Лица од сенки

29.06.2012 09:56
Лица од оригами и сенки

На прв поглед ќе си помислите дека гледате во куп обоени листови хартија кои се внимателно наредени на бел ѕид, но ако се доближите ќе забележите човечки лица.

Станува збор за проект на уметницата Куми Јамашита, која беше најмена од компанијата American Express да создаде уникатно дело за холот во нивното њујоршко претставништво.

Таа ги покани вработените во ова претставништво да бидат дел од нејзината инсталација со тоа што ќе испратат свои фотографии со нивниот профил. Бидејќи просторот дозволува само 22 листови, Куми направи избор од лицата на 22 вработени. Потоа таа ги создаде овие оригами кои кога ќе се најдат под одреден агол на светлината создаваат човечки лица од сенки, и тоа лицата на вработените во њујоршкото претставништво на American Express.

Извор: mymodernmet.com

ОкоБоли главаВицФото