На улица, не под земја

10.07.2012 12:20
На улица, не под земја

Опустошувачкиот налет на груевизмот не ја поштеди ни македонската културна сцена. Институциите од областа на културата изминативе неколку години една по една беа збришани со катастрофалната кадровска политика. Квалитетната културна продукција, во отсуство на каков било културен систем, исто така се намали до ниво на безначајност.

Уништувањето на културната сцена се случи, во прв ред, зашто режимот целокупното поле на културата (која по дефиниција мора да биде автономна) го претвори во политичка агитпроповска нива за плитко орање. Во втор ред, груевизмот ја уништи културната продукција и со тоа што ги секна парите. Се создаде привид дека власта вложува во културата, а таа всушност шест години вложува исклучиво во самата себе. Таа власт прави шкарт споменици во сувенирски количества, во истите количества печати шкарт книги, отвора и затвора медиуми, организира културни манифестации, распишува конкурси со строго зададени уметнички стилови (барок, неокласицизам), им дава нарачки само на подобни и послушни итн. 

Кога велам дека груевизмот го уништи ионака слабиот и зависен од државата културен сектор пред сѐ мислам на институционалната култура. Таму уништувањата се големи, налик на оние кога преку засадено поле ќе помине облак од скакулци. Независната или алтернативната култура исто така беше прилично пасивна и исплашена од заканувачкиот режим (кој апси, забранува, затвора), но пред година-две, ми се чини, почна да се буди тој дел од културната сцена. Теориски гледано, тоа и се очекуваше. Груевизмот до тој степен ги деградираше и ги уништуваше културните институции (претворајќи ги во дувла за партиско згрижување и делење буџетски пари на послушните пропагандисти на преродбата) што предизвика бекство на уметниците од институциите. Тоа особено засилено, велам, го гледаме последниве две години. Речиси сѐ што е квалитетно на македонската културна сцена се случува далеку од шепите на политичките терминатори на власта. 

Меѓу најинтересните феномени што се појавија на независната културна сцена за оваа пригода би ја издвоил уметничката иницијатива Кооперација. Групата ја формираа шест луѓе: Ѓорѓе Јовановиќ, Никола Узуновски, Слободанка Стевческа и Денис Сарагиновски (ОПА), Игор Тошевски и Филип Јовановски. Во моментов во групата неформално членуваат дваесетина уметници. Кооперација го привлече вниманието не само поради квантитетот и квалитетот на собраните уметници, туку и поради трескавичната активност: за неполни три месеци групата организираше на различни градски локации четири комплексни изложби на кои настапија вкупно триесетина уметници. Темите на изложбите беа провокативни и актуелни: 800 револуции во минута (првата изложба беше направена во дуќан за перење алишта; зборот револуција иронично се користи во својата етимологија: вртеж, циклус), ЕПП (Економско пропагандна програма), Стратегии на сеќавањето (изложба направена во станот на Небојша Вилиќ) и Лични политики. 

Еве што велат кооператите за себе: „Кооперација е иницијатива, отворена платформа, привремена соработка, повик на дијалог, обид за реанимација на градот, конкретна акција заснована врз принципите на старата добра интеракција со ближниот, приказна раскажана во делови, прошетка низ сокаците на Скопје, повик за учество, дружење, самотија, настан, бришење на границите, ресетирање, размена на искуства, декларација на слободниот граѓанин, слободно изразување.“

Еден од најинтересните моменти кај Кооперација е номадизмот, т.е. мобилноста и неситуираноста во еден официјален уметнички простор. Кооперација ја напушта галеријата и излегува на улица. Во таа смисла, мене ми се чини дека Кооперација не е позиционирана во „андерграундот“, туку попрво е сместена ground, на улица. Во сегашнава македонска состојба таа улична позиционираност е доблест, зашто улицата е токму место за дружење, прошетка, настан, слободно изразување... Улицата е е „проширен хоризонт на детериторијализираните простори за акција“ (што е една од актуелните дефиниции на уметноста). Улицата, исто така, е протест против затвореноста и мртвилото на институциите, па и на целиот концепт за дом, вдоменост, татковина (домовина) и држава. Улицата веројатно не е над тоа, не не е ни под тоа. Улицата одново ја враќа уметноста во социјалниот и културолошки простор, извлекувајќи ја од „пластичкиот простор“ (наспроти тенденцијата на сегашниот македонски режим целокупниот град да го претвори во сценографски, пластички простор). Улицата го разбива и досегашниот овдешен концепт за репрезентативност и видливост; се покажува дека уметноста изложена во преродбеничките постаменти-черупки е мртва и празна, како ишмукана школка. Уметноста што е жива бега од триесетметарските постаменти и своето ново присуство го гради низ бекството и отсуството од постаментите. (Истовремено и самото уметничко дело како артефакт, меѓу другите артефакти на пазарот и на кичерајските политички нарачки, го менува својот статус од онтолошко-морфолошки во критичко-концептуален.) 

Иако Кооперација е сосема современ уметничко-активистички концепт, ми се чини дека дел од важноста на Кооперација за нашиот културен контекст лежи во враќањето кон некои важни модернистички начела. Во еден дел од својата работа Кооперација како да се навраќа на старата модернистичка полемика предизвикана од Марсел Дишан и неговиот редимејд (ready made), полемика која во најголема мера ја одреди судбината на уметноста кон крајот на 20-иот век. „За како уметност да може да се смета нешто што не е вообличено со намера да биде уметност и што не им припаѓа на класичните домени на уметноста, туку само го постулира својот карактер на уметничко дело, потребна е етаблирана и јасно дефинирана ’уметничка перспектива’“, вели Волфанг Улрих. „Тоа значи дека е доволно одреден простор да се прогласи за место на уметноста, за тогаш она што во него се наоѓа да се согледува на малку поинаков начин, посвесно и поконцентрирано. Притоа водечка улога има желбата да се открие нешто посебно, таинствено, повеќезначно или смислено на нов начин, што има способност да ги отвора хоризонтите надвор од секојдневните ствари и појави.“ Кооперација како уште еднаш да нѐ насочува кон она разбирање кое вели дека уметноста треба да создава простор ослободен од целисходноста или да ги иритира владеачките начини на мислење за публиката да ја ослободи од врзаноста за секојдневниот свет и да ѝ овозможи критичка дистанца во однос на тој свет. Уметноста исто така треба да ја поттикнува фантазијата, да ја зголемува сензибилноста и да ја развива способноста за разликување. Тие достигнувања на уметноста треба да се докажат и во другите сфери од животот и да ги направат луѓето способни да го воочат она што во општеството не е добро. Тука Кооперација ги спојува, ми се чини, модерните начела на уметноста (кои за нашите генерации станаа „темелни“, формативни) со „постмодерните“. 

Можеби најважната димензија на иницијативата Кооперација е нејзината социјална осетливост и вмреженост. Треба да потсетиме дека уметноста е посебна форма на општествена и културна практика, форма која е условена со политичкиот и економскиот контекст, но која не може да се редуцира на него. Адорно зборуваше за „двојниот карактер“ на уметноста, која едновремено е автономна и социјална. Затоа социјалниот аспект на Кооперација не може да се одвои од уметничкиот аспект. Социјалната димензија на Кооперација е важна и навнатре, во рамките на самата група (која постојано се шири и го менува обликот), но и нанадвор, кон јавноста и граѓаните. Самиот факт што уметничките дела на Кооперација се прикажуваат надвор од „дозволените“ („посветените“) простори за „прикажување уметност“, зборува колку е многу важна таа социјална димензија во работата на Кооперација. Но, внатрешната димензија на таа социјална осетливост можеби е уште поважна; Кооперација, меѓу другото, претставува и форма на „братство&сестринство“ или своевиден концепт на припадност кој нема стремеж за некоја соголена или затворена идентификација. Затоа Кооперација е отворена, динамична и преобразувачка група или форма, која својот „идентитет“ (славниот збор!) го наоѓа низ менувањето и прилагодувањето кон контекстите и кон луѓето. На тој начин, разбирајќи го сопствениот идентитет динамички и релативно, Кооперација, можеби парадоксално, во нашиот стерилизиран културен простор (стерилизиран како раскурцаниот Прометеј!) се идентификува на мошне силен начин, незабележан досега кај нас. 

Интересно е што во Кооперација подеднаква важност имаат и веќе афирмираните уметници и младите уметници-почетници. Сите имаат исти услови (т.е. немаат никакви посебни продукциски услови, со оглед на немањето буџет) и токму тоа заедништво во немањето како да укажува на еден речиси органски или природен процес на настанување на сцена. Бидејќи сцената едновремено, додека се формира, ги формира и оние што ја создаваат.. А човек сака да се наоѓа помеѓу сродни и блиски, во естетско-етичка смисла... Што е сосема природна работа, да разговараш и да се разменуваш со некој што ти е близок по чувствата и светогледот... Препознавањето на местото каде што се случува таа средба на „сродните“, артикулирањето на таа средба, надвор од претпоставените или организирани протоколи, веќе само по себе е своевиден културен гест, но и гест против досегашното овдешно разбирање на културата и уметноста. 

Затоа во Кооперација ја нема ни поделбата на куратори, водители, организатори, од една страна, и уметници, од друга. Автори на изложбите се сите членови на Кооперација. Не постојат филтрите на кустосите и годишните галериски планови. Нема филтер помеѓу публиката и уметничките дела. 

Исто така, ми се чини дека во оваа фаза на работата на Кооперација веројатно е добро што акцентот е фрлен врз непредвидливоста и авантурата на заедништвото, без строго определена програма и визија. 

Во моментов иницијативата Кооперација, во поширока културна смисла, ми наликува на швајцарското воено ноже кое истовремено е традиционално и технолошки модерно. „Скулптурално“ е, естетизирано, но и мултифункционално применливо и употребливо. Го собира во џеб, но преполно е со можности и ја исполнува речиси секоја задача што можеме да си ја замислиме. А можеме да замислиме сешто; на пример, ножето може да биде и „мртов“ естетски објект, преобразувачка скулптура, но може да биде и средство за одбрана... 

Насловна страница: Инес Ефремова, Ајде да си играме, 2012, Инкџет принт
Фотографиите се преземени од сајтот на Кооперација 

ART OF THE THIRD REICH In

ART OF THE THIRD REICH

  • In September 1933 the Reichskulturkammer (Reich Culture Chamber) was established, with Joseph Goebbels, Hitler's Reichminister für Volksaufklärung und Propaganda (Reich Minister for Public Enlightenment and Propaganda) in charge.
  • Subchambers within the Culture Chamber, representing the individual arts (music, film, literature, architecture, and the visual arts) were created; these were membership groups consisting of "racially pure" artists supportive of the Party, or willing to be compliant.
  • Goebbels made it clear: "In future only those who are members of a chamber are allowed to be productive in our cultural life. Membership is open only to those who fulfill the entrance condition. In this way all unwanted and damaging elements have been excluded."
  • Every artist had to apply for membership on presentation of an Aryan certificate.
  • In Nazi Germany, the Aryan certificate (German: Ariernachweis) was a document which certified that a person was a member of the Aryan race. Beginning in April 1933 it was required from all employees and officials in the public sector, including education, according to the Law for the Restoration of the Professional Civil Service.

http://en.wikipedia.org/wiki/Art_of_the_Third_Reich#Creation_of_the_Reichskulturkammer

Еве неколку текста кајшто ја

Еве неколку текста кајшто ја обработувам врската меѓу тоталитаризмот, уметноста и груевизмот:

http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=7B18D2743ED2C6468FC5044FDE1664EF
http://okno.mk/node/714
http://okno.mk/node/4627
http://okno.mk/node/6572
http://okno.mk/node/8086
http://okno.mk/node/2350

И што сега? Демек, паралела

И што сега? Демек, паралела со Македонија? Врска нема.

И каква врска има ова со

И каква врска има ова со Македонија?

Гелевски, зошто ги спомнуваш

Гелевски, зошто ги спомнуваш луѓето од Кооперација во текст кој го пишуваш примарно со цел да шириш партиска пропаганда (без разлика дали е од СДСМ или ВМРО)?
Не ти е срам?

Навистина е убаво тоа што го работат младите уметници, и иако мене лично можеби и не ми се допаѓаат нивните дела (заради мојот вкус или невкус), навистина ми е гнасно кога гледам дека нивното дело го употребуваш како шприц за инјектирање политичка пропаганда!

Тоа што се случило е „Се собрале група млади луѓе и креирале НЕШТО“.
Тоа што го пишува Гелевски е „Се собрале група млади луѓе и креирале нешто, и затоа треба да гласате за Бранко“.

Во текстот фино си

Во текстот фино си пишува:
„Треба да потсетиме дека уметноста е посебна форма на општествена и културна практика, форма која е условена со политичкиот и економскиот контекст, но која не може да се редуцира на него. Адорно зборуваше за „двојниот карактер“ на уметноста, која едновремено е автономна и социјална. Затоа социјалниот аспект на Кооперација не може да се одвои од уметничкиот аспект.“ Итн.
Кога би знаел да читаш потемелно, Мартин (а за тоа по штабовите не ве оспособиле, оти таквото читање бара сериозен труд), тогаш би знаел да правиш разлика меѓу критика, пропаганда, активизам, кич, уметност... Вака, за вас, изродбениците, се’ е тоа исто, кому иде...

Пак халуцинираш, не припаѓам

Пак халуцинираш, не припаѓам на ниедна партија (за разлика од тебе), и ниеден штаб не ми налага што да пишувам (повторно, за разлика од тебе).

Кога би бил автор на овие дела, стварно би ми пречело ако некој штапски писар земе да ми ги толкува на негов начин, чисто за да ја исполни обврската „дневно ширење пропаганда“ која му ја налага неговата партија, пардон „Советот за култура“ на неговата партија.

На овие млади уметници најмалку од се' им треба валкање со политика. Остави ги настрана од твоите дневни агитпроп задачи. Пишувај си ги текстовите и не ги валкај уметниците со политичка смрдеа!

Мартин, го почитувам твојот

Мартин, го почитувам твојот коментар. Сметам дека мислењето на авторот (Гелевски) е негово лично и треба да го почитуваш. Сметам дека нема ништо лошо во тоа да се напише текст со „примарно партиска пропаганда“, да ги искористам твоите зборови.
Кога политиката се бави со нас, граѓаните имаат загарантирано право да се бават со политиката преку различни медиуми (блогови, статии, трибини). Затоа, не се плаши кога ќе прочиташ текст со политичка порака или политички коментар. Политиката не е ексклузивно право само на политичарите. Политичарите се избрани од граѓаните за да ја претставуваат нивната волја во институциите. Граѓаните ја изразуваат својата волја и преку јавна дебата (медиуми, НВОа, трибини, анализи, протести, бојкоти итн.). Демократските друштва ја охрабруваат ваквата јавна дебата за да го зајакнат демократскиот капацитет на државата.
На крајот на денот сите анализи, статии, книги, па и уметноста во целина, носи во себе одредена политичка порака. Затоа мислам дека е ваквите блогови и портали  допринесуваат кон слободата на мислење и изразување и ја зајакнуваат јавната дебата.

Немам проблем со изразувањето

Немам проблем со изразувањето на волјата и мислењето на граѓаните, ниту пак ми пречи што луѓето имаат политички став.
Тоа што ми пречи е употребата на уметничките дела како носачи на политичка пропаганда, или пак (како во случајов) дрското користење на фактот што се случила изложба за да се истакне некаков нелогичен заклучок „се случи изложба - затоа треба да гласате за Бранко“.
Слободно нека пишува Гелевски што сака, чоекот има право на тоа. Ама нека не ја гнаси уметноста со пропагандата за која е задолжен да ја шири.

Мартин, дури и на ниво на

Мартин, дури и на ниво на најелементарно логичко расудување, во штабовите ништо не ве учат! Тотално сте запуштени, морално, воспитно, образовно... Која е поврзаноста со Бранкота, жити се’?! Го имате закачено на ѕид, во подрумот, па ти се присторува сегде, мили Бранче?!
Бранко, инаку, нема благе везе со уметност (он е народњачки тип, ко мали Црни Грујо и ко повеќето политички актери кај нас). Во „негово време“ вистинската уметност исто така (добро, не до толку, зашто ова под Грујо е дабетер и од бетерот!)) беше у курац. Така што, нема никаква логика твоето повикување на Бранкота. (А што па толку се опседнавате со Бранкота, ебаве преродбениците?! Зарем не ви е доволна бескрајната љубов кон пастирот?!)

Коља, одговорено ти е погоре

Коља, одговорено ти е погоре и не ме терај да ти повторувам :)

Се ова што го викаш ќе имаше

Се ова што го викаш ќе имаше поента доколку состојбата во Македонија на полето на уметноста не е онаква каква што беше. Денес во Македонија Никола Груевски е најголем квази-мецена. Он одлучува која уметност вреди и фрла милиони народни пари за неа, другите уметници може да умрат. Денес Министерството за култура доделува пари за писатели на романи, еј, на романи, и тоа на ненапишани романи. Така што Мартине, огромен дел од уметноста е толку изгнасен и извалкан што просто корне на километри. Релативизарење е да кажеш дека државно-финансираната уметност е независна, а онаа која вклучува општествена критика е партиска и политизирана. Крајно лицемерно е да се зборува за невалкање на уметноста, кога никогаш повеќе не била политизирана.

Груевизмот е мртов! Да

Груевизмот е мртов! Да живее... Што?

Барам одговор.

Преродбеници, абе стварно

Преродбеници, абе стварно докурчивте! Бранко та Бранко та Бранко! И под минатиот текст за Кооперација исто: СДСМ та СДСМ та СДСМ!
Преродбеници, ало, шупци! Најголемите разбирачи на уметноста, во вашата шугава партија, беа и за вјеки вјеков останаа криминалниот Љубен Пауновски и ултра криминалниот Љубчо Георгиевски! Мали Црни Грујо (иако, вистина, во криминалот ги надмина и хималајските височини на Љубчота, додуше мали Црни Грујо уз придружба на Фамилијата) не може да му се фати ни за малиот прст, кога станува збор за уметноста, на Љубчота (како Љубчо да е кипот, боже прости, на Александар, хи хи хи!) Додуше и Љубчо си имаше блескави уметнички моменти (Крстот, катастрофата Плаошник итн.), али гигантот на културниот идиотизам, Мали Црни Грујо, никад никој не може да го достигне!

^^ отприлика скратена форма

^^ отприлика скратена форма на текстот на Гелевски што можете да го прочитате погоре.
Кооперација веројатно се прашуваат каде ли згрешија за нивното дело да биде вака подло извалкано со политика.

Извини, батка, да те прашам,

Извини, батка, да те прашам, може имаш одговор: каде толку згреши македонскиот народ (а особено граѓаните на Скопје), за патолошките халуцинации на Николае Грујабе да ни бидат инсталирани како џиновски гомна среде целиот плоштад?! Каде толку му згрешивме на бога целокупната уметност во Македонија летата 2006-2012 да биде до балчак извалкана со гомната на преродбеничката политика?!

Одговор на коментарот што

Одговор на коментарот што почнува со: „Преродбеници, абе стварно докурчивте!“

Овој текст на Гелевски почнува со: „Опустошувачкиот налет на груевизмот“. Кој докурчува?

Гелевски вели: „Уметноста што

Гелевски вели: „Уметноста што е жива бега од триесетметарските постаменти и своето ново присуство го гради низ бекството и отсуството од постаментите.“

Водечкиот германски историчар на уметноста Ханс Белтинg вели: „Сликите традиционално живеат од отсутноста на телото, која е привремена (значи, просторна) или, во случај на смрт, конечна. Таа отсутност не значи дека сликите ги привикуваат отсутните тела и ги наведуваат да се вратат. Напротив, сликите ја заменуваат отсутноста на телото со поинаква форма на присутност. Иконичката присутност се’ уште ја одржува отсутноста на телото и ја претвора во нешто што мораме да го наречеме видлива отсутност. Сликите живеат од парадоксот да ја изведуваат присутноста на отсутноста или обратно...“ (Belting, Image, Medium, Body, 316)

„Гелевски вели“ „Гелевски

„Гелевски вели“ „Гелевски вели“ „Гелевски вели“ „Гелевски вели“ „Гелевски вели“ „Гелевски вели“ „Гелевски вели“ „Гелевски вели“ „Гелевски вели“ „Гелевски вели“ „Гелевски вели“ „Гелевски вели“ „Гелевски вели“ „Гелевски вели“ „Гелевски вели“ „Гелевски вели“ „Гелевски вели“ „Гелевски вели“

LOL

Не си во тие кругови и простено ти е, ама да си знаеш - автоцитирањето се смета за прилично голем резил во еден научен труд (сепак е простено ако е во партиски нарачана пишанка;)

Скопје 2014 е неодбранлив

Скопје 2014 е неодбранлив проект. Не постои таа пропаганда која во континуитет може да одбрани едно такво колосално срање од проект. Ради тоа вмровците сега се збунети. Јалова работа е на таква будалаштина и понатаму да трошиш пропагандни ресурси (иако тие до вчера изгледаа неограничени, им се гледа крајот, и мора да се економизира).
Ради тоа им предлагам на вмровците: пуштето го пастирот низ вода. Нек отидат седум-осум години во затвор он и неговиот АНАЛИТИКО АИ тим. Затвор за криминалите од СК014 и сите други. За тоа време ВМРО треба да се ресетира и рестартира, со нова конфигурација.
СК014 е скопскиот и македонскиот ужас. Околу решавањето на тој ужас ќе треба во иднина да се погрижат некое ново разумно и цивилизирано ДПМНЕ (ако е можно такво нешто?!) и СДСМ.
Бесмислено е расправањето околу СК014. Тоа е не само епохална глупоштина која ги надминува рамките дури и на регионов, туку ќе остане пример за историско фијаско од невидени размери. СК014 може да биде добар филтер да се прероди сега изродбеничката ДПМНЕ целата ставена во функција на мрачните халуцинации на еден човек и на криминалите на Фамилијата.

Неодбранлив проект? Мене ми

Неодбранлив проект? Мене ми се допаѓа. Судејќи според резултатот од последните избори, и на доволно граѓани на Македонија (ај не велам мнозинство да не ве навредам вас нежни души математичарски).

И што сега?

За вкусовите не се дискутира,

За вкусовите не се дискутира, ама за замашната сума на СК014 (300+ милиони евра) и тоа како се дискутира. Гледам на доста луѓе им се допаѓа СК014 и се фоткаат кај Аце Велики, кој патем е најголемиот геј споменик во светот за што Скопје треба да го преземеме звањето gay capital of the world од Сан Франциско.
Резултатите од последните избори се легитимен аргумент да се одбрани тезата дека „на доволно граѓани“ им се допаѓа СК014. Меѓутоа мора да се земе во предвид фактот што (1) илјадници статии, колумни, анализи се креираа за СК014; (2) имаше мноштво граѓански протести на плоштад, кај лавовите, мостот кај Холидеј Ин; (3) светските медиуми го нарекоа „забавен парк„ (CNN), The Economist го анализираше низ контекст на Asterix i Obelix; (4) дипломатите отворено тврдат дека срам им е да побараат донации за Македонија од своите земји кога гледаат како се растураат државни пари во Македонија; (5) државниот ревизор и многу експерти утврдија дека голем дел од СК014 е незаконски, бидејќи само Собранието може да одобри градење на споменици од државно значење, итн итн.
Исто така, мноштво анкети покажаа:

  1. 60 отсто сметаат дека СК 2014 не е од полза на граѓаните (март 2012, ЦИА) http://sky.mk/makedonija/22176.html
  2. 58 проценти се против проектот СК 2014 (март 2010, Дневник и Рејтинг) http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/588630/
  3. Над 50 проценти од испитаните Албанци сметаат дека предвидените споменици и згради ги влошиле меѓуетничките односи (март 2010, Дневник и Рејтинг) http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=69A1E16BED168A4AB4CABAC573E9374C

Оттука, сметам дека СК014 е една промашена инвестиција, ако може воопшто да стане збор за инвестиција.
Околу изборната математика. Се врти тркалото. Тој што денес е горе, утре ќе биде на дното. The bigger they are, the harder they fall. Народот дава, но народот и зема. Резултатот е позитивен за ДПМНЕ, ама трендот е негативен, т.е. се помалку пратеници има ДПМНЕ. Исто така, ДПМНЕ е заложник во владата на помалиот коалициски партнер и ДПМНЕ проголта многу срамни работи само да остане на власт. Таквата политика е неодржлива.
Најнакрај, ДПМНЕ се гордее на своите христијански корени, меѓутоа во овие 6 години на ДПМНЕ се распаѓаат болниците и училиштата, умираат новороденчиња (според стапка на морталитет на новороденчиња сме во врвот на ЕУ); The Economist ја рангира Македонија како најмизерна земја во светот (според невработеност и инфлација). СК014 е нехристијански проект во најмала рака, бидејќи зема од сиромавите (преку даноци) и инвестира во мермер и бронза. ДПМНЕ треба да се засрамат ако се вистински христијани. ДПМНЕвците треба да ги препрочитаат Библијата и десетте заповеди.
 

За све си у право. Еве, се

За све си у право. Еве, се откажувам од пастирот мој и веќе не го признавам за пастир мој. Зимам чекан и кршам споменици. Што потоа? Кој ќе гради и поправа болници и училишта? Кој нема да биде заложник на помалиот коалициски партнер? Кој ќе ја намали смртноста на новороденчиња? Кој ќе ги намали невработеноста и инфлацијата?

Радмила Шеќеринска беше

Радмила Шеќеринска беше одличен избор, ама два пати ја победи Грујо (помочу магија и трикова). За парламентарните во 2015 или предвремените парламентарни, не знам кој би бил против-кандидат. Ако ја има интелегенцијата, искуството и едукацијата на Рада, тогаш ќе биде ОК.
Кој и да биде против-кандидатот, се надевам дека Грујо тогаш ќе смогне храброст за еден ТВ дуел, како што е ред во демократскот свет. На тој начин Грујо ќе го испочитува пола гласачкото тело од 2011 кое гласаше за партиите од опозиција. Половина од гласачите на РМ заслужуваат индиректно преку претставникот од опозицијата да дебатираат со драгиот лидер.

Едукацијата на Рада? Да те

Едукацијата на Рада? Да те потсетам, оти гледам дека си заборавил, Рада има завршено електро. Исто како и Јани, Бранко...

Главобол, check your facts.

Главобол, check your facts. Рада има магистратура од The Fletcher School of Law and Diplomacy, Tufts University, од 2007.  Fletcher School е меѓу најпрестижните катедри во светот за меѓународни односи. Грујо кај беше дипломирал?  Prilep School of Business?!?  Јаооо, стварно глава боли.

Аха, значи сепак СДСМ.

Аха, значи сепак СДСМ. Дооообро.

Само, Рада не можеше да се избори внатре во партијата, па камоли надвор. Остај ти Грујо што ја победи, ја победи и Буч, а Бане ја држеше на краток поводец. Дали Рада, ако стане премиер, ќе биде независна и самостојна?

А Грујо може нејќе да се натпреварува во олајавање. Плус, си има човекот говорна мана и можеби се срами. Во ниедна земја не е правило да мора да има ТВ дуел.

Небри, ако Грујо се срами од

Небри, ако Грујо се срами од олајавање (иако олајава секој ден како монолог) или од говорната мана, јас се срамам што имам премиер што се „срами“ да излезе на дебата. Дури и Египет што беше диктатура до пред година-две организираше претседателска дебата.
http://www.nytimes.com/2012/05/11/world/middleeast/egyptian-candidates-clash-in-tv-debate-an-arab-first.html
Ако се срами Грујо, нека ги пушти Ставрески, Пешевски, пратениците, anyone! На последните избори сите кандидати за пратеници од ДПМНЕ бојкотираа телевизиски дебати. Па ваљда има некој таму без „говорна мана“!?!
Дали Рада ќе биде самостојна е добро, хипотетичко прашање. Сметам дека е доволно искусна во политиката да биде свој човек. Колку е Грујо самостоен, тоа е прашањето. Гледаме дека фамилијата околу него ги држи работите, Љубчо обзнани дека го протуркал изборот на Грујо на противење на ДПМНЕвскиот естаблишмент и волјата на УМС. Де факто Грујо не е лидер на ДПМНЕ, бидејќи бил избран на нелегитимен пат.

Иги, сите точки наведени

Иги, сите точки наведени погоре се пропаганда, и тоа многу прозирна. Не знам дали патолошки сакате да си ја навредувате земјата или тоа си го правите онака, уз кафе муабет. Што има врска ВМРО со дневниот графикон на уредникот на Економист. Човекот си видел интересна комбинација од два показатели, си направил чарт и го крстил индекс на мизерија. Ниту е научен, ниту по било која основа е докажан метод за мерење на било што, а најмалку мизерија. Меѓутоа вашата плукачка група константно го вадите тоа како крунски доказ. Тоа упатува на две можности. Првата е дека сте морони па не можете да го сфатите чартот на Економист, па верглате што ви наредиле, а втората е дека разбирате многу добро за што е направен графиконот, мегутоа и покрај тоа намерно го бомардирате народот со дезинформации со цел да му го исплукате секојдневието. Како и да е и во двата случаи заклучокот е еден. Вие сте во ова влезени за пари, морално сте атрофирани и не е фер да се расфрлате со христијанството како морален кодекс кој божем го имате. Плукањето не е баш христијански.

Божја заповед бр. 9
Не сведочи лажно против својот ближен.
Thou shalt not bear false witness against thy neighbour.

Драга Меглена, Благодарам за

Драга Меглена,
Благодарам за коментарот. Не се согласувам со твојата перцепција дека критичкото мислење е пропаганда, моронство и морална атрофија. Тоа е твој став и во целост го отфрлам. Јас сметам дека критичкото мислење е срцето на демократијата. Едноумието отиде во историја пред 20тина години.
„Економскиот гуру“ Ставрески го цитираше Економист пред некое време дека сме биле ниско задолжена земја. Тоа чини, ама индексот на мизерија не чини?!? Двојни стандарди!?!
Се согласувам дека индексот на мизерија не е научен, меѓутоа секое рангирање од Економист има огромна тежина. Неделната продажба на Економист е 1,5 милиони копии. Понатамошни коментари за сериозноста на Економист се излишни. (eве го линкот од рангирањето според индекс на мизерија за 2011 за љубопитните http://www.economist.com/blogs/graphicdetail/2012/01/daily-chart-0)
Врската помеѓу ВМРО и Економист? Рангирањето е за 2011 год. Колку што се сеќавам ВМРО е на власт од 2006 год., цели 6 години, нели? Додади уште еден мандат на ВМРО 1998-2002, тоа се 10 години од 20 години македонска независност. ВМРО и СДСМ може гордо, пола-пола, да си ги поделат заслугите за ова рангирање на Wall of Shame од страна на Економист! (btw, претходнава реченица е пример за критичко, избалансирано расудување што може да ти послужи). Можеби ВМРО заслужува да понесе поголем дел од „заслугите“ за македонската мизерија бидејќи е веќе 6 години (and counting) на власт.
Меглена, ако Економист не ти е репер за економски анализи, дај да пробаме со Светска Банка. Тие секако имаат доста опсежни методи на анализа. Сепак се банка. Имено, според најновиот извештај на Светска Банка за економскиот напредок на земјите од Западен Балкан, Во Македонија 42% од граѓаните живеат со помалку 250 денари месечно, додека 14,7% од граѓаните живеат со малку од 100 денари месечно, со што сме во врвот на Европа по сиромаштија. Стапката на невработеност на Западен Балкан (најмногу кај младите) е двојно повисока од просекот во Западна Европа. Се надевам дека и ова не се дезинформации за тебе. (линк за љубопитните http://www.worldbank.org.mk/WBSITE/EXTERNAL/COUNTRIES/ECAEXT/MACEDONIAEX...)
Повторно, пиши му на Бранко пола заслуга за овие шокантни бројки, и пола на Грујо (еве нека ја дели оваа половина Грујо со Љубчо). Тажното шоу продолжува со Грујо како церемонијал мајстор. Сметам дека Грујо може со еден потег да ја спаси Македонија. Да си даде оставка.
I rest my case.
п.с. Воопшто не се согласувам дека со моето критичко мислење „патолошки“ си ја „навредувам“ земјата. Сметам дека со своето критичко мислење допринесувам мојата земја да се подобри.
п.п.с. Проектот СК014 е апсолутно 1) нехристијански (помпа и сјај наспроти очебијната сиромаштија), 2) незаконски (проект на Општина Центар!?!), и 3) недемократски (силеџиски имплементиран без јавна дебата). 

Кој? Кој?

Кој? Кој?

Не е ова работа на

Не е ова работа на согласување или несогласување. Едноставно е пропаганда да го користиш чартот како доказ дека Македонија е прва во светот по индекс на мизерија. Прво чартот е направен за 92 најразвиени земји, а на планетава има 196 земји, односно 193 земји во Обединети Нации. Пропаганда свртена обратно би била - Македонија има најдобар начин на живот во споредба со 104 земји во кои живеат околу 70% од популацијата на земјата.
Второ истиот тој чарт направен само за Македонија низ години има најголем индекс ан Мизерија во времето на СДСМ од 2004 до 2006 затоа што тогаш имаше и најголема невработеност. Така да можеш да кажеш дека трендот на индексот на мизерија е во намалување што е многу позитивно. По таа аналогија не е тоа пола-пола , туке индексот на мизерија стално е најголем во времето кога на власт е СДСМ и има влошувачки тренд , а кога е ВМРО на власт има позитивен тренд. Значи со твојот коментар се шират невистини намерно, се со некоја цел. Ти велиш дека тоа е критика. Јас повторно ке кажам дека има само две опции кои ги наведов погоре. Или едната или другата. Мегутоа и двете водат кон ист заклучок, пропаганда.

КОРЕКЦИЈА: Имено, според

КОРЕКЦИЈА: Имено, според најновиот извештај на Светска Банка за економскиот напредок на земјите од Западен Балкан, Во Македонија 42% од граѓаните живеат со помалку 250 денари ДНЕВНО, додека 14,7% од граѓаните живеат со малку од 100 денари ДНЕВНО, со што сме во врвот на Европа по сиромаштија.

Добро, и тоа е сиромашно во

Добро, и тоа е сиромашно во однос на што? Во однос на Германија или на Америка? Направи графикон и покажи ни во однос на која друга Македонија ова е сиромашно. Можеш да ја избереш која сакаш Македонија, од вчера, од времето на твоите омилени квази-комунисти СДСМ, од времето на правите комунисти, од Турско, од Византија, од античко време, само кажи во кое време во Македонија имало помалку сиромаштија од ова што го навела Светска Банка.
Македонија била и најверојатно ке остане печалбарска земја. Милијарда и пол долари печалбарски пари не се појавени нигде во твојата статистика од Светска Банка. Тоа е директен извоз, 100% профит. Тоа е реалност, а ова твоево со Светска Банка е уште една пропаганда. Користете ја малку главата кога читате статистики. Нормално е дека ќе ви кажат висок процент на сиромашни кога имате како бројка 31% невработени. Тоа значи дека тие 31% невработени немаат никаков приход, што преведено би значело дека секој трет што ке го видите на улица не јадел денес. Не можат да кажат дека има 2% сиромашни а 31% невработени. Тогаш единствен заклучок би бил дека тие 29% невработени се добро ситуирани и не им треба работа.
Еве една бројка за вас. Македонија има околу 540 000 домакинства. Од тие домакинства 89.8% по државен завод за статитстика се во сопственост на свој стан. По кое мерило луѓе кои имаат свој стан се наркуваат сиромашни? Уште повеке во 2010 тие исти домакинства имале 520 000 телевизори во боја, 285 000 автомобили, и 250 000 компјутери поврзани на интернет.
И вие тука ми се расфрлате со бројки од светска банка за сиромаштија со кои ги споредуваат црнците од Африка, кои живеат во колиби, немаат вода и пристап до школо или здравство. Пак ке кажам, или не сте мрднале од Македонија и немате појма што се случува на планетава, или тендециозно ширите пропаганда со цел да го застрашите народот.

Економист е почитуван медиум,

Економист е почитуван медиум, иако конзервативен за тебе како "левичар"(смешно како нашиве опозиционери од партијата на олиграсите што остави стотици илјади луѓе на улица љубат да се налекуваат левица), и индексот на мизерија е точен, како што е и фактот дека МК е најниско задолжена земја, и како на Doing Business дека МК е меѓу најдобрите реформатори во светот, как што се и оценките на IMF за одличната макроекономска политика во МК.

Нејсе, кога веќе зборуваш за индексот на мизерија, невработеност, сиромаштија, забораваш (conveniently) да кажеш дека беше многу полошо во времето на БЦ.

Забораваш да кажеш дека БЦ ја уништи МК економијата во време на светски и регионален економски процут. Забораваш да кажеш дека од почетокот на светската економска криза од 2008 наваму сите соседи а и целиот развиен свет паѓа од година во година во поголема сиромаштија и беда.

Во таков контекст економските политики на НГ и ЗС се тоа што направија ние да НЕ ПАЃАМЕ во тие рангирања последниве години што само по себе е ОГРОМЕН успех.

Само слепи подржувачи на БЦ, и најверојатно од лични причини, би му ја дале на БЦ судбината на МК в раце во такви клучни моменти. Јас сум навистина среќен што во време на кризата овие дечки беа и се на власт. А вие дувајте си партиска пропаганда колку што ви се сака, само не се кријте зад Економист погоре, или зад уметноста во текстот, или зад некаков активизам ај ај, активисти да ти биле они. Можеш да дуваш пропаганда, да, и воопшто и во текст за уметноста, но во тој момент се одрекуваш од "независноста" и "професионалноста" на она што го пишуваш.

Значи целта на пишувањето не е уметноста, туку политиката, и темата уметност е валкано злоупотребена за дневно политички цели. Така што нарекувајте се активисти, младина на БЦ, архибригади, без срам и со гордост. А вака задскривање зад уметност денес, архитектура утре, спорт задутре не доликува на "храбри" нови "револуционери"

А и Скопје 2014 е преубав проект, може да се полемизира ова да беше онаму а ова овде, да, но да се полемизира со проектот кој дојде на местото на една срамна селска ледина и притоа да се брани "урбаното" Скопје е "a bit rich"

A башка и на сите странци им се допаѓа. Скопје стана европски туристички хит. Е па сега од мака, срам и брука дека БЦ седеже на мрзливиот си газ и не направи ништо ќе плукаме се што се прави.

I rest my case too.

One more thing, нешто не е во

One more thing, нешто не е во ред со line of thought во овие две последователни реченици:
„Вие сте во ова влезени за пари, морално сте атрофирани и не е фер да се расфрлате со христијанството како морален кодекс кој божем го имате. Плукањето не е баш христијански.“ 
Молам!?!?! Ова ме потсетува на "Don't do as I do, do as I say!?!?".
 
 
 
 
 

meglena, сестро во која група

meglena, сестро во која група спаѓаш. Во лижаљчка?

Prostete ama nikoj od vas ne

Prostete ama nikoj od vas ne go dopre kameleonizmot vo makedonskata kultura...nikoj ne razgovarase za nekompetencijata vo drzavniot sistem sto e za zal seuste edinstven finansiski izvor sto ja hrani taa ista kultura...a mnogumina, nekoi duri i od najglasnite buntovnici vo momentov, seuste se zavisni i go cicaat toa isto nejzino mleko...

Ima li moznosti kulturata vo drzavata samostojno da profunkcionira...dali se baraat drugi alternativni izvori koi bi ja finansirale "nezavisnata" produkcija...

 За сите оние заинтересирани

 За сите оние заинтересирани за расправата по текстот, еве го мојот прилог.
поздрав.
 

ОкоБоли главаВицФото