Германската служба за разузнавање регрутирала неонацисти

04.07.2012 11:57
Германската служба за разузнавање регрутирала неонацисти

Шефот на службата за разузнавање Хајнц Фром поднесе оставка откако призна дека неговата агенција уништувала документи за неонацистичката група која веќе со децении убивала имигранти.

Оставката на Фром е последна во низата непријатности за германската разузнавачка служба во врска со случајот „Национал-социјалистичко подземје“ (NSU), кое беше откриено по повеќе од една деценија откако беа убиени 10 луѓе, повеќето турски имигранти, за кој се дозна после скандалот кој ја потресе земјата минатата година.

Потпаролот на Министерството за внатрешни работи потврди дека Фром кон крајот на јули ќе го напушти своето место, на кое стоеше од 2000 година. Германските служби велат дека нема индикација оти Фром наредил уништување на документи, но дека тој ја презема одговорноста и за други неправилности.

Волфганг Босбах, член на владеачката демохристијанска партија, за весникот Die Velt изјави дека Фром бил бранител на Уставот, а не Џејмс Бонд, додавајќи дека тој и други пратеници во парламентот повикале на брза и темелна истрага.

Германските медиуми јавија дека претставникот кој работел во разузнавачката служба е осомничен дека уништувал документи за операцијата за регрутирање на десничарските доушници, ден откако во јавноста се појави информацијата за замешаност на NSU во убиствата за да се сокрие нивниот директен ангажман во регрутација на истите луѓе кои со години вршеле терористички напади.

Фром изјави за неделникот Der Spiegel дека уништувањето на досиејата во овој случај предизвикало голема штета по репутацијата на неговата агенција, која во Германија е позната како Сојузна канцеларија за заштита на Уставот.
По оставката, се очекува Фром да се појави како сведок во случајот NSU пред парламентарниот одбор подоцна оваа седмица.

Германскиот таблоид Bild дознава дека заменикот на Фром, Александар Ајсфогел ќе биде нов шеф на Сојузната служба за заштита на уставот и дека Фром, стар 63 години и член на Социјалдемократската партија, ќе оди во предвремена пензија.

Весникот The Independent пишува дека новите податоци го засилиле сомнежот дека членовите на нео-нацистичката група се наоѓаат на платниот список на германските тајни служби. Се истакнува како службата во минатото редовно регрутирала „кртови“ со цел инфилтрирање во одредени десничарски групи. Меѓутоа „чувањето на неонацистите на платен список во тајност е еднаков на колаборација“, вели The Indipendent. Одредени службеници на тајната служба со тоа го подржувале криминалното делување на NSU.

Германците, оптоварени со нацистичкото минато, беа ужаснати од вестите од минатата година кога дознаа дека зад убиствата на осумте турски имигранти, еден Грк и еден полицаец во период од 2000 до 2007 стојат неонацистите. Вината на NSU излезе на виделина неколку денови откако двајца од групата извршија самоубиство по неуспешното ограбување на една банка минатата есен. Третиот член подоцна беше уапсен.

Канцеларката Ангела Меркел и јавно им се извини на семејствата на жртвите поради невниманието и грешките кои овозможиле групата NSU да делува неказнето толку долго. Во NSU, судејќи според медиумите, членувал и еден син на професор, еден помошен градежен работник и една градинарка кои живееле во една стара вила.

Извор: е-novine

ОкоБоли главаВицФото