Величествени илустрации од надарената Јуко Шимицу

20.07.2012 15:11
Величествени илустрации од надарената Јуко Шимицу

Зошто досега не сме ја претставиле уметноста на Јуко Шимицу? Тоа е добро прашање. Њујорчанката со јапонско потекло е фриленс илустраторка веќе речиси десет години. По радикалната промена во кариерата, преминувајќи од односите со јавност кон илустрацијата, сега во своите триесетти години, таа има работено со респектабилна листа на клиенти, од големи издавачки институции, како New York Times и Playboy, сè до огромни глобални брендови, како Tiger Beer и VISA.

Стилот на Јуко многу потсетува на големите мајстори од рангот на Хокусаи и Хирошиге. Јуко е длабоко инспирирана од традиционалните јапонски дрворези при дизајнирањето на нејзините ликови, но таа нив ги осовременува со евидентно модерни теми. Работејќи со четка и мастило, Јуко создава динамични илустрации на честопати надреални средини, кои ги исполнуваат нејзините ликови со една вистински епска содржина. Таа, исто така, има завиден каталог од неверојатни еротски дела, кои се поинакви од сè што досега сте виделе.

Ви препорачуваме да го истражите сајтот на Јуко за да добиете вистинска претстава за длабочината на нејзините таленти.

Слични содржини

Графички Дизајн / Уметност / Око
Графички Дизајн / Книжевност / Уметност
Графички Дизајн / Стрип / Уметност
Графички Дизајн / Стрип / Уметност

ОкоБоли главаВицФото