1022 hPa
100 %
5 °C
Скопје - Чет, 05.12.2024 09:59
„Црвенковски нека се подготви за дуел со историјата, не со мене“ е фамозната реченица што Никола Груевски ја изрече минатата недела во телевизиско интервју. Таа реченица открива многу работи. На пример, го разголува она што и онака секојдневно го живееме: премиерот не е само дневен арбитар на сите процеси во земјава, туку е оној што ни ја одредува историјата, и одминатата и онаа што доаѓа (барем Груевски е убеден во тоа). Се разбира, таа ситуација не е нормална, зборува дека си имаме работа со авторитарен мегаломан со сосема изместени коти на реалноста – но за таквите предупредувања веќе никој во земјава не се секира. Хипертрофираните пропаганди ги потрошија крупните зборови и го анестезираа народот. Никој ништо не верува. Алармните светла одамна се испокршени на начинот што траорно ни го соопшти уште Блаже Конески: „бабуњосани глави кршат“ (а во главите се алармните светла, затоа и ги кршат главите).
И покрај бабуњосаните глави, велам, фабулозен е начинот на кој пастирот се иззема од историјата арбитрирајќи за историјата. Велам „фамозен“ и „фабулозен“, да речеме, од еуфемистички причини; заправо, патолошки е начинот на кој пастирот истовремено е и нашата единствена сегашност и нашата историја што суди. „Патолошки“ е најпрецизниот збор за ваквите историски ситуации кога најголемите клапуши се добрале до најголемата власт. Ниче велеше дека најзанимливите и најлудите историски епохи се оние во кои комедијантите од сите видови станале вистински господари. Ние во Македонија живееме во една таква фарса од епоха.
Почетната реченица на текстов покажува дека Никола Груевски патолошки е опседнат со историјата. Уништувањето на централното градско подрачје на Скопје со стотици ужасни споменици (ужасни зашто се во злокобна политичка функција) е само еден од симптомите на таа владетелска патологија (инсистирам на патологијата на владеењето, нешто пред што мораме да бидеме одговорни, а не на личната здравствена карта на премиерот; иако тие работи најчесто се испреплетени, имено, личните и општествените патологии, болестите на водачот во кои упаѓа целокупното негово поданичко опкружување, а понекогаш и народот). Никола Груевски, значи, не само што ни кажува од какви точно состојки е направен македонскиот идентитет (пастирот како чувар на тајната на составот на Кока Кола), туку тој ни ја проценува и релативно новата историја (од независноста навака), а богами постојано дава изјави и за историјата што допрва нè чека (и која тој ја одредува, се разбира). Притоа нема никакво знаење, никаква суптилност, никаква дебата. Само неговото убедување, т.е. голата сила и најпримитивната пропаганда. (Сетете се дека и во говорот при отворањето на Триумфалната капија Груевски со гадење зборуваше за некакви гнаси кои од политички причини сакаат да го засенат неговиот благороден културен проект... Човекот што партизира и политизира сè во земјава одеднаш се претвора во демијург, а потоа го критикува „политизирањето“ на чистото создавање!)
Груевизмот ни го прави истото она што на најдраматичен можен начин не дозволува Грците да ни го прават: нè именува по свој кеиф (и веднаш потоа пак нè тера да бидеме безимени потставајќи ни анонимни споменици за кои не се знае ни што претставуваат ни кој ги поставил), ни менува имиња на улици, ни ја менува целокупната иконографија во која живееме, нè тера да бидеме пасивни поданици итн. Без притоа да нè праша за која било работа. А не нè прашува зашто пастирот е нашето биолошко тело. Тој е нашиот говор и нашата мисла.
Фамозната реченица од почетокот многу потсетува на речиси истоветната реченица на еден лик кој има многу сличности со Груевски. „На дневниот ред не е дискусијата, на дневниот ред е историјата“, им рече Слободан Милошевиќ во 1988 година, пред политички да им ги скине главите, на раководителите на автономната покраина Војводина, кои исплашено предлагаа состанок и разговор, гледајќи дека работите не одат на арно.
Теоретичарот на културата Иван Чоловиќ има интересна теорија, многу применлива и во македонскиот случај. Чоловиќ вели дека Слободан Милошевиќ ги создаде таканаречените имагинарни Срби. Вистина, ги создаде од елементи кои други (националистичката интелигенција, пред сè) во тие години веќе ги беа собрале, но кои го чекаа Милошевиќ да ги склопи елементите. Да ги плукне-залепи и да ги изведе на улица. Тие се „случија“ благодарение на Милошевиќ. Но, покрај тоа, вели Чоловиќ, Милошевиќ и самиот себе се вообличи како отелотворение, модел за имагинарниот Србин. „Народот“ се беше случил преку него и во него.
На сличен начин и груевизмот ги создаде имагинарните Македонци, љубителите на панаѓурски барок ем антика. Ги создаде од фрлените делови, од некогашното „Македонче“, од фрустрациите, бедата и комплексот на пониска вредност. Социологот Пјер Бурдие со својата „алхемија на претставувањето“ на интересен начин го објаснува овој феномен на создавање имагинарни припадници. „Мистеријата на перформативната магија така се огледува во мистеријата на министрантот, то ест во алхемијата на претставувањето (во разните значења на тој термин) со помош на која претставникот ја сочинува групата којашто го направила претставник... Тој персонифицира фиктивна личност, којашто ја создава оттргнувајќи ги поединците од ситуации во кои тие се само проста група и им овозможува да се однесуваат и зборуваат ’како еден човек’. За возврат, тој добива право да зборува и дејствува во името на групата, како самиот тој да е групата што ја отелотворува, па тој се идентификува со својата функција на која ѝ е посветен ’со телото и со душата’, давајќи му така биолошко тело на создаденото општествено тело. Status est magistratus, државата тоа сум јас.“
Истото нам ни го вели Груевски, но проширено: „Јас не сум само вашата држава, јас сум и вашата историја. Јас сум биолошкото тело на Македонија“. Се разбира дека таквата ситуација не е нормална. Американскиот поет Чарлс Кенет Вилиамс го создаде терминот „симболички народ“. Тоа личи на „имагинарниот народ“ на Бурдие и Чоловиќ. Терминот го подразбира симболичниот идентитет на еден колектив виден однадвор. Вилиамс го дефинира статусот на симболичниот идентитет како поим спротивен од нормалноста: „Да се биде нормален значи да не се чувствуваш набљудуван. Би можеле да додадеме, нормалното е неврзаноста за симболичниот идентитет“.
Нашиот груевизам е нешто како хистереза – задоцнување. Во физиката под еластична хистереза се подразбира појава во која еластичните тела, по престанокот на дејствување на силата којашто го изменила нивниот облик, не се враќаат веднаш во првобитната состојба туку дури после некое време; магнетна хистереза е појава во којашто магнетизмот на едно железно тело не зависи само од моментната магнетна сила, туку и од магнетната сила којашто пред тоа дејствувала врз него така што телото задржало нешто и од претходниот магнетизам.
Можно е груевизмот да е хистереза на комунизмот. Но, амбициите на груевизмот да ја менува и контролира историјата за своите дневни потреби ќе завршат на уште погротескен начин од комунизмот, зашто некогашната трагедија денес добива одлики на фарса. Да потсетиме, комунистите ги држеа сите конци во земјата, од економијата до образованието, културата и историјата. Секој детаљ беше дел од големата слика. Огромни ресурси беа впрегнати да се одржува зададената констелација. Речиси целото општество ѝ служеше на сликата. И сликата се распадна. А мршојадците кои денес најмногу ги развлекуваат закопаните коски на комунизмот токму се новите болшевици на груевизмот, новите сопственици на интегралната македонска слика (барем се занесуваат дека се тоа).
Можеби и со хистереза може да се објасни она што го гледаме јасно како во цртан филм: груевизмот трчаше и трчаше и трчаше и одеднаш се најде во провалијата. И таму сè уште се обидува да трча, претајќи со нозете, во воздух.
Колажи: Свирачиња
Како само се осмелил бе така
Испратено на 03 јули 2012 од МиркоКако само се осмелил бе така да зборува?!
Да се соочел со историјата... стварно треба да му е срам, каква е оваа држава бе во која смее некој така да зборува за Црвенковски?!
ДИКТАТУРА!!!
Мирко, проблемот е што
Испратено на 03 јули 2012 од ОкнашМирко, проблемот е што Груевски себеси се иззема од историјата. Инаку, историјата (ќе) му суди на Бранко и на Грујо и на сите нас, оти сме смртни и оти сме краткотрајни и оти правиме и добри и лоши дела.
Да потсетиме: Груевски кон крајот на годината ќе направи шест и пол години на премиерската функција, исто колку што владееше Црвенковски од 92 до 98 (а што денес очигледно е голема тема). Значи, историјата богами ќе треба да се позанимава и со Груевски, зарем не?! Што направи Груевски за овие шест и пол години, а што направи Црвенковски? Какви им беа почетните позиции, колку пари потрошиле итн.
Според мене, Груевски е нешто најлошо што им се случило на Македонците последниве 70 години, но неговото доаѓање беше очекувано. Очекуван ќе му биде и невеселиот крај, сличен на крајот на Милошевиќ и Тужман и на сличен начин „историјата“ ќе се занимава со Груевски како се изрод од главните токови на македонската државност.
Мислам дека го имаш сфатено
Испратено на 03 јули 2012 од МиркоМислам дека го имаш сфатено погрешно, сакал да каже дека Црвенковски е време да се соочи со историјата и да замине во пензија, па да им остави простор на новите, младите. Можеби ќе се најде некој што вистински верува во левите идеали и, за разлика од него, не ги злоупотребува.
И онака добива пензија, претседателска.
А веројатно имаш заборавено на фактот дека Црвенковски ОТВОРЕНО го поддржуваше режимот на Милошевиќ, па малку е чудно да го споредуваш Груевски со човек кому Црвенковски силно му се восхитува(л).
А кога тоа извини Црвенковски
Испратено на 03 јули 2012 од (Skopje)А кога тоа извини Црвенковски отворено го поддржувал режимот на Милошевиќ, има ли некоја изјава во архивите на МТВ за тоа. Јас единствено знам дека коалициониот партнер на Груевски заедно со докторот на науки вчера присутен на трибината на Чуповски, беа последните политичари што отидоа на „баци-рака“ кај Слобо, во време на бомбардирањето. И кажи дали новите и младите се од калиброт на Панде Лазаров и на Чашуле.
Дудлај Коља дудлај.. :)
Испратено на 04 јули 2012 од СелoтејпотДудлај Коља дудлај.. :)
Во ДПМНЕ секогаш имало многу
Испратено на 03 јули 2012 од Геополитички стратегВо ДПМНЕ секогаш имало многу повеќе обожаватели на Милошевиќ, пред се’ заради заедничката албанофобија. СДСМ и Глигоров не можеа да бидат блиски со Милошевиќ зашто Милошевиќ ја презираше Македонија и на Мицотакис му предложи нејзина поделба. Дури, многу веројатно е дека службите на Милошевиќ го извршија атентатот врз Глигоров (сличен е ракописот, а во тоа време службите на касапот тоа го работеа рутински).
Шверц на производи во деведесеттите имало сигурно, зашто во регионот владееше хаос: војни, ембарга, кревки држави, огромен стопански пад... Но, кои се причините денешните политичари (Фамилијата, на пример) да се толку корумпирани?! Фамилијата само од СК014 направи пари за да ги згрижат следните пет генерации! Да потсетиме и дека буџетот на РМ денес е најмалку пет пати поголем од оној пред петнаесетина години...
Не зборувај глупости, сите
Испратено на 03 јули 2012 од МиркоНе зборувај глупости, сите знаеме кој бил отсекогаш просрпски настроен! Памтиме кој силно се противеше на идејата за самостојна Македонија само за да не ослабне државата на Милошевиќ! Памтиме и дека Црвенковски беше против интонација на македонската химна во Собранието!
И да те потсетам дека токму таа албанофобија што ја спомнуваш им помогна на СДСМ да се вртат на власт после војната 2001ва. Враќањето на СДСМ на власт со тазе албанска партија која смрди на барут беше епилог кој сеуште прави да се замислам кој всушност извлече најмногу корист од „војната“ 2001ва.
0.mk/ea1ab
Значи поради албанофобија
Испратено на 03 јули 2012 од РезонофобијаЗначи поради албанофобија СДСМ коалицирал со најрадикалната албанска партија. Поради албанофобија СДСМ прифатил да го понесе товарот на компромисот (Рамковен договор), иако беше во опозиција кога избувна војната. Конечно, избори секако ќе имаше 2002, а рејтингот на ДПМНЕ беше дно, тоа се виде и на изборите 1999, кога Трајковски победи со еден контингент од албански гласови. ДПМНЕ се надеваа дека прокламираниот патриотизам во војната, крстот на Водно и анти-НАТО расположението што го промовираше Георгиевски на Мечкин Камен таа година ќе им овозможат да ги добијат изборите. За среќа, Георгиевски тогаш не се обиде да ги лажира изборите, ниту на сила да ја држи власта. Сега, да видиме што ќе биде после Мечкин Камен оваа година, каде слушаме имале намера да ја прават голема. Секој пад на ДПМНЕ почнува со легендарен говор на Мечкин Камен, македонскиот Газиместан.
Ако некој бил и е близок со
Испратено на 03 јули 2012 од Проследувач на историјатаАко некој бил и е близок со најматните делови на српските служби, тоа се Ѕинго и Латас. Ако некој правел шверц со Србија во деведесеттите тоа биле Ѕинго и Латас. Иако ни лозата Мијалкови не треба да се занемарат...
Точно дека биле, веројатно
Испратено на 03 јули 2012 од Проследувач на сегашностаТочно дека биле, веројатно стравот од лустрација денес ги држи блиски до сегашната власт. Но не заборавај дека најмногу профит од матните шверцови и дилови со странски дипломатии во 90тите има извлечено Црвенковски и неговите верни поддржувачи.
Да не збориме под какви
Испратено на 03 јули 2012 од (Skopje)Да не збориме под какви услови загина заслужниот граѓанин Јордан Мијалков, кој се прослави со предлогот за формирање на комитети за заштита, кои демек би не штителе од ЈНА, а всушност би иницирале конфликт кој би и овозможил на ЈНА да интервенира и да отвори нов фронт. Откако не успеја да го спроведе налогот на белградските налогодавачи, они се решија да го ликвидираат. Тоа е политичката позадина на духовниот и буквалниот политички татко на денешното ДПМНЕ, човек што своевремено беше и трговски претставник во Чехословачка, а многу добро се знае дека таквите кадри мораа темелно да бидат обработени од службите. Впрочем, сите сознанија упатуваат на тоа дека ДПМНЕ беше создадена од службите за да го контролираат, и по можност стават во погон, македонскиот национализам.
Така е, само тие што отворено
Испратено на 03 јули 2012 од Проследувач на сегашностаТака е, само тие што отворено пројавуваат антимакедонски ставови (СДСМ) се всушност најголемите Македонци!
Сериозно, не кажуваш ништо ново со ова. Сите знаат дека Мијалков има кодошко досие. Баш затоа, за да се заштити самиот себеси, тој ги има сменето боите и почнува да ги поддржува ВМРО. Веројатно очекувал дека веднаш по осамостојувањето ќе има лустрација. Кутриот, само кога би знаел дека имињата на кодошите дури и во 2012 сеуште се тајна...
Кога станува збор за Црни
Испратено на 03 јули 2012 од АнтигруевистКога станува збор за Црни Грујо и историјата, непобитен факт е дека никој толку не ја уназадил македонската демократија како Груевски. Не само што груевистите ги затворија медиумите што беа критични (дури и легендарната А1 ТВ, убедливо највлијателниот медиум!), туку ги заплашија сите други и судски казнија стотици луѓе што им се замериле со критичкиот збор. (Јадранка Костова му плаќа 15.000 евра на Милошоски, Героски и’ плаќа пари за навреда на Ивона, Гелевски му плаќа клевета на Латас итн.)
И не само тоа! Кога излегоа двеста луѓе (главно студенти) да се бунат против црква на плоштад, груевистите им испратија 2000 луѓе да ги истепаат. Поле тоа на тепаните им стегнаа прекршочни пријави, дека правеле неред! Е, тоа е историската приказна за Груевски и неговите бедни слуги!
Да не зборуваме за криминалот СК014, тежок повеќе стотици милиони евра!
Добро, бе, преродбеници,
Испратено на 03 јули 2012 од СреднистДобро, бе, преродбеници, стварно не ве разбирам!? Еве, нек ви се точни пропагандите: Бранко е кримос, дрогаш итн., Љубчо е говедо кримос дрогаш итн., луѓето што мислат поинаку се предавници итн., но зошто тогаш не ги поапсите сите?! Второ, зарем стварно верувате дека сите други се криминалци, предавници, соросоиди итн., а само Фамилијата е чесна и чиста?! Па Груевски десет години е на власт! Груевски тотално е произлезен од криминалното милје на ДПМНЕ! (вие самите велите дека Љубчое кримос, а Љубчо вели дека ДПМНЕ е изрешетеано од ДБК; од тој контекст произлегуваат братучедите, зарем не?!) Мијалкови, значи, се на најдлабок можен начин спој со најлошото комунистичко наследство, исто како и Ѕинго и Латас и Павле Трајанов итн. Значи, преродбеници, не ве разбирам зашто не се занимавате со оној кој сега ги креира работите, кој ги држи сите пари и сета моќ?! Патем, истиот тој на сите вас, партиските керберчиња, ви ги држи јајцата во шака... Зарем не ви е тоа поактуелен проблем од Црвенковски во деведесеттите?! Зарем не подболуваат мудата, во процеп, бар понекад? И зарем сите ние, логично е, не треба првенствено да се бавиме со власта, туку со опозицијата?! Стварно не ве разбирам...
Дудјал дудлај, and going and
Испратено на 04 јули 2012 од СелoтејпотДудјал дудлај, and going and going..
Камелеони. Се прашував како
Испратено на 03 јули 2012 од meglenaКамелеони. Се прашував како ли сега пропаганда мајсторите ке ја свртат работата после вшмукувањето на Љубчо-ВМРО во ткивото на "елитата". И види чудо, цел напис, зборот ВМРО не е спомнат ниту еднаш.
И си викам, а да не е ова уште една заебанција на ВМРО, као у Matrix, да им убризгаат вирус и да ги клонираат СДСМ во ВМРО.
И после си викам, ма неe, не се они толку паметни, ова е само еден збунет Бугарин и дете пораснато во ЈНА опкружување си играат "супер-херои".
Ајде, драмски, прајте престави, овде има материјал за престави до пензија.
Мигрена, ти по обичај
Испратено на 03 јули 2012 од АнтигруевистМигрена, ти по обичај конфузно. Додуше, да се брани диктаторско лудило ем невиден криминал (или ипак виден, у 90-ти?!) можда најбоље е конфузно, не?! Бар не си увалуеш толкав срам ко Шачуле&комп (Шатев&Чупоски).
Значи, Мигрена, ти ни кажуеш дека јато ангели преобразени во лебеди го спуштија пастирчо среде ДПМНЕ, во оловните години на Љубчо криминалецот и коалициониот на Бране уште од тогаш?! И дека од тогаш навака ДПМНЕ е најпатриотската, скоро до нивото на ДПМНЕ на Ванчо Михајлов и Тодор Александров?! И дека сите помошници на пастирчо (славниот тим: Аналитико АИ, продавачите на, ах, сим картички) исто се спуштени од лебеди, среде кристално чистото (ем замрзнато) езеро?! А све околу нив било проклетото комуњарско ДБК комплет со предавниците ко Љубчо?! И од тогаш ви тргна славната епопеја?! Со Ѕингота, Латаса, Мирка, со Тито Петковски и Мендух Тачи (дур и они не станаа предавници), по со Алија (дур не му ги извадивте магиите што му ги фрлиле комуњарите и братски не го амнестиравте) итн. итн. Стварно ви е убедлива причава, Мигрена, да се расплаче човек...
Дека власта реши да ја
Испратено на 03 јули 2012 од Екологист и фан на ЅвезданДека власта реши да ја ревидира историјата, познато е уште пред да дојде на власт, но дека реши да ги ревидира и несовршеностите на природните непогоди, требаше да се сфати уште со елиминирањето на зборовите на Тито за обновата на градот на солидарноста. Значи, освен нововоспоставениот факт дека македонската историја се состои од неколку периоди: оној до смртта на Александар Македонски, оној кога Свети Павле пиел некаква непозната течност од дупката во Паљурци и оној од доаѓањето на на Никола Груевски на власт (а се во меѓувреме е комунистичко предавство и криминална транзиција од страна на комуњарите), сега треба да се избрише титулата на македонската метропола како град на меѓународната солидарност.
Ѕвездан Георгиевски, овде на Окно, денес
Љубам куре бранково.
Испратено на 03 јули 2012 од Ѕвездан ГеоргиевскиЉубам куре бранково.
Ohoo дудлање, одовде до
Испратено на 04 јули 2012 од СелoтејпотOhoo дудлање, одовде до вечноста :)
Глупи вмровци, еве ви еден
Испратено на 03 јули 2012 од Проследувач на историјатаГлупи вмровци, еве ви еден круцијален а бесплатен совет: престанете да ја фалсификувате историјата! Самите сте најголемата жртва на тој очаен спорт! За момент да ја заборавиме големата (аха, или сепак малата?)историја на македонскиот народ и да се свртиме кон сопствениот двор, што викате, а, вмровци?! Значи, пред пак за некоја година да почнете да пишувате нова историја на ДПМНЕ (откако ќе сфатите дека малиот Црни Грујо е македонската коб), седнете уште сеа и реално претресете ги работите, без фалсификати: кои беа вмровските министри во првата Влада? Кои беа полициски луѓе во почетоците на ДПМНЕ? Која е реалната улога на Љубчо и на неговите најблиски луѓе? (Змејковски, на пример) Која е улогата на Јордан Мијалков и неговите синови? Која е улогата на многуте сдсмоовски и други (ДА итн.) педерчиња пребегнати во ДПМНЕ? (Ставрески&комп.) Која е улогата на АНАЛИТИКО АИ? Која е реалната улога на структури од Аналитико АИ во тоталната распродажба и пљачка на РМ? (Окта, Телеком, НПМ, СК014 итн.). Кога ќе си ја составите и кога ќе ја решите таа релативно проста домашна задача, драги глупи вмровци, само тогаш ќе смеете барем уста да отворите кога станува збор за Историјата со големо И.
Верувам дека не е ниту
Испратено на 03 јули 2012 од ПресклиперВерувам дека не е ниту потребно особено да ја коментирам манипулацијата на Груевски за леви и десни опции, за стари и нови. ДПМНЕ со него не е десничарска партија ниту по физиономија, ниту по карактер. Тоа е само една нихилистичка, популистичка, крипто-комунистичка и мафијашка банда, олицетворена во двоглавата персона на братучедот и премиерот. Околу тоа пак дека Груевски е нов или нешто е ново во ДПМНЕ, тоа е имагинарно-психолошка состојба. Како може човекот кој има најдолг стаж во политиката, четири години како министер и шест години како премиер да биде нов?!
Како и да е, разликите помеѓу Груевски и останатите се повеќе стануваат кристално јасни, се изострува чувството за препознавање и се поставува главното ако не и единствено прашање – дали сакате демократија или сакате режим!
Ивор Мицковски во денешната колумна на Плусинфо
Само вовед во најновата
Испратено на 03 јули 2012 од ВоведСамо вовед во најновата епизода од „Кога пиздат комуњарите“
Груевски е сам си ја исече
Испратено на 03 јули 2012 од (Skopje)Груевски е сам си ја исече гранката на којашто седи. До скоро никој не му замеруваше ни за Латас, ни за Амди, ни за Али. Ама од кога почна да вергла - сите се црни, само ја бел, почнаа да се отвараат приказните. Прво, Грујо не дојава на бел коњ со аманетот од Гоце и Даме, туку ја наследи партијата од Љубчо, на когошто му беше омилен министер. Второ, сите знаеме кој е човекот во сенка во денешното ДПМНЕ, братучедот на Грујо. Трето, сите знаеме дека пола од Љубчовите послушници денес се крстат во Грујо, исто како што и вториот и третиот ешалон од СДС од 90тите денес се „врли“ вмровци. Епа, ако паѓаат маските, нека паѓаат за сите, па да видиме и за 90 и формирањето на ДПМНЕ, и за 2001, и за шверцот со нафта, и за ОКТА и Телеком, и за војната и за конгресот на ДПМНЕ по изборите 2002 и за бугарофилството, и за коалицијата со Али Ахмети, а бе за се’.
За коментарите подоцна,
Испратено на 03 јули 2012 од TRexЗа коментарите подоцна, можеби и никогаш, зашто не вреди да се дебатира со некој што вергла се` едно те исто (хинт: колкава е вредноста на, на пример, НПМ во споредба со индустриските гиганти од транзицијата?).
За текстот: тргнувајќи од тотално и апсолутно погрешна премиса (Грујо не рекол: „јас ќе му судам на Бранко“, туку токму спротивното) авторот си сними филм, продолжение и две-три сезони на серија.
1191 збор за погрешен логички заклучок. Леле мајко, па што ќе беше да беше нешто вистинито.
Доказ: Читајте го текстот како првата реченица да е: „Црвенковски нека се подготви на дуел со мене, а не со историјата“ и тогаш текстот ќе има колку-толку смисла. Вака НЕ, освен ако сме поддржувачи на тезата „логика=продавање пуфки“. Може и тоа го има во некој паралелен универзум.
А бе не разбираш, тука Коља
Испратено на 03 јули 2012 од Ја да ти објаснам...А бе не разбираш, тука Коља слегол од 7ми спрат/небесата комуњарска, и почнал да пишува на човечки јазик за да го разбереме.
Бил испратен од Св. Б.Ц. за да ни објасни, евангелие халуцинантно срочил Коља бре, еј! :)
Еден ден, кога ќе воскресне Титовиот Син, роден од дева Шеќеринска, и кога ќе љубите сите рака бранкова, ќе сфатите каков пророк бил Коља наш!
Sv. Kolja Dudla, инаку
Испратено на 04 јули 2012 од СелoтејпотSv. Kolja Dudla, инаку презимето е старо, влашко.
А колкава е вредноста на
Испратено на 04 јули 2012 од Анонимен 223А колкава е вредноста на ОКТА, Телеком, Стопанска банка, Цементара... распродадени на грчки газди... да те потсетам у кое време? За гигантите-да не мислиш на Силекс на газда Ѕинго, главниот коалиционен партнер на Грујо со Латас како истурена фигура (патем, Силекс, како и 60% од македонската економија беа приватизирани до 1990 г.) Интересно ми е следново: зошто Грујо како ѓавол од крст бега од предлогот на Бранко за ревизија на приватизацијата? Тоа не те копка малку? На сите ли Димовски ви го испил мозокот?
Дали се распродадени или
Испратено на 04 јули 2012 од Одговор во прашања и се е јасноДали се распродадени или продадени? Дали некој таму неправедно останал без работа? Дали, и да имало ситен криминал (провизии и слично) може да се спореди со смртта на на целото македонско стопанство? Дали и пред 1990 СДСМ не беше на власт, само под други имиња (СКМ-ПДП итн.)? Дали легално и легитимно е исто? Дали Димовски има толкава моќ да пие мозоци?
Ај да речеме дека тоа се
Испратено на 04 јули 2012 од Анонимен 223Ај да речеме дека тоа се најдобрите приватизации(мислам на ОКТА, Телеком...за окта државата плаќаше пенали, Грујо беше сведок против државата(едини пример премиер да сведочи за страната против државата))...смртта на целото стопанство..за тоа е крив скм-пдп кој владеел до 1990, јебала те теза, биди посериозен, не е ова форум на вечер. Сепак, нема одговор на клучното прашање: зошто Грујо бега од ревизија на приватизацијата. Кога ќе размислиш малку логично, појасни ќе ти бидат работите. Поздрав.
По стоти пут зошто „бега“ од
Испратено на 04 јули 2012 од Зев зевПо стоти пут зошто „бега“ од ОНАА РЕВИЗИЈА на приватизацијата што ја „бара“ СДСМ:
Приватизацијата е извршена на законски, но не и праведен начин. Ко да идеш сега ти у банка, даваш сто евра да размениш и на шалтер ти враќаат два денари и ти викаат „нашиот проценител (стечаен управник) процени дека толку вредат твоите сто евра“. И има закон за тоа. Има папири. Што ќе правиш?
Во право си. Тешко дека има
Испратено на 04 јули 2012 од AHOHИMEHВо право си. Тешко дека има праведна приватизација, ама нашава беше ептен неправедна и тука се слагам. Но, како прво, секоја компанија не ја снајде иста судбина. Некаде, едноставно имаше вработено премногу луѓе, на тој начин комунистите ги решаваа социјалните проблеми, некаде менаџерите беа тотално неспособни и не успејаа ништо. Некаде, фирмите си продолжија да работат. До тука, мислам секој ќе се сложи. Е сега, конечно, приватизацијата се извршуваше по стариот закон на Анте Марковиќ и по законот предложен од Владата на Кљусев, гласан од двете партии. Тоа е тоа.
Ај да се сложам со вас (иако
Испратено на 05 јули 2012 од Анонимен 223Ај да се сложам со вас (иако не сосема), тогаш вашите коментари можете да му ги напишете како одговор на првиот коментар од кој започна оваа кратка дебата. Но, по ваша аналогија, и лустрацијата не треба да се спроведува, поради тоа што сите дејанија биле извршени по словото на законот. Денационализацијата е типичен пример за ревизија на национализацијата спроведена после 45-та. Има многу примери кога со ревизија се исправаат грешки во минатото. Друго е прашањето за методот, начините и средствата со кои се прави тоа. Поздрав
Е па, и концептот на
Испратено на 05 јули 2012 од AHOHИMEHЕ па, и концептот на лустрацијата е спорен, во многу аспекти, но треба да се спроведе. Меѓутоа, ова сега што сакаат да го спроведат е пародија на процесот на лустрација, па уште и се растегна до 2006 година, односно до годината кога пастирот се симна од небото и седна во премиерската фотелја. Токму, методот начините и средствата за било која постапка се најбитни. Кој треба да одговара за неуспешноста на Алумина на пример, а кој треба да биде награден за успешната приватизација на Алкалоид. Моделот бил ист за сите, кој менаџер подоцна како ја водел компанијата не е прашање на политичка одговорност. Значи, ако по еден ист модел биле сите приватизирани, а некои од фирмите опстанале и се’ уште работат а други пропаднале, значи одговорноста може да се бара само за секој поединечен случај. Ако има начин тоа да се направи нека се направи, ама не секој ден слушаме: криминална приватизација, криминална приватизација. Ако е криминална, нека одговараат криминалците.
За лустрацијата : се
Испратено на 06 јули 2012 од Добро познатЗа лустрацијата : се согласувам дека сега е предоцна, но за рокот не се согласувам, затоа што дури во 2006 настана вистинска промена на власт, се` пред тоа беше замачкување очи. Повторувам, во 2006 е срушен комунизмот во Македонија.
Отсекогаш ние сме си доцнеле по 10-20 години во се`.
За приватизацијата: Би требало да одговараат и менаџерот на (ај да не спомнуваме имиња) УСПЕШНА ФИРМА 1 и стечајниот управник на РАСПРОДАДЕНА/УНИШТЕНА ФИРМА 2. Проблематичен е начинот на кој тие ги добиле фирмите, пред 1990 тие не биле нивни. Тоа што МЕНАЏЕР 1 решил да продолжи да си го тера тој бизнис, а МЕНАЏЕР 2 решил да си ги наполни џебовите, е нерелевантно.
Што е важно дали фирмата е успешна, капитализам сме. Готово. Државата не (би требало да) се секира за судбината на приватни фирми, освен ако не е некоја област од животно значење или монопол.
Можеби Гиго НАЈДОЛНИОТ СМЕНСКИ РАДНИК од ФИРМА 1 ќе бил стопати поуспешен од МЕНАЏЕР 1 и ќе направел светски гигант од фирмата. А пред 1990 имале подеднаков удел во сопственоста на фирмата. Но, никад нема да дознаеме.
Комунизмот беше срушен во
Испратено на 07 јули 2012 од Анонимен 223Комунизмот беше срушен во 2006??? Јака вмровска теза, нема што. Силванева Бонева гледам прилично успешно ви го напикала у мозак. Тоа што грујчо беше министер за финансии и со негов потпис се направија најкриминалните (или ај, да бидам помек, најсомнителните приватизации, ОКТА на пр.) приватизации сеа ќе го заборавиме и ќе трубиме дека во 2006 Господ се симна и ни го подари боксерот на нас македоците, потомците на белата раса, да не спаси од клетите комуњари што 60 години владееја со државата и камен на камен не ставија. А главните идеолози, Чашуле, Донев & co. беа прогонувани дисиденти па боксерот ги врати од Голи Оток да и помогнат на жална Македонија.
Не се ни најкриминални ни
Испратено на 07 јули 2012 од Добро поснатНе се ни најкриминални ни најсомнителни, туку најизвикани. Претходните се бутаа под тепих и никој не смееше да ги спомне во јавност. Каде е МЗТ што произведуваше од игла до тенк, Југохроми и други рудници, астиба, чикови, коштани, славии, центра, железари, стаклари, пивари, хемиска индустрија, тутунска, техномаркети, технометали, гранити, бетони... Признавам, не сум запознаен со поединечните случаи, но според обемот - не можеш да мериш цела македонска економија со еден или два случаи.
И да, пред 2006 секогаш имаше кукавичко јајце во коалиција со ВМРО (Васил, Тито, многу други поситни... Тука го сместувам и Ѕинго, но тој: 1. Изгледа на време смени страна 2. Не е доволно моќен голем за да биде јазичето на вагата што ќе претегне за да се сруши владата. И да, сметам дека и неговата приватизација треба да се преиспита.)
Ме боли кур што рекле Чашуле, Донев & co. и тие не се мои идеолози.
Сепак, мислам дека предлогот
Испратено на 05 јули 2012 од Анонимен 223Сепак, мислам дека предлогот на сдсм беше да се направи ревизија со што би се утврдиле можни кршења на законите при спроведување на приватизацијата (договор во четири очи итн.). Критиките зошто тоа не го направиле кога биле на власт се оправдани (иако може да се правдаат дека дошле на власт во поствоен период, кога дефицитот бил огромен, кога третина од територијата не беше под владение на државата, па имаше други многу поважни приоритети), но кога Бичикле и Грујо секоја прес конференција ја започнуваат со „транзицијата на сдсм“ реакцијата е логична. (у задње време Бичикле труби за шверцот со нафта - па имате власт, полиција и други истражни органи, најдете докази, спроведете постапка, затворете ги сите што биле вмешани, не не отекувајте - така може да се однесува само опозиција, со ветување кога би дошла на власт дека ќе ги реши сите сомнителни случаи, вака е дегутантно-како што е дегутантна и самата појава на Бичикле)
ZA Антигруевист. Studentite
Испратено на 04 јули 2012 од gragjaninZA Антигруевист. Studentite ne izlegoa da protestiraat protiv izgradba na crkva na ploshtad tuku da protestiraat protiv izgradba na BILO KAKOV OBJEKT na toa mesto. Vmrovskata mashina ja nametna mantrata deka studentite se protiv crkva i toa se prifati kako vistina.
Pictures or it didn't happen.
Испратено на 04 јули 2012 од SkeptikPictures or it didn't happen.
Браво Коља. In medias res.
Испратено на 04 јули 2012 од VБраво Коља. In medias res. После промената на власта сегашните моќници ќе бидат комични фигури. Ќе се разобличат сите нивни патолошки политики и работите ќе си дојдат на свое место (во еквилибриум).
You can fool some people sometimes, but you can't fool all the people all the time. На владата и се кратки нозете и нема да ја спасат ни најдобрите маркетинг кампањи.
V for vendetta, вибратор за
Испратено на 04 јули 2012 од ВV for vendetta,
вибратор за Коле.
In Kole's ass a dildo rests.
Жал ми е за сите пиони на
Испратено на 04 јули 2012 од КикиЖал ми е за сите пиони на груевизмот кои за 150-200 евра клатат врати во администрација и млатат празна слама по интернет форуми. Разбирлив е нивниот страв дека ќе останат без плата кога народот ќе го отфрли (дик)паторот. Сега се грепчат како давеник за сламка и кожата им се ежи од помислата дека може некој друг да владее со Македонија освен пастирот. Го разбирам и се сочуствувам со тој егзистенцијален страв на јатото пиони на груевизмот.
Мој совет до нив: не плашете се, кога ќе се промени власта ќе се воспостават стандарди за вработување според квалитет и знаење и сите кои се успешни и образовани ќе успеат да останат на работа или ќе успеат да најдат добра работа. Затоа, повеќе фокусирајте се да покажете резултати на работното место, образувајте се, стекнувајте нови способности, учете јазици итн. Само тоа е резултат за успех и кариера (важи за сите, бранковисти, грујовисти и неопределени). Партиската книшка може да има краткорочни бенефиции, ама тие пари се арам, и попрво би миел чаши во ресторан отколку да бидам пион на нечија идеологија за 200 евра.
Знаев бе Коле дека отсекогаш
Испратено на 04 јули 2012 од ВЗнаев бе Коле дека отсекогаш си сакал да се викаш Кики!
Кратка порака до сите
Испратено на 04 јули 2012 од igiКратка порака до сите коментатори-хомофоби.
"Homophobe? You’re Probably Gay."
Прочитајте ја значајната студија за хомофобија од 1996 која накратко вели: “Homophobia is apparently associated with homosexual arousal that the homophobic individual is either unaware of or denies.” Со други зборови, сите хомофоби се латентни хомосексуалци.
Henry E. Adams, Lester W. Wright, Jr., and Bethany A. Lohrs (1996) "Homophobia Associated With Homosexual Arousal?", Journal of Abnormal Psychology (published by the American Psychological Association)
https://my.psychologytoday.com/files/u47/Henry_et_al.pdf
Чоече, омразата е таква да и
Испратено на 04 јули 2012 од МерсоЧоече, омразата е таква да и финансиски заслепува, идеолошки пореметува и конечно ослепува, 200 евра чоече, ко тастатурата да им е стап со кој одат низ медиум до медиум, место да земат да искористат од ширината на Интернетот за лично образование и надградба, во крајна линија мене ова ми е толку смешно, но така треба и да биде, ако Љубчо и Бранко викаат, "Ние не мора да се љубиме", алиас суетите на страна, тоа значи дека Груевски еден ден би правел коалиција со Бранко; тоа би било фантастично, можеби како процедура да не му отстапи ни парче простор на Љубчо, но Груевизмот ќе го учат нашите деца во школо, ко остаток од хемороид.скулптури и безидентитеска празна шо би напишала Јасна Котеска (киндер јајца скулптури), кои изгледаат како играчка, да бидам патетичен од која произлегува една грозна плачка, јеботе.
Суштински, Гелевски тоа добро го знае, еве и Најчевска го пишува, од нова власт, суштина нема да видиме, се согласувам, но нормализација да, а потоа, МОРА ДА СЕ ФОРМИРААТ нови движења по сите линии.
Коља Гелевски, благодарам за текстовите шо ги пишуваш, малце да полижам, да има за шо да јадат говна овие.
Да се симулира, а потоа и да
Испратено на 04 јули 2012 од МерсоДа се симулира, а потоа и да се сруши целата дискусија кон најрадикалните нивоа на претставата за индивидуализмот, не како дистинкција лево/десно, туку како дистинкција преку слобода/авторитарност. Тука во општа рамка да ја разгледаме формата која ја има еднаквоста, не како противтежа на разликата (ние наводно ко поединци се разликуваме, што е точно), бидејќи разликата во овој систем би постоела кога поединци би биле еднакви во различните типови индивидуалност, према тоа, сет на еднаквости прават да биде можна разнообразноста, како контраст на глупиов конзервативизам-глујовизам кој е хегемониски и кој како да останува единствен играч на полето Македонија, што не е точно, ниту пак можно, од причина на историски тек и промени со ова знаење до кое сме дојдени како поединци во кој би направиле максимум во рамките на знаењето (а не го правиме), а поради тоа што политичка артикулација која не можеме да ја гледаме не значи дека не постои, тука зборувам за групи на левичарски движења (надвор од СДСМ, бидејќи СДСМ не е левичарска структура) кои мораат да го најдат свој лепак и платформа и крајно лица кои би оделе во јавност, не мора да се викаат лидери, туку говорници, зналци, најбитно, тоа мора да бидат луѓе што знаат нешто да направат (што мислам со тоа во друга прилика, ако се собереме).
Инспириран од Бобио: "Слободата, во модерна смисла, претставува комплетно расчистување со минатото и со органскиот концепт на Државата (аристотелскиот концепт, полис како простор во кој ќе бидат избегнати неправдите, во град во кој ќе можеш да направиш добри дела, во контекст на дискусиите за провинцијата итн.), каде што целото е побитно од неговите делови". Продолжува: "Постојат десно ориентирани атеисти, како што постојат и лево ориентирани верници", како и "лошата изведба на идејата дека само десницата е поврзана со традицијата", што е не логично и глупо.
Да додадам, политичкото партнерство од тука би било поради зрела, благородна идеја, а не поради некакво живеење заедно или омраза итн. према тоа, заедничкиот интерес мора да биде повисок од секоја будала која во даден момент стои на позицијата лидер на одредена структура (партии), но тоа мора да се препознава, за што е потребно демократско созревање.
Тоа што ми е можне интересно да го согледувам е согласноста околу енергетската иднина на Македонија, искрено не е битно кој ќе донесе и инсталира цевки, централо или локално, битен е крајниот бенефит, за индустријата и поединците. Нашите потреби за енергија до 2020 ќе се дуплираат, а тоа во смисла на електрична енергија е многу, према тоа, изградба на централи од секаков тип, влечење гас и масовна форца кон алтернативните извори итн.
"Вие имате моќ да делувате за
Испратено на 04 јули 2012 од Мерсо"Вие имате моќ да делувате за општото добро и еднаквоста на луѓето доколку имате волја: Јас немам моќ", му се обратиле племиќи на Кромвел, а тука и некои од орлите на Груевизмот: Латас, Чашуле, Донев, Свирка, Миљенко и Џанко, ЅвонкоШљам-анален практичар и многу други.
Дали еднаквоста значи наметнување преку сила?, нешто што му се припишува на диктатор како Кромвел и диктатор како Глујо, кој инаку не верувал како и нашиов во универзалности и религиски слободи; дали еднаквост преку присила и насилно вметнување зборови во главите на масите (преку медиуми, новинари, весници преку нивна директна контрола) и нејасниот концепт за менување на "идентитет" преку депласирано потпкупување на уметниците, скулпторите, архитектите, интелигенцијата, наместо прифаќање на словенската линија и сесловенството, и преку баналниот принцип на надгласување, дали партиско полтронство преку јавен поткуп (случајот со мизерните наводно најдобри студенти лепени по билбодр плакати - хитлер југенд), дали преку Орвел сегледачкиот (Мијалков) или катадневното ненормално аморално задолжување за никакви цели итн. Према тоа, елементарен консензус, како базична линија во демократија, согласност за долгорочни проекти и десет и дваесет годишно планирање, инвестиции во технологии и иновации, нова преобразба преку ново просветителство, растурање на квази-универзитетите по малите места и јакнење на силните и докажани средини, пред се УКИМ итн. но најбитно НОВИ ЛИКОВИ ! ! ! Н О В И ! ! !