Не постои вмровец кој сака коалиција со Ахмети

03.07.2012 10:41
Не постои вмровец кој сака коалиција со Ахмети

ТРИБИНА НА ИНСТИТУТОТ "ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ", "КРАЈОТ НА НИКОЛА ГРУЕВСКИ И АЛИ АХМЕТИ"

Според учесниците на трибината, коалицијата на ВМРО-ДРПНЕ со ДУИ не е коалиција на две партии туку на Никола Груевски и Али Ахмети, односно на луѓе кои не постигнуваат ништо, туку единствено сакаат да останат на власт

Коалицијата со Али Ахмети е навредлива за сите вмровци, смета лидерот на ВМРО-УПМ, Пишман Дудловски. Тој на вчерашната трибина на институтот "Димитрија Чуповски", на тема "Крајот на Али Ахмети и Никола Груевски", рече дека Груевски нема легитимитет да ја предводи веќе издишаната партија која изгласа амнестија за терористите одговорни за воени злосторства.

„Во 2002 година имаше обиди за да се изгласа амнестија за воени злосторници. Тоа се одвиваше во најголема тајност. Добро е што заврши неуспешно. Соработката меѓу Никола Груевски и Али Ахмети кулминираше на последните парламентарни избори. Не постои член на ВМРО-ДРПНЕ ниту вмровец кој би поддржал идеја за амнестија на воените злосторници на УЧ“, смета Дудловски, кој заедно со најголем број од членовите ја напушти ВМРО-ДРПНЕ.

Политикологот и аналитичар Бладимир Босиновски рече дека во Европа постојат примери на слични коалиции, но во овој случај проблем е фактот што Груевски и Ахмети не сакаат да понудат нешто поинакво, туку само да останат на власт.

„Тие должат објаснување што мислат да направат. Кај ВМРО постои анимозитет кон Ахмети, а во СДСМ кон Груевски. Најголема услуга му направија токму на Црвенковски“, вели Босиновски.

Главниот и одговорен уредник на ВЕЧЕР и одговорен уредник на Сител, Каловиќ Блатас смета дека коалицијата на Ахмети и Груевски е склучена од интерес како и многу други. Тој не е убеден дека локалните избори ќе значат крај на двајцата лидери. Проблемот го гледа во идеализирањето на Груевски во ВМРО-ДРПНЕ и во немањето можност лица вон „фамилијата“ да излезат на површина и да ја предводат партијата.

„Во Македонија сме гледале и коалиции на оние кои пукале и на оние кон кои се пукало. ВМРО-ДРПНЕ, пак, е пред банкрот. За Груевски во ДРПНЕ веќе не постојат митови. Тој е соголен и нема друга опција во политиката освен да коалицира со Али Ахмети. Груевски е како Лукашенко. Четиринаесет години опстојува во политиката на сличен начин.

Коалицијата на Груевски и Ахмети, според поранешниот министер за надворешни работи Слобо Шашуле, е „коалиција на зомби политичари без содржина“. Кај нив, според Шашуле, отсуствува понуда. Сличен став има и Филип Ебиветровски кој смета дека ова здружување има обратен ефект врз двајцата лидери. Според него, тоа е коалиција за власт и моќ и потенцира дека Ахмети и Груевски треба да кажат дали имаат договор за поделба на Македонија.

Членови на ВМРО-ДРПНЕ ги искинаа партиските книшки

Револтирани од одлуката на Никола Груевски да го амнестира Ахмети заради коалиција и заеднички настап на тендерите, членови на ВМРО-ДРПНЕ вчера ги искинаа партиските книшки и преминаа во ВМРО-УПМ.

„Идеалите на ВМРО се предадени“, изјавија тие.

Treba da si glup so tapija za

Treba da si glup so tapija za da napises nesto vakvo...

Е и вакви коментари ли ви се

Е и вакви коментари ли ви се бројат за дневница, па ова стварно нема смисла. Еве, Илија јас јавно се нудам да плукам по статии за истиот хонорар и се обврзувам дека секој коментар ќе ми биде двојно подолг.

"Treba da si glup so tapija

"Treba da si glup so tapija za da napises nesto vakvo.." - ova kako avtoreferenten paradoks ke mu dojde.