Лични политики

02.07.2012 12:44
Лични политики

Феноменот „Кооперација“ продолжува со трескавично темпо! За неполни три месеци (првата изложба, „800 револуции во минута“ се случи на 11.04.12.) одржани се вкупно четири одлични групни изложби, од кои секоја следна беше со повеќе учесници (втората изложба, „ЕПП“, се случи на 18.05.12., а третата, „Стратегии на сеќавањето“ се одржа на 10.06.12).

Најновата изложба на Кооперација под наслов „Лични политики“ се одржа во саботата, 30.06.12., во еден локал на булеварот „Осми септември“ (и претходните две изложби се случуваа во неформални галериски простори).

На изложбата учествуваа петнасетина уметници од Македонија и прв пат гости од странство: Инес Ефремова, Снежана Алтипармак, Дијана Богдановска, Немања Цвијановиќ, Марчело Брајновиќ, Борис Шемов, Симон Узуновски, Велимир Жерновски, ОПА, Ѓорѓе Јовановиќ, Филип Јовановски, Игор Тошевски, Никола Узуновски, Владимир Јанчевски, Харалд Шенкер.

Локација: Бул. 8 Септември, бр. 4 (локал на приземје)

Изложбата ќе трае до 03.07.12. (вторник), од 18 до 21 часот.

Во продолжение ви ги претставуваме делата од изложбата „Лични политики“.

Извор: kooperacija.wordpress.com

Стварно импресионираат

Стварно импресионираат агилноста и згуснатоста: за само два и пол месеци направени се три сериозни изложби со над триесет дела на дваесетина уметници. Некои од тие дела се меѓу позначајните кај нас последниве години. (Вистина, има и само штоскасти дела, дела-досетки, без некакво покомплексно промислување на темите.)

Темите на изложбите исто така беа провокативни и актуелни: 800 револуции во минута (првата изложба беше направена во дуќан за перење алишта; зборот револуција иронично се користи во својата етимологија: вртеж, циклус), Стратегии на сеќавањето (изложба направена во станот на Небојша Вилиќ) и Лични политики.

Како своевиден ликовен колумнизам, испаѓа, ваквата брзина на реагирањето и ваквата ефикасност во организирањето изложби надвор од официјалните галериски простори.

Браво за Кооперација, во секој случај! Една од најинтересните културни иницијативи, кај нас, изминативе децении! Да им посакаме одржливост и издржливост! (па и ако не се задржи досегашниото темпо)

Окно изминативе три пол

Окно изминативе три пол години доживувало секакви напади од јуришниците на единствената дозволена вистина во земјава. Коментаторите харале по Окно на највалкани можни начини. Но, освен збеснатите кучиња на режимот Окно повремено е под удар и на разни други психопати. Еден од нив ординира под текстов за изложбата на Кооперација. Денес му избришавме три коментари потпишани со „Kolja“. Ефикасен лек против таквите интернет манијаци не постои, освен ако човек не се реши да побара помош од полиција. Друга опција е бришење на можноста за коментирање. Ако работите отидат предалеку нема многу да му се мислиме да ја употребиме и таа опција.

Со почит, главниот уредник на Окно,

Никола Гелевски

Многу ти благодарам што сам

Многу ти благодарам што сам ни покажа колку навистина веруваш во онаа флоскула „слобода на говор“ што толку често ја спомнуваш. Успеа во еден пасус да покажеш дека веруваш во слободното изразување, но се' додека искажаните ставови не се разликуваат од твоите. Тоа е таа стара добра квазикомунистичка (комуњарска) школа!

Што не скинеш тоа опцијата за коментирање? Или направи ја како кај Геро - стави една дупла Мирка Симоновска да клика 'објави' на „добрите коментари“ или 'избриши' на „лошите коментари“.

Ефикасен лек против интернет серачите на пропаганда како тебе постои. Се вика „слобода на изразување“.

Не се работи за слобода на

Не се работи за слобода на говор. Се работи за лажно претставување и манипулација и навредување. Стотици луѓе во оваа земја изминативе неколку години беа казнети од груевистичките судови за клевети и навреди. Зашто таму не се борите за „слобода на говорот“?! Не е слобода да лажеш, понижуваш, манипулираш, злоставуваш! Да објавуваш потерници по луѓе! Да ги плашиш и да ги казнуваш за слободно изречен збор или за јавно собирање! Целиот груевизам е претворен во најмонструозна пропаганда! Само лажење и дискредитирање на сите што мислат поинаку.
Инаку,океј, ви го разбирам аргументот: велите, не, Хитлер не лаже, Хитлер ја зборува вистината. Пет минути за Хитлер, пет минути за Евреите итн. Океј, велам. Но, сите медиуми ионака се ваши! Сите велат дека една е вистината! Оние ретките, кога ќе се осмелат да ја прикажат и другата страна (на вистината), веднаш мораат да му ги истаксираат и петте минути на „Хитлер“ (оти Димовски ги научил што е „објективно информирање“).
На крај, нема да ве бришеме (освен во екстремни ситуации, поради кои би ни се заканувал затвор за навреда/клевета, ширење омраза итн.) од една единствена историска, хроничарска причина: сакаме и на Окно да ги сочуваме свинштините на груевизмот како доказ за едно сосема лудо и извртено време во кое најголемите клапуши ја имаа најголемата моќ.

Убаво велиш, овде не се

Убаво велиш, овде не се работи за слобода на говорот затоа што ја нема - ти ги бришеш коментарите кои не ти се допаѓаат. Тоа е факт и ти сам го признаваш тоа, нема потреба да се расправаме. Сакав да спомнам две работи.
1. За клеветата: во сите земји кои ги сметаме за „развиени демократии“ постои сличен закон - клеветата е казнива, а нејзината „декриминализација“ е всушност само намалување на казната на некоја мала сума, но со разумна причина - да се избегне намерно ширење лаги и шпекулации заради пропаганда. Прочитај малку повеќе пред да се истрчаш наредниот пат.

2. Никој овде не те клевети тебе, Никола. Никој од штабот на ВМРО не седнал за да се заебава овде со тебе. Дошло некое дете, напраило финта за да прати коментар потпишан како „kolja“ , и се изнасмеало кога видело дека си загризал како клен и си почнал да халуцинираш за Димовски :)

Поздрав!
0.mk/b26ce

Скинете ја слободата на говор

Скинете ја слободата на говор кога не ја зборуваат вашата вистина!

Стварно еј, и ја имам

Стварно еј, и ја имам забележано една будала што се потпишува „kolja“ на сајтов. Какви глупости треска... сигурно му плаќаат од некој штаб или некоја партиска, ем невладина, организација за тие говнарии.

Се оградувам од се' што е

Се оградувам од се' што е напишано погоре под мое име.
Изложбава ме потсети на лицето на Бранко Црвенковски - едно големо мрсно место полно со бубуљици.

Сега сум смирен. Ја чув

Сега сум смирен.
Ја чув песнава и ... не мора да ги пијам апченцата
0.mk/331ed

Б.Ц. љубов моја...

Па не знам баш, во директните

Па не знам баш, во директните дуели меѓу кучињата на режимот и џукелите на опозицијата на Окно, вторите се далеку погласни и побезобразни од првите. Прво ќе го испцујат и изнавреѓаат противникот, а за темата речиси воопшто и нема да прозборат.

Како второ, значи Окно најавува дека ќе се врати на политиката на бивша А1 и изданијата на Героски на бришење на коментари што не му се допаѓаат на уредникот. А бидејќи и селекцијата на текстови е едноумна, се враќаме на дупло едноумие, што не би било проблем ако сајтот е затворен, for members only, меѓутоа е активно присутен на интернет, на агрегаторите за вести и (да го пофалам) на високо место на Google.

И тоа не би било проблем кога не би се пласирале блатантни лаги под превез на мислења и ставови.

Како последица на ова, не верувам дека некој што не се согласува со ставовите на опозицијата ќе седи мирен пред неможноста да одговори во името на вистината, на овој или оној начин.

Цензурата никогаш не решила ништо.

Преродбенички

Преродбенички буљаши:коментирајте за изложбата, не за вашите пастиро-дудлачки фрустрации.
Фала.

Кога ти ќе престанеш да му го

Кога ти ќе престанеш да му го дудлаш на Папата. Само тешко тоа, сега и блгарски ташак ќе ти подметне.
Молим.

Љубам куре бранково.

Љубам куре бранково.

ОкоБоли главаВицФото