Геј парада во центарот на Скопје?

19.07.2012 17:06
Геј парада во центарот на Скопје?

Пред две седмици, десетина активисти од новоформираната организација „ЛГБТ Јунајтед“ се фотографираа пред фонтаната со „Воинот на коњ“. Се фотографираа со разнобојното знаме (симбол на ЛГБТ заедницата) и со натписи „геј“, „лезбејка“, „бисексуалка“, „трансродно лице“.

Фотографиите од „малата геј парада“ се најдоа во повеќе медиуми, па и на CNN iReport. Една од фотографиите беше објавена и на фејсбук ѕидот на Јанко Илковски, кој во 2009 повика на контра-протест против „збирштина од геј и атеисти“ кои „ќе се обидат да шират гадости под закрила за грижа на архитектурата на градот, а против изградба на црква.“


Фотографијата најавена како „Мала геј парада у Скопје...“ предизвика повеќе коментатори кои на ѕидот кај Јанко почнаа да шират говор на омраза кон активистите на „ЛГБТ Јунајтед“. Покрај бројните навредливи хомофобични коментари имаше и такви кои отворено повикуваа или поттикнуваа на насилство: „Како не се најде некој да ги бутне во фонтаната“, „сите у центрифугааа“, „Колеж за ова све!“, „во казан и сапун за нозе“, „овоа треба да се убие!!!!“... Хомофобични и насилнички коментари можеа да се прочитаат и на фејсбук страницата на ЛГБТ Јунајтед каде беше објавена фотографија со поднаслов „Ние сме тука!!! Ние постоиме“: „more mrsh mamu vi ibam“, „UBI UBI UBI PEDERA!! :@“...

Ако само неколку објавени фотографии на мала група ЛГБТ активисти предизвикаа толку жестока омраза и отворени повици за нивна физичка елиминација, тогаш, каква ли ќе биде јавната реакција ако македонските ЛГБТ активисти најават организирање на геј-прајд во центарот на Скопје, токму пред „Воинот на коњ“?


Полека, без возбуда. Колку што ми е познато, во блиска иднина нема најави од страна на ЛГБТ-активистите за организирање на геј-прајд во центарот на Скопје. Но, зошто па да не се организира, кога успешни „геј паради“ годинава беа одржани во повеќе балкански градови? Прајдови беа организирани во Загреб, Сплит (поддржана од претседателот), Софија, Атина, Солун, а „геј рајд“ беше организиран во Тирана. Најмасовната геј-прајд беше организирана во Истанбул каде што се одржа и марш на транс лицата.


Постојат повеќе причини зошто досега во Македонија не е организиран ЛГБТ-прајд:

1. Изгледа единствената слобода на изразување која во Македонија дословно се почитува е слободата на изразување на говорот на омраза, кој особено ги погаѓа припадниците на маргинализираните заедници. Несанкционирањето на хомофобичниот говор на омраза ги обесхрабрува ЛГБТ-активистите кои оправдано стравуваат дека ќе бидат изложени на несанкциониран говор на омраза во медиумите и на социјалните мрежи. Токму затоа, јавната осуда на сите видови говор на омраза, вклучителни и кон ЛГБТ лицата, е предуслов за да може да се создаде клима за остварување на нивните права на слобода на изразување и на мирен протест. Исто така, институциите мора да почнат да ги казнуваат јавните повици на насилство и елиминација на луѓе заради нивната сексуална ориентација, родов идентитет, или која и да е друга дискриминаторска основа.

2. Во Македонија досега се толерираше насилството предизвикано од хомофобичниот говор на омраза, не само на спортските настани, туку и на главниот скопски плоштад. Насилството предизвикано од групата „спонтано-организирани“ во март 2009 ги обесхрабри малкумината ЛГБТ активисти и ја намали довербата во полицијата, обвинителството и судството како заштитници на правото на мирен протест. Ако се организира геј-прајд на скопскиот плоштад дали полицајците ќе ги заштитуваат граѓаните кои ќе се приклучат на мирниот протест или повторно мирно ќе го набљудуваат нивното насилно „дислоцирање“ од плоштадот, од страна на „спонтано-организираните“ тепачи?


3. Македонија е на дното на европската листа за почитување на ЛГБТ-правата затоа што владејачкото мнозинство константно ги злоупотребува човековите права на ЛГБТ лицата намерно мобилизирајќи ги негативни стереотипи, предрасудите и дискриминаторските ставови на граѓаните. Наместо да создава услови за уживање и заштита на човековите права на сите граѓани, „конзервативците“ ја избришаа сексуалната ориентација како основ за дискриминација и ја користат секоја можна прилика за лансирање на хомофобична кампања против истополовите бракови. Колку што ми е познато, никој(а) во Македонија досега нема побарано закон за истополови бракови (туку закон за регистрирање на партнерства), но медиумско-пропагандната машинерија упорно ја експлоатира оваа тема, со намера да ги „поклопи“ другите ургентни барања (за ефикасна заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, како и барањето за заштита од семејно насилство на лицата кои имаат блиски лични односи, независно од нивниот пол).

4. Сепак, веројатно најголема причина за неодржувањето на геј-прајд во Македонија е расцепканоста на ЛГБТ-заедницата и недостатокот од критична маса на активисти кои јавно ги застапуваат човековите права на ЛГБТ лицата. Појавата на нови ЛГБТ здруженија и активисти буди надеж дека наскоро би можело да се создаде критична маса која ќе има капацитет да организира геј-прајд.

5. Особено загрижувачко е отсуството на солидарност кон правата на ЛГБТ-лицата од страна на невладиниот сектор, медиумите, јавните личности и интелектуалците. Голем дел здруженија на граѓани наведнаа глава и се согласија со бришењето на сексуалната ориентација од Законот за заштита од дискриминација. Со тоа станаа соучесници во хомофобична кампања која се обидуваше целиот Закон за заштита од дискриминација да го претстави како Закон за заштита на хомосексуалците. Новинарите, јавните личности и интелектуалците речиси и да не реагираат во јавноста на отворените хомофобични напади и кампањите за омаловажување на правата на ЛГБТ лицата.

Дури и интелектуалци и колумнисти кои имаат стаж како активисти за човекови права не покажуваат „сенс“ за ЛГБТ правата, особено за правото на слобода на изразување и мирен протест (кое се реализира преку „геј прајдови“ или „ЛГБТ паради“). На пример, еден колумнист, поранешен член на Хелсиншкиот комитет, ја сведе хомосексуалноста на „порочност и изопаченост“ и отворено си кажа дека „хомосексуалноста и другите отстапувања од нормалното сексуално однесување (педофилија, некрофилија, травеститство...), треба да се изедначат со други болести на модерната цивилизација“. Според него, човековите права треба „да се сфатат како право на сериозно третирање од општеството за надминување на таквите девијантни појави“?!?

Иако ваквите искрени хомофобични изливи се реткост кај македонските активисти за човекови права, воопшто не се ретки „аргументите“ со кои некои се обидуваат да ги девалвираат или да ги прикажат правата на ЛГБТ лицата како неургентни. На пример, една колумнистка, исто така поранешна членка на Хелсиншкиот комитет, неодамна го повтори својот познат став: „Нека кажат дека сум конзервативна или дури дека сум (скриен) хомофоб, ама за да дојдеме до слободата и љубовта, мора да се преживее.“ Претходно, истата колумнистка, аргументираше дека правата на некои припадници на маргинализирани групи се поургентни од правата на други припадници на маргинализирани групи: „Во ситуација кога „мртви ладни“ минуваме покрај луѓе што се маргинализирани, само затоа што се припадници на некоја група (Роми или сиромашни, на пример, или двете), не гледам зошто геј-популацијата е во жижата на интересот.“ Како да и помогнеме на оваа наша активистка за човекови права, која не почна да се занимава со правата на Ромите и сиромашните, да прогледа и да согледа зошто „геј-популацијата е во жижата на интересот“ токму во моментот кога провладините пратеници и медиуми намерно ја избришаа сексуалната ориентација и поведоа дискриминаторска хомофобична кампања? Како да и помогнеме на универзитетската професорка да сфати дека и ЛГБТ лицата имаат право не само да преживеат, туку и да ја остварат својата слобода на мирен протест – без да бидат изложени на насилство, закани по живот, дислоцирања...

„Имаме ние многу посериозни работи за кои треба да се зафатиме и да се соочиме одошто да парадираме гордо...“ – поентираше колумнистката, без да се зафати за ниту една од „многуте посериозни работи“. Но, запрашајте ги ЛГБТ лицата – колку нив ги боли неможноста да го остварат човековото право кое ние другите секојдневно го остваруваме. Можеме слободно и мирно да протестираме, гордо афирмирајќи ги своите идентитети како Македонци, Албанци, Роми, невработени, жени, стечајци, тутунари, млекари, „жртви на транзицијата“, комити, балисти, православни и исламски верници... Зошто и ЛГБТ лицата да не го остварат своето право на мирен протест, гордо афирмирајќи ги своите идентитети како геј, лезбејка, бисексуалец/ка, транс, квир...? И зошто да не го остварат тоа право токму пред споменикот на Александар Македонски – симболот на сексуалната слобода и разновидност?

Втората слика (одозгора надолу) е преработка на делото „Напред, кон минатото“ (2012) на Игор Тошевски.

Жаренце има дечко

Жаренце има дечко

Ова е вмровски хумор. Ради

Ова е вмровски хумор. Ради таквиот хумор, меѓу другото, не’ сметаат за најзаостаната нација во Европа. Тој хумор е коресподентен и со естетските дострели на груевизмот. По кои Македонија исто стана позната, за подјебавање. Нема хумор, нема уметност, нема човечки права (кои достасаа дури и до Албанија и Турција!) - тоа е Македонија под груевизмот. Удри удри удри го педерот!!!

Не удирај го Жаренце,

Не удирај го Жаренце, хомофобу

ЧЕКАЈ ЧЕКАЈ! Германија прва

ЧЕКАЈ ЧЕКАЈ!

Германија прва меѓу земјите кои почитуваат геј права, а Македонија меѓу последните?
Драги мои, направете мала геј парада во помалите гратчиња во Германија и да видите како ќе поминете.
Пробајте направете парада во Белград или било каде во Србија, која не знам како котира високо на објавената листа, па да читнеме што ќе напишете за тоа.

А бе шупаци едни, во Македонија за разлика од други земји меѓу кои и наведениве, НЕМА ФИЗИЧКО НАСИЛСТВО КОН ХОМОСЕКСУАЛЦИТЕ КАКО САМОНАРЕЧЕНА ЗАЕДНИЦА.
ГЕНЕРАЛНО ГЕЈ ИС ОКЕЈ.
Само треба да сфатиме едно, како што нпр. не сакаме да прифатиме у друштво да речеме некој набилдан шупак, кој слуша хардкор турбофолк и има девојка која се облака како Карлеуша и знае да збори само за коли и мотори и ју нејм ит слични културолошки срања и нон стоп праиме мајтап кон таквите(пр.профил Урко или како и да се вика), така има и луѓе кои не можат да ги прифатат хомосексуалците и си прават мајтап со нив.
И се додека тоа се манифестира вербално И НЕМА НАСИЛСТВО кон поинаку ориентираните, без разлика дали сексуално, социолошки или културолошки СВЕ Е ОК!

Да бевте у Белград или Загреб имаше да ве подујат од ќотек.
А еве тука фино лепо сте си напраиле фото сесија и никоме ништа.
Све поминало ОК, веројатно имало неколку љубопитни погледи и тоа е тоа. Е сеа на Фејсбук пишувало ова, пишувало она.
ПА ШТО!!!
На фејсбук и по интернетов може да се сретне се и сешто напишано буквално за секого и зошто вие да имате екслузивно право да не смее никој да пишува за вас, па макар тоа биле и интернет провокации од најнизок вид.

Еве и тука, на фејсбукс па и на Јутјуб, се форсираат и одобруваат закани и говор на омраза меѓудругото и кон вмровци, па овие не искачаат по улици да цмиздрат дека правата на вмровско определување им се загрозени и дека се цел на постојан интернет мобинг! чД

Дај не бидете педери(фегети), престанете со цмиздрењето и зачувајте си го вашето хомосексуално достоинство.
Барем до таму можеме да ве почитуваме.

Гаду, Жарко има право да биде

Гаду, Жарко има право да биде геј исто колку што ти имаш право да коментираш тука! Не прави глупи шеги за неговата сексуална ориентација!

A be vmro-idcinja, Zarko

A be vmro-idcinja, Zarko tolku nezno vi go spopikuva, sto pocnavte "Zarence" da go vikate. Ako ako... I Aleksandar Makedonski si imal cel zivot decko, pa nema nisto ponormalno od toa site nie da si pravime gej-parada kaj Aceta. Samo uste eden spomenik ni fali, na decko mu na "Acence" :)

Alexander the Gay

Alexander the Gay

Милитантни хомофоби, багра

Милитантни хомофоби, багра одвратна, ебете се у г'з!

Твоите фрустрации од слаба

Твоите фрустрации од слаба економско исплатлива проимискуитетност, вмрофска грдотија и ментално ретардо-утруена повторно економска идиотка те прават БАГРА, идиотко, правата страна на телото Држава се гледа по однос на групите кои се малцинства, беспомошни, оставени, соц. загрозени итн. Треба да се допише дефиницијата по однос на ФАШИСТИ, лепа-фишисту!

Неписмен си.

Неписмен си.

Неписмен си.

Неписмен си.

Неписмен си.

Неписмен си.

Порака до сите хомофоби:

Порака до сите хомофоби: "Homophobic? You're probably gay". Со други зборови, хомофобите се најверојатно латентни хомосексуалци.
http://www.nytimes.com/2012/04/29/opinion/sunday/homophobic-maybe-youre-...

America: Where being fat is

America: Where being fat is genetic, but homosexuality is a choice.

@kolja Де бе, единствено

@kolja
Де бе, единствено нешто што можеше да ти текне е "Жаренце има дечко"? Станувате помизерни и помизерни секој ден.
За статијата/колумната (како и да милувате) мислам дека е одлично напишана, во целосна смисла ги долови поентите за недостатокот на слобода за изразување во Маќедоња.
Мој предлог до активистите - Бидете што помасовни!

Одлично напишана и издржана

Одлично напишана и издржана статија. Одлично е што се ставаени хиперлинковите до изворите. Респект.

ако имам среќа, можеби ке

ако имам среќа, можеби ке дочекам да видам и луѓе од ист пол што слободно се држат за рака или бакнуват на улица. како што можат тоа денес слободно да го прават сите хетеросексуалци.
ако не го доживеам јас, ќе го доживеат тоа моите деца и во тоа сум сигурен.

со крената глава и гордо напред!

ако имам среќа, можеби ке

ако имам среќа, можеби ке дочекам да видам и луѓе од ист пол што слободно се држат за рака или бакнуват на улица. како што можат тоа денес слободно да го прават сите хетеросексуалци.
ако не го доживеам јас, ќе го доживеат тоа моите деца и во тоа сум сигурен.

со крената глава и гордо напред!

дуплиот коментар беше

дуплиот коментар беше испратен несакајќи. се извинувам.

Не знам зошто, ама имам

Не знам зошто, ама имам впечаток дека повеќето мои сосељаци немаат ништо против ЛГБТ популацијата. Тоа што нема вакви паради и случувања кај нас не е заради слободата на говор или стравот, туку заради менталитетот наш клошарски што не' тера да си ги тераме „значајните“ муабети само во тесниот свет на домашните четири ѕида.

Македончето е обединето во својата латентност и уште нема право ни да се дели на педери и стрејтовци.

Прав болшевички одговор на

Прав болшевички одговор на тоа е јавно/полујавно прифаќање на човек со ЛГБТ ориентација во врвовите на управувањето на Државата: министер, зам. министер, општински градоначалник, носител на листа на град Ск. итн. Мене ми смета расцепканоста, од друга страна, интелигенцијата не дека е против, туку не гледа јадро кое може да го поддржи, према тоа, битна е појавноста, според Фрчко. На еден начин тоа е и реклама, кој како и да ја сватил. Според неофицијални информации, во јавниот живот има позамашно педери, на пример од вмро- тород петров е педер и тоа познато перверзно педериште, ако сакате уште имиња, јавете ми..

Nice try fag, да не сакаш и

Nice try fag, да не сакаш и дома да ти дојдам за меѓу 4 ѕида да ми кажеш кој друг е педер ? :)

Заебанција на страна, мислам дека никој нема да се обиде да им забрани на сите ЛГБТ луѓе да направат безвезна парада по повод нивната сексуална ориентација.
Но сепак тоа не се случува, и мислам дека тоа е така затоа што нашата ЛГБТ популација не осеќа потреба да се глупира по улици само затоа што има некои поинакви потреби од другите :) Јас не идам по улици да парадирам само затоа што јадам гумени бонбони секој ден - која е поентата на тоа? :)

Заебан и глуп педер, у собата

Заебан и глуп педер, у собата никој не ти се меша, тодор петроф е хард кор педериште и он не се срами, министерот за здравство, бивш, е педериште, кажи го, селмани имер и тој не се срами, него бара со очи педери околу за да го опстошат одебат, јави ако сакаш други, ЛГБТ групата е машина за патетична мистификација, а за да се дигне од таму шо и да се дига, треба појавност.. и на коментарот мора да се одговори на наредните избори и нек не се једе говна, ако не се носи закон, тогаш на целата оваа идиотштина треба да се одговори со други методи, а интелигенцијата е битна ко етикета/значка на сакото на политиката.. ај со здраво.

Ми мирисаш на хомофоб, ај

Ми мирисаш на хомофоб, ај читни го она четивото од твојот igi погоре :)
Не разбирам која ти е поентата со расфрлањето „овој е педер, оној е педер“ тврдења. Тоа треба да е навреда? Ако сметаш дека тоа е навреда, тогаш имаш сериозни проблеми со хомофобијата, драги Коља :)

Еј знаеш што? Најди си жена пред да почнеш да ме убедуваш дека си стрејт момак :)

Ах маму да ти ебем; у вмро

Ах маму да ти ебем; у вмро има поише педерана од шо мислите, у врвот и тоа, такви тврди педеришта ко мијалков кој добро се крие кога станува збор за Дубаи, али јебига, цурат педерски инфоа, па така, ај.. доста колоквиуми.

super

super

Луѓе, коментатори, тотално

Луѓе, коментатори, тотално забегувате! Прво, нивото на коментарите често ги преминува и најниските граници. Второ, станува морничава опседнатоста со мојот лик. Дотаму оди таа опседнатост што дел од коментаторите се претставуваат како Никола Гелевски, Коља, Kolja (веројатно мешаат латиница и кирилица, зашто латиничново Kolja е заштитено), итн. Од некој перверзен аспект, можеби дури и би ми годела таа опседнатост со мене; од рекламен аспект исто така (го знаете она, позитивна или негативна, реклама си е реклама). Но, не ми годи. Работите излегуваат од контрола и стварно стануваат морничави.

Освен тоа, мислам дека ниските и навредливите коментари, се’ понеконтролирани и се’ побрутални, му штетат на Окно. Ја бркаат од Окно пристојната и паметна публика, која е огромно мнозинство во однос на хејтерите и примитивците. Можеби тоа е намера на оние кои не го сакаат Окно или на кои порталов им пречи, од разноразни причини.

Затоа, за да го сочуваме Окно, ве предупредувам, како одговорен уредник, дека ќе ја вратиме опцијата бришење на коментари. Ако ни тоа не помогне (а досега не помагало, зашто упорноста на деструктивците и примитивците скора по нема граници), ќе ја укинеме опцијата за коментирање на Окно.

Со почит и извинување до коректните читатели и коментатори,

Никола Гелевски,

главен и одговорен уредник на Окно

Коља, овој твој коментар така

Коља, овој твој коментар така фрустрира да испаѓа да ќе правиш рамка за Филип и медиокритетите и ќе забраниш да ги викаме ретардиве ретарди, ти што се повикуваш на книжевните плувачи и кочијаши кои што ми се интересни така што ги согледуваш, како да коља гласот твој кој личи на своевиден едитпјафовски оригинален продорен слободарски и несекојдневно брутален ем вруточен, да се повикуваш на пристојност кога тоа што ни треба не се Филипи и Александри и такви морализаторски пљампала? Коља на кого му завидуваат од професори од УКИМ и редовно го читаат капиталци од политичката summit и позди како Гордан Ѓоргиев кој им се заканува на неосвестените а докторатот му го потпуваат партиските Данева и оној среврољувец брко телекомуникаџипнист , Коља кој што го торпедира длабокото пријателство со Ацо Станковски поради неговата идеолошка фашистичност со бруталност како нож, Коља кој денес значи условно "подалеку од медиокритетството" и се чешла со непознат вкус по книж. бла бла бла, Коља што разбира дека ќе делува фрустрирачки, ќе се огради? Епа затвори ги коментарите како што бараат Филипчофци или модерирајте ги, да се накотат и старите мртви живи од МАНУ да читаат, ебате..

„Шупакот“, дел од твоите

„Шупакот“, дел од твоите коментари ми се апсолутно неприфатливи! Неприфатливи пред се’ во естетска смисла, но и морално и политички.

Инаку, свесен сум дека не постои универзална норма што е јавно прифатливо а што не е. Со тоа прашање во голема мера се бави уметноста, но се бават и медиумите и разните граѓански и политички иницијативи. Борбата за поголеми слободи никогаш не завршува. За жал, знаеме и дека еднаш освоените слободи исто така мораат да се чуваат, не се земени неповратно (како кај нас, каде што правата регресираат до тој степен што се загрозени дури и темелните уставни права на слобода на говор и протестирање).

Твоите коментари, „Шупакот“, според мене, одат под границата на дозволеното навредување и искажување бес спрема јавните личности. Одат на нивото на кое се наоѓаат ретардите од „Еднооки“, на пример. (Инаку, мое мислење е дека одредено ниво на навреда и бес јавните личности, во прв ред политичарите кои ги кројат нашите живот, мораат да издржат, тоа им влегува во „рокот на службата“. Тоа го признаваат и европските конвенции. Судот во Стразбур дозволува дури и новинарот да го нарече политичарот „идиот“, ако контекстот е соодветен.)

Значи, „Шупакот“, свесен сум дека пцуењето и вреѓањето на оние кои реално ни ги уништуваат животите и иднината (груевистите, во случајов) можеби е знак на немоќ и крик и дека тоа е милион пати послабо од нивната реална моќ да не’ сјебат, во која било смисла. Затоа и сум релативно толерантен кон криковите и бесовите - самата уметност често е сведена на голем крик. Во твојот случај, ми се чини, твојот крик е пренатопен во омраза, навредува прешироко и во суштина е застрашувачки неартикулиран. Таквиот степен на неартикулираност (на слаба самоконтрола) може да доведе и до реално насилство, не само симболичко (мада, тие две се преплетуваат). Така што, во иднина, „Шупакот“, ќе те бришам без многу двоумење.

Шупакот на Мијалков = kolja =

Шупакот на Мијалков = kolja = Фрчкоски у СОС = Никола Гелевски.
Бришете ми ги коментарите колку сакате, ова е вистина.

Во последниве неколку месеци

Во последниве неколку месеци коментарите се или некои квази интелектуални брбушки напишани за да звучат многу паметно, или партиски вулгарни и долни препукувања (овие вториве се побројни). Постојано коментираат истите десетина исфрустрирани типови. Ништо паметно нема да се прочита во таквите коментари и единствено служат за навреди и плукање.

Сочувајте го нивото на порталот и укинете го коментирањето кое е максимално злоупотребено.

ЧЕКАЈ ЧЕКАЈ! Германија прва

ЧЕКАЈ ЧЕКАЈ!

Германија прва меѓу земјите кои почитуваат геј права, а Македонија меѓу последните?
Драги мои, направете мала геј парада во помалите гратчиња во Германија и да видите како ќе поминете.
Пробајте направете парада во Белград или било каде во Србија, која не знам како котира високо на објавената листа, па да читнеме што ќе напишете за тоа.

А бе шупаци едни, во Македонија за разлика од други земји меѓу кои и наведениве, НЕМА ФИЗИЧКО НАСИЛСТВО КОН ХОМОСЕКСУАЛЦИТЕ КАКО САМОНАРЕЧЕНА ЗАЕДНИЦА.
ГЕНЕРАЛНО ГЕЈ ИС ОКЕЈ.
Само треба да сфатиме едно, како што нпр. не сакаме да прифатиме у друштво да речеме некој набилдан шупак, кој слуша хардкор турбофолк и има девојка која се облака како Карлеуша и знае да збори само за коли и мотори и ју нејм ит слични културолошки срања и нон стоп праиме мајтап кон таквите(пр.профил Урко или како и да се вика), така има и луѓе кои не можат да ги прифатат хомосексуалците и си прават мајтап со нив.
И се додека тоа се манифестира вербално И НЕМА НАСИЛСТВО кон поинаку ориентираните, без разлика дали сексуално, социолошки или културолошки СВЕ Е ОК!

Да бевте у Белград или Загреб имаше да ве подујат од ќотек.
А еве тука фино лепо сте си напраиле фото сесија и никоме ништа.
Све поминало ОК, веројатно имало неколку љубопитни погледи и тоа е тоа. Е сеа на Фејсбук пишувало ова, пишувало она.
ПА ШТО!!!
На фејсбук и по интернетов може да се сретне се и сешто напишано буквално за секого и зошто вие да имате екслузивно право да не смее никој да пишува за вас, па макар тоа биле и интернет провокации од најнизок вид.

Еве и тука, на фејсбукс па и на Јутјуб, се форсираат и одобруваат закани и говор на омраза меѓудругото и кон вмровци, па овие не искачаат по улици да цмиздрат дека правата на вмровско определување им се загрозени и дека се цел на постојан интернет мобинг! чД

Дај не бидете педери(фегети), престанете со цмиздрењето и зачувајте си го вашето хомосексуално достоинство.
Барем до таму можеме да ве почитуваме.

Аааа бе Жаре, Жаре, у гз ти

Аааа бе Жаре, Жаре, у гз ти влага у глава не ти влага!

Anonymоuse, ti navistina imas

Anonymоuse, ti navistina imas mozok kako mouse - jas moram da oponiram takvo ignorantno razmisluvanje i da kazam deka iako geografskata distanca pomegju Zagreb i Makedonija e mala, vremenskata e ogromna. Da tvrdis deka vo Makedonija nema nikakvo fizicko nasilstvo vrz homoseksualcite ne samo sto e vapidno i iracionalno tuku e i absurdno - nasilstvo ima, samo sto ne se prijavuva, od pricina sto podocna zrtvata bi se dovela do pozicija sto vo angliskiot jazik se narekuva "victimizing the victim". Dali ti gluvce smetas deka vo Makedonija ima relevantni institucii da se spravat so diskriminacija na baza na seksualna orientacija, koga seksualnata orientacija vsusnost i ne e opfatena vo zakonot za antidiskriminacija? Za drugi raboti nema da ti oponiram od pricina sto smetam deka istoto bi bilo zaludno.

Чекај побогу!! Зошто воопшто

Чекај побогу!!
Зошто воопшто да се опфатува сексуална ориентација во закон за дискриминација, аман?!
Дискриминација е дискриминација, без разлика на која основа е!!
?

jas licno ja podrzuvam LGBT

jas licno ja podrzuvam LGBT populacija i pod hitno treba da se organizira LGBT parada na gordosta tokmu kaj voinot na konj koj vo vilmot e brikazan kakp bisexualec . a koj ke bide toj sto ke pravi sapun il koj ke ubiva neka dojde na lice mesto pa davidime sto ke napravi dali ke pravat sapun il sto se i sesto si traskale , samo napred za site LGBT lica vo macedonija i sirum svetov yeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeeee. pa procentulamno 97 % devojkite se bisexualki samo 10 % se hetrosexualci sto ne ni varuvam a tie koj vikaat uo sapun ke pravime tie se gordi homosehualci ali vo cetiri zida da nikoj ne gi vidi a nadvor glumat ludilo kao demek se hetero stram da im e .

Ти сигурно си дипломирала

Ти сигурно си дипломирала иста генерација со Гелевски

Ама зошто мора да се парадира

Ама зошто мора да се парадира со сопствената сексуална ориентација луѓе?!? Зошто?!?

Провокациија, докажување, покажување моќ или ослободување од своите стеги и фрустрации од општеството или исмевање со истото?! Што е поентата на тие паради?!

Немам ништо против хомосексуалците и нивниот начин на живот! Сепак е нивен, нели?

Ама смешно и гротескно е кога ќе видиш кич и без вкус облечени момци и девојки како парадираат наоколу по улици, па без разлика која е нивната секс ориентација.

Се додека таквиот кичерај се бори за правата на ЛГБТ заедницата(кои и да се тие права), луѓето т.е. хетеросексуалната заедница па дури голем дел и од хомосексуалната заедница, ќе гледаат со потсмев, па дури и со презир кон нив.

Слични содржини

Општество / Активизам / Квир / Живот
Општество / Активизам / Квир / Историја
Фотографија / Квир / Живот

ОкоБоли главаВицФото