Уживавме во играта на Шпанија

02.07.2012 15:21
Ја гледавме најдобрата репрезентација на сите времиња – и уживавме

Ако сакате фудбал, тогаш вчерашната ноќ беше посебна. Без оглед на тоа за кого навивате, кој стил го претпочитате или кој бил вашиот фаворит. Шпанија направи нешто што никој никогаш досега не го направил, ги освои титулите на трите големи натпреварувања и се претвори во една од најважните и најдобрите генерации кои некогаш ја играле оваа игра на нашта планета.

Пред четири години во Австрија и Швајцарија, Шпанија ја разби сопствената негативна традиција и престана да биде губитник. Го прифати тики-така, составот кој им го подари Барселона и со него загосподари со Европа на чудесен начин. Таа 2008 г. и доколку не сте ги сакале премногу, морате да им симнете капа бидејќи конечно направија чекор напред и таа ноќ во Виена доминираа против Германија, го материјализираа сето она што го направија до тоа лето и го освоија трофејот.

Луис Арагонес стави свој потпис, влезе во историјата на Шпанија и на фудбалот, а потоа ги остави Црвената фурија и Винсенте дел Боске. Неговата Шпанија ги имаше истите контури како и на Арагонес, но и соперниците почнаа да сфаќаат кој е начинот да ја спречат. Првиот вистински кикс дојде со Јужна Африка, на купот на конфедерациите, но кога на ред дојде вистинското нешто, Чави, Иниеста, Касилјас, Рамос и останатите го одработија тоа што требаше да го одработат. Ги раздрма Швајцарија, но тоа само им беше опомена, а на крајот прегазија сè што мораа и ја прославија својата прва титула на светски првак.

Во Полска и Украина тргнаа како главните фаворити, но и како омразените момчиња ккои секој сакаше да ги види на коленици. Така е тоа во спортот, кога ви оди добро, кога сте победници, повеќе не ве сака никој и сите сакаат да го видат вашиот пад. Им се бараше и најмалата мана, најмалиот недостаток... Па така – боже мили – беа прогласени за здодевни, бидејќи нивните противници само научија да се бранат.

Чезаре Прандели речиси да го прогласија за велемајстор затоа што најде начин да ја неутрализира тики-таката и да си дозволи реми вредно еден бод во групата. Слично беше и со Славен Билиќ и Пауло Бенто, кои знаеја како да ја спречат Шпанија, ама не најдоа решение на најважното прашање – како да ја победат? Без оглед на фактот дека Шпанија прими само еден гол, дека апсолутно преовладуваше во сите натпревари, критичарите ги наострија перата и ги проглсија за здодевни, неинтересни и победливи.

Проблемот е само во тоа што никој не даде одговор на прашањето кое веќе го споменавме – како да ги победат? Меѓутоа, се чини дека откривме одговор на прашањето како да ги налутиме – со приказната за нивната залудност – но и како да ја наравиме тика-таката повторно ефикасна и интересна. Прандели во финалето се реши на храбар потег, се обиде да ја надигра Шпанија. За првпат Шпанија не доминираше во поседот на топката, немаше тројно повеќе додавања. За првпат во последниве шест години (во значајните натпревари) некој излезе на теренот не со намера да ги спречи Шпанците како приоритет, туку да ги надигра и да ги победи.

Your browser is not able to display this multimedia content.

Исходот е лесни 4:0 за најдобрите момци кои некогаш чекореле по европскиот континент.

И затоа извадете го вашето најдобро виски, вино, пиво – или што и да пиете веќе, и уживајте. Ако го сакате фудбалот, време е да го прославите фактот дека сведочите за времето во кое игра оваа Шпанија, време во кое за десет или за дваесет години ќе раскажуваме како за чудесно, како за старите добри времиња. Време на великаните и несопирливите момчиња.

Извор: tportal.hr

ОкоБоли главаВицФото