1025 hPa
87 %
10 °C
Скопје - Сре, 16.10.2024 07:59
ЕГИПЕТ
- Како да се развесели фараон којшто се досадува?
- Во брод кој плови по Нил треба да се стават девојки облечени во рибарски мрежи и да се прати фараонот на рибарење!
Што е тука духовито?
Можеби шегава денес и не е толку смешна, но стручњаците нагласуваат дека ова е еден од најстарите вицови на светот.
ГЕРМАНИЈА
- Како „трабант“ да се претвори во спортски автомобил?
- Да се стават во него патики.
Што е тука духовито?
„Трабант“ во некогашна Источна Германија бил најпродавана кола, но мошне неугледна, со слаб мотор и делови направени главно од пластика.
КЕНИЈА
„Знаете што, вашето семејство е толку глупаво што верува дека ако на кокошките им даде топла вода, тие ќе носат варени јајца.“
Што е тука духовито?
Шегава се прераскажува на „шенг“, сленг настанат во Најроби, посебен говор создаден од мноштвото јазици со кои се зборува во главниот град на Кенија.
БУГАРИЈА
Жител на Габрово се обидува дома нешто да поправи. Го праќа синот по комшии, да позајми клешти. Детето се враќа со празни раце и на тато му вели дека чичко Христо рекол дека нема клешти.
„Срам да му е, циција низаедна! Оди, сине, до подрумот, и донеси ги нашите клешти!“
Што е тука духовито?
Габрово е место во Бугарија чиишто жители се фалат дека нивниот град е меѓународен центар на шегите и смеата.
ЛИБАН
Таткото: „Сине мој, арак е најголем непријател на човекот!“
Синот: „Но, тато, ти секогаш нагласуваш дека непријателите треба да се сакаат!“
Таткото: „Тоа е точно, сине, но никогаш не сум ти рекол да го голтнеш својот непријател!“
Што е тука духовито?
Арак е пијалак со големо количество алкохол. Со многу арак во себе, вицов изгледа урнебесно.
УРУГВАЈ
Една девојка прашува млад Аргентинец да ѝ позајми молив. Тој претура по џебовите на кошулата, потоа низ панталоните и додека тоа го прави полека симнува дел по дел од облеката. „Извини“, ѝ вели кога останал речиси гол, „немам молив, но зарем не мислиш дека сум лудачки згоден?“
Што е тука духовито?
Помеѓу Јужноамериканците, Аргентинците се сметаат за исклучително вообразени и самољубиви мажи. На нивна сметка најмногу сакаат да прават шеги Уругвајците, нивните соседи.
КИНА
Еден шахист, убеден дека е одличен играч, во една пригода по ред загубил три партии. Следниот ден пријателот го прашува како поминал на турнирот. „Првата партија не ја добив“, одговара шахистот. „Мојот противник не ја загуби втората партија, а кога предложив реми во третата тој не го прифати.“
Што е тука духовито?
Во Кина главно се избегнуваат политичките шеги и сè главно се сведува на вицови што се занимаваат со човечката суета.
СРБИЈА
„Мамо, денес не ми се оди на школо!“
„Зошто, сине?“, загрижена е мама.
„Таму не ме сакаат ни децата, ни професорите, ни теткиците...“
„Но, сине“, решителна е мама, “мораш да одиш во училиште, па ти си директор!“
Што е тука духовито?
Овој виц од Србија одлично ја опишува и македонската „преродба“, во која дваесетгодишници станаа министри и директори. Можеби и нашиот премиер, во моменти на очај, вака ѝ се обраќа на својата славна мајка Надежда?! Во секој случај, вицот зборува за доцното осамостојување во нашиве краишта.
ШРИ ЛАНКА
Наставничката на учениците им рекла да напишат писмен состав на темата крикет. Сите почнале да пишуваат освен малиот Удуравана. Тој напишал: „Поради силен дожд, натпреварот е откажан“.
Што е тука духовито?
Во оваа земја, слично како на Балканот, чести се вицовите врзани за училиштето и за нивниот малечок Перица.
АВСТРАЛИЈА
- Зошто Австралијците мочаат по грмушки?
- Затоа што тоалетот секогаш е зафатен бидејќи во него некој изведува риголето.
Што е тука духовито?
Иако наизглед навредлив, вицов е вообичаен, бидејќи самите Австралијци често прават шеги на сметка на пијанството и навиката потоа да „chunder“ (повраќаат).
БУРМА (МЈАНМАР)
Жител на Бурма отишол на забар во Индија. Стоматологот го прашува: „Зарем вие немате забари во Бурма?“ „Имаме“, спремно одговара човекот, „но не ни е дозволено да ја отвораме устата!“
Што е тука духовито?
Сè до 2011 година во оваа земја на власт беше воената хунта, а слободата на говорот била задушувана. Така, на пример, Зарганар, комичар од Бурма, три години поминал во затвор бидејќи кажувал вицови налик на наведениот.
МАКЕДОНИЈА
(бонус виц)
Работник оди кај директорот:
- Директоре, ќе ми ја покачите ли платата, три големи фирми се интересираат за мене.
- Кои се тие три големи фирми? - зачудено прашува директорот.
- Топлификација, Електростопанство и Телеком.
Што е тука духовито?
Сиромаштијата на Македонецот не е смешна, но е непресушен извор на сјајни вицови.
Извор: Политикин забавник
ВИЦ НА ОКНО: Деновиве во
Испратено на 02 јули 2012 од ВицВИЦ НА ОКНО:
Деновиве во Грција беше објавен конкурс на тема „Како наједноставно да се уништи БЈРМ“?
Победи проектот со наслов „Оставете го Груевски уште некое време на власт“.
ШТО Е ОВДЕ ДУХОВИТО:
Вицот сепак има поента.
Грците сметаат дека е „лошо за Македонија“ да остане ВМРО на власт.
Сметаат дека „добро за Македонија“ е СДСМ да ја добијат власта и да го променат името според наци-грчки рецепт.
Бре, бре што сме духовити,
Испратено на 02 јули 2012 од (Skopje)Бре, бре што сме духовити, како од (Скопје) да сме.
Humor ostana edna od retkite
Испратено на 02 јули 2012 од anonHumor ostana edna od retkite stvari po koi seushte moze da se razlikuvaat avtohtonite skopjani od gostite od provincija.
A Branko na kOlku godini ja
Испратено на 09 јули 2012 од ShturoA Branko na kOlku godini ja zapochna visokofunkcionerskata politichka kariera? Da ne beshe sredovechen tinejdjer, tukushto izlezen od pubertet!