Индијанците во војна против паркинзите на стадионот Маракана

04.07.2012 11:38
Индијанците во војна против паркинзите на стадионот

Во градината на разрушената вила во Рио де Жанеиро, 46-годишниот Алфонсо Апунинам пече риба на начин на кој неговото племе ја спремало храната од памтивек: завиткана во лист од палма и над отворен оган. Тој е припадник на древното племе Alocer Camicua, но во таа градина се наоѓаат и припадници на други племиња. Едни ја обработуваат градината, други пушат луле завиени во лежалка или се занимаваат со древни занаети.

Сè изгледа како длабока прашума, единствено по звукот може да се распознае дека се наоѓаат среде голем град. Се слуша врева од околниот автопат, а веќе подолго време се слушаат и градежни машини од другата страна на оградата. Бидејќи тие имаат светски познат сосед: гласниот стадион Маракана на кој веќе се одвиваат подготовките за Светското фудбалско првенство во 2014.

Урнатините на вилата се од некогашниот Museu Do Indiao (Музеј на Индијанците) во Рио де Жанеиро, институција основана во средината на деветнаесеттиот век чија зграда во 1848 година државата Бразил ја донираше како место за проучување на обичаите на староседелците. Во 1978 година, за време на воената диктатура во Бразил, музејот бил преместен во друг кварт во градот, а зградата долго пропаѓала. Сè до 2006 година, кога ја презеле оние на кои навистина им била посветена: староседелците на Бразил.

Во неа се сместиле припадниците на повеќе од триесет различни племиња кои со задоволство примаат посетители, приредуваат традиционални обреди и им ги објаснуваат нивните обичаи. Покрај тоа, тука е и местото каде што тие ги продаваат своите ракотворби на туристите, но и на Бразилците кои сакаат да го запознаат своето минато пред доаѓањето на Европејците.

ФИФА бара 10.000 паркинг места

Стадионот Маракана главно ги игнорира своите соседи. Покрај тоа, Светската фудбалска федерација (ФИФА) побара стадионот, за Светското првенство, да подготви 10.000 паркинг места околу стадионот. Планот за проширување на стадионот го прифати и гувернерот на Рио де Жанеиро, Серџио Кабрал. Неодамна тој најави уривање на стариот музеј и изградба на нов влез за стадионот на кој набрзо ќе играат најдобрите фудбалери на светот.
Правно, состојбата не е ни малку едноставна. Всушност, и во метропола како Рио Де Жанеиро, каде што еден квадратен метар може да вреди богатство, на сила е прастариот закон кој е донесен уште во времето на колонизација на земјата. Тој гласи дека секој кој мирно зазема земја и живее и работи на неа пет години, може таа земја да ја прогласи за своја сопственост. Според тој закон, според кој бразилските Индијанци изгубија цели подрачја во Бразил на кои изворно живееја, оваа градска вила им припаѓа ним.

Се знае кој ја крои правадата

Но, домородците одамна научија кој ги пишува и кој ги спроведува законите. Затоа Микаил Оливеира од племето Аурак е прилично загрижен: „Секако дека се грижам, сите се грижиме. Владата никогаш не ја почитува волјата или барањата на домородното население.“

Микаил студира историја, археологија и етнологија на домородните култури на блискиот државен универзитет. Тој со неговите четири деца веќе долго време живее на подрачјето на стариот музеј и сведочи како и градежните работници ги игнорираат Индијанците: „Започнаа да градат пред самиот влез на нашата зграда, така што моравме да го затвориме влезот. Без никакво известување. Всушност, никогаш не постоел никаков дијалог поомеѓу нас и државата, дури и пред да започнат градежните работи.“
За бразилските домородци, зградата и околната градина имаат особено значење. Таа, всушност, е првиот музеј на домородната култура во цела Јужна Америка, настаната во време кога многу авантуристи и колонизатори староседелците ги сметале за „нешто повешти животни“. Тоа е место каде што е основано и првото седиште на првото движење за правата на Индијанците, Национална фондација на Индијанците (FUNAI).

„Ќе се бориме и ќе победиме!“

„Не ни понудија некоја нова зграда, но дури и да ни понудат, нема да бидеме заинтересирани. Живееме на ова место. Ова место ја има нашата приказна и нашата историја“, вели Цуати кој патува помеѓу оваа индијанска колонија во Рио и своето племенско село во покраината Порто Сегура на североисток во Бразил. И Микаел го сака токму ова место, особено поради близината на универзитетот и поради прилика таму да живеат староседелци кои сакаат да студираат.

Но, состојбата е сè понапрегната. Тешко е да се замисли дека Индијанците би можеле да ги променат плановите за Светското фудбалско првенство во Бразил и адаптацијата на Маракана. Но, тие се одлучни: ќе се борат, ако треба и против ФИФА и државата Бразил.

А во борбите, Индијанците имаат искуство, потсетува Цуати: „Моето племе, Pataxoi, никогаш не стапува во борба ако не очекува победа. На ист начин како што се боревме за просторот на кој живееме, ќе се бориме и за овој. А кога велиме ’ние’, мислиме на сите нас, на нашиот народ.“

Извор: deutsche welle

И богохулниците на плоштад

И богохулниците на плоштад така викаа.

AFAICT you've covered all the

AFAICT you've covered all the bases with this awnser!