ја предводеше традиционалната миса за Татковината во црквата Св. Марко која се наоѓа во загрепски Горен град, по повод денот на државноста. Милановиќ не се појави на овој настан, по што одредени хрватски портали јавија дека постои незадоволство меѓу дел од свештенството поради таквиот чин.
На мисата присуствуваше само хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ.
Извор: Index.hr.