Напрегнатиот живот на Салман Ружди и Имплементација на неговата казна

03.07.2012 10:34
Напрегнатиот живот на Салман Ружди и Имплементација на неговата казна

Како што пренесува The Guardian на Интернационалната изложба на компјутерски игри (International Computer Games Expo) која се одржува во Техеран оваа година ќе биде промовирана една необична играта која носи наслов: Напрегнатиот живот на Салман Ружди и Имплементација на неговата казна.

Се чини дека и после 23 години од смртта фатвата на Хомеини изречена поради книгата „Сатански стихови“ сѐ уште го прогонува славниот писател. Идејата за играта дошла на еден студентски натпревар финансиран од владата на Иран пред три години со цел на помладите генерации да им се пренесе пораката за „гревот“ на писателот. Сепак, за играта се знае многу малку т.е. само тоа дека играчите ќе бидат на мисија да одговорат на повикот на Хомеини за главата на Ружди. „ Чувствувавме дека треба да изнајдеме начин да ја запознаеме третата и четвртата генерација со фатвата против Салман Ружди и нејзиното огромно значење“, вели Мухамед Таки Факхриан.

Пред три години студентската асоцијација и Иранскиот национален фонд за компјутерски игри ги повика студентите од цела земја да испратат сценарија за играта, а најдобрите три беа избрани и предадени на авторите на играта. Но сепак, развивањето на играта беше одложено поради технички проблеми.

Иранските власти во изминативе години се жалат дека нивните „непријатели“ водат културна војна против нив користејќи илегални сателитски канали, западни романи, Холивудски филмови и компјутерски игри. Играта за Ружди е само една од низата ирански „поучни“ игри кои следат или веќе се издадени.

I don't wanna live on this

I don't wanna live on this planet anymore... -_-

ОкоБоли главаВицФото