1029 hPa
38 %

12 °C
Скопје - Нед, 09.02.2025 13:59
Дали парчињата од детските пластични базени, канти за отпадоци, четки за коса, винил, мермер, чевли и цевки од правосмукалка се само случајно нафрлани поими и елементи или сите работи заедно можат да сочинуваат едно уметничко дело? Американецот Џонстон Фостер докажува дека споменатите работи се само дел од безбројните отпадоци и отфрлени материјали кои тој ги рециклира, користејќи ги за создавање на своите чудесни и атрактивни скулптури. Во своите дела Фостер ги истражува фундаменталните идеи за формата, обликот и скулптурата, искористувајќи ги отфрлените материјали, вдахнувајќи им нов живот на работите кои потрошувачите ги фрлаат.
Материјалите за своите дела Фостер ги собира на ѓубриштата, по улички, премини... Сето тоа што е оставено, или некому престанало да биде функционално, што е старо и потрошено, за Џонстон Фостер тоа е идеална материја за креација.
Неговите скулптури содржат голема доза на автентичност и авторска препознатливост која Фостер ја створил низ годините, креирајќи скулптури со стриповска естетика, светли бои и необични сцени кои остануваат запаметени. Неговата уметност е сè освен досадна, по правило секогаш е забавна и духовита, тематски кокетирајќи со ликовите од цртаните филмови или стриповите, со нагласена форма на бизарното. Чести мотиви во неговите дела се животните, прикажани во најчудни комбинации од материјали, за кои, кога ќе ги пронајде, ни самиот автор не знае што сè може да направи.
Извор: http://pogledaj.to
Мала исправка: наместо
Испратено на 19 јули 2012 од ЛекторМала исправка: наместо „претвара“ (Тоа што ние го фрламе, тој го претвaра во уметност)треба да стои „претвора“, зашто овој збор е изведен од зборот „твори, творење“ (создава). Не дека ви е првпат да грешите, ама можеби со тек на време и ќе научите македонски.
Мислиш „со текот на времето“?
Испратено на 20 јули 2012 од АнонимензззМислиш „со текот на времето“? :)
Тоа што ние го фрламе, Папата
Испратено на 22 јули 2012 од ТасиќТоа што ние го фрламе, Папата го претвОра во коалициски партнер.