Пастирот и Олимпијадата

28.07.2012 20:12
Пастирот и Олимпијадата

Фала му на пастирот што нè остави да го гледаме отворањето на Олимпијадата. Иако ќе изгуби неколку рејтинг поени, откако на кратко ќе ги прикопча Македонците на фрекфенциите на кои пулсира светот, пастирот тоа може да си го дозволи; пастирот не е до тој степен душман, а неговите гавази фино и аргументирано, строго компаративно и низ табели не еднаш ни објасниле дека Македонија сепак не е Северна Кореја или Белорусија...

Велам, отворањето на Олимпијадата го гледавме со кнедли во грлата. Прво, во спортска смисла Македонија однапред е пласирана негде меѓу 200 и 204 место во светот (од вкупно 204 држави учеснички). Кога списанието „Економист“ земјава ја прогласи за најмизерна во светот, пропагандистите на груевизмот велеа дека во трката биле евидентирани само стотина земји. Од другите стотина сме биле подобри. Сега, на Олимпијадата, кога одново гледаме дека сме на последното место, кое ќе биде објаснувањето на груевистите?! Затоа велам дека кое било пуштање воздух во оваа затруена земја (затруена од лаги, пропаганди, спинови, стравови, подаништво, сиромаштија) е мошне опасно по режимот и му ги јаде тешко стекнатите фамозни рејтинг поени. Просто си навикнавме погрешно да ги закопчуваме копчињата на кошулата, зашто груевизмот е како некаква малку поместена реалност, ехо зад настаните... Додека поголемиот дел од светот споделува една иста помалку-повеќе комплексна стварност, кај нас стварноста е едноставна и претворена е во проекти. Досега груевизмот сплескал неколку илјади проекти, а само во моментов се одвиваат неколку стотици „проекти“... Тоа што земјава нема иднина, тоа што немаме рамноправни учесници во светската трка на ниту едно единствено поле (а најмалку во спортот), тоа што сите независни (т.е. непреродбенички) енергии кај нас се убиени и протерани или во дупки или во бекство - не го попречува полетот на овдешните проектанти.

Втора работа, почитувани читатели и гледачи на МРТВ, видовте ли што е ИДЕНТИТЕТОТ на Велика Британија? Како што ни покажа свечената инаугурална манифестација, идентитетот на Британците во големе мера е во рокенролот. Да, имаат и најдобри светски научници, уметници, спортисти, имаат неверојатно богата историја, но во најголема мера сликата за себе што му ја испратија на светот е сликата што повеќето од нас веќе ја имаат; Британија, на пример, за мене отсекогаш во голема мера била Битлси, Стоунси, Клеш, Секс Пистолс, Боуви... Како што била и Шекспир, Оскар Вајлд, Конан Дојл, Стивенсон, Честертон, Вирџинија Вулф, Дорис Лесинг... Британците не ни понудија тешка, мачна, архаична, габаритна, воинствена, крвопролевачка слика за сопственото себеразбирање. Напротив, сликата на британскиот идентитет беше жива, свежа, непретенциозна, свртена кон обичните луѓе, кон славењето на различностите... Спојот меѓу минатото, сегашноста и иднината беше направен врз основа на љубовта, почитувањето, сеќавањето, секојдневните мали работи... Старите спортисти беа сплотени со новите спортисти, како и со оние што допрва доаѓаат, токму во чинот на љубовта и почитувањето.

За разлика од скромните и „малите“ Британци, груевизмот нас нè утепа, изминативе години, со историјата сфатена како железен туч врз главата! Историја што тежи сто тона по глава на жител! Најстар народ на светот! Најизмачен народ на светот! Народ што претрпел најстрашни неправди од соседите, Западот, Турците и Америка! Но, тоа е и народ предводен од најголемиот предводник на сите времиња, Аце Македонски! Народ кој бил во пазувите на цивилизациите, многу пред Грција, барабар со најстариот Египет! Народ (македонскиот) кој ги покорил Грците, што значи бил победник над целата западна цивилизација, од исконите! Потем, ние сме народ што ги описменил сите други народи, народ што како своја срцевина ги има славните мажи со мустаќи и кубури наречени ВМРО итн. итн.

Живи, во оваа земја - нема. Музичари, писатели, научници, разноразни способни луѓе од минатото и сегашноста - немаме. Ги имаме Груевски и Тодоров, во прв ред, најголемите селебритија икад, во Македонија, и го имаме нивниот министерски кабинет, малку подолу од двете најсјајни ѕвезди на македонското небо. Секој нивен прдеж, секој нивен гест, збор, насмевка, шега, дадени се на МРТВ 24/7. Исто како и секој друг прдеж/збор/шега на повеќето министри од праславниот кабинет. Освен нив, ништо друго немаме. Сето друго, сите тие дискутабилно способни, сите тие можеби селеби (ако дозволи пастирот) седат во чекалната на единствената институција во РМ, Владата, и го чекаат врз рамењата допирот на благословениот господар над живите и мртвите. Ако тој даде, ќе имаме и по некој спортист, уметник, професор, бизнисмен, ама за нашиве селски рамки, за пеливанските двобои по овдешните панаѓури.

Тоа беше најстрашната порака што ја добивме од свечената приредба во Лондон: ние, Македонците, немаме живи и кредибилни луѓе во која било област! Сè е сомнително! Целата современа историја која не поминала низ лустрациските филтри на груевизмот - е спорна, до даљњег! Македонија да требаше, не дај боже, да организира Олимпијада, Груевски, Тодоров, Иванов и Трајко Вељановски ќе требаа да бидат и Бекам и Џемс Бонд и Пол Макартни и Ејми Вајнхаус! Сите други се од ѓубриштето на историјата, што комуњари, што кодоши, соросоиди, предавници...

Да заклучам: со нас, Македонците, во моментов владее големото Ништо, наречено груевизам. Тоа Ништо е ништо во интелектуална, морална и политичка смисла. Но, тоа не значи дека Ништото не постои. Напротив, го има до тој степен што го краде, уништува и го вшмукува во себе целиот овдешен живот... Затоа беше тажно да се биде Македонец, клекнат во Ништото, некни, при отворањето на Олимпијадата... До тој степен беше тажно што над нашево груевистичко македонство би проплакала и моторна пила.

Слики: Jens Ullrich

Коњо,забега читаш што

Коњо,забега
читаш што коментираат надвор
-отворањето било комуњарски слет
-бал вампира и такви мити работи.
Ти си се затворил во конзервава и
бараш лек за сопствените фрусртации
и не малтретираш "ничим изазван".
Олади и релаксирај се гледајки ги
игриве,може и со пиво.
Олимписки игри се, тогаш се оставват
настрана копјата.

До НИКОЛА ГЕЛЕВСКИ најискрено

До НИКОЛА ГЕЛЕВСКИ
најискрено се извинувам за
не намерната правописна грешка
при што поради невнимание кај твоето
име ми се поткрадна Њ наместо Љ.

До авторот: молам да си го

До авторот: молам да си го прочитате текстот и да ги исправите неколкуте правописни грешки! Навистина го уништуваат читањето.

Лектор, досегашните

Лектор, досегашните интервенции главно ти беа оправдани. Но, почињаш да разочаруеш. Се глеа дека произлегуваш од старата глупа (регресивна, пуристичка, ригидна) македонистичка лекторска школа, која ни го уназади дабетер ионака недоволно стандардизираниот јазик.
Види, Лектор, на македонскиот не му требаат приглупи јазични цајкани, туку му требаат креативни и слободни (па и диви, па и субверзивни) говорители и пишувачи, на сите нивоа! Тоа, се разбира, не значи непознавање на канонот, граматиката, лексиката, но значи борба за посовремен, пожив, покреативен македонски. Нашиот лексички фонд, на пример, е трагично мал. (Хрватскиот секоја година се збогатува со стотици нови зборови, како и сите други сериозни јазици.) Капацитетите на македонскиот исто така се стеснети (не само во лексичка смисла) зашто никој посериозно не се бави (аха, велам бави) со некои подлабоки прашања на јазикот (а не со бесмисленото и мизерното бркање србизми, единствениот лингвистички спорт со децении).
Но, тоа е тоа. Како и со спортот, „проектите“ на власта го заобиколуваат полево. Ние немаме се уште ни речник, можеби сме единствен народ во Европа што нема завршен толковен речник. Што значи, и на ова поле сме негде од 200 до 204 место.

Ај прочепкај малку по сајтов,

Ај прочепкај малку по сајтов, до пред недела дена линчувавте ваши политички противници за испуштена запирка и ги нарекувавте неписмени Вмровци итн.

Како ви одговара, а?

Браво мајсторе, полн

Браво мајсторе, полн погодок....затоа одма се јавуват погодените....ги чеша задникот, разбира се!

Не сакав да коментирам, ама

Не сакав да коментирам, ама морам за да им одадам признание на нашите Олимпијци. Очигледно е дека авторот е навлезен во некој филм и мислам дека читателите ке можат да сфатат дека се работи за една нереализирана личност, и така да ја читаат горната колумна. Како и да е честитки за Симона Маринова (пливање 800м, Марко Блажевски( пливање 400м мешано), Кристиан Ефремов (атлетика400м) и Христина Ристеска (атлетика 400м) за постигнатиот личен успех - учество на Олимписки Игри во Лондон, и благодарност до нив што не преставуваат достоинствено на игрите.
До авторот на текстов неколку бројки. На игрите учествуваат 10 илјади натпреварувачи, што на 7 милијарди народ на планетава му доага 1 преставник на секои 700 илјади жители. По таа математика ние би трбало да имаме 3 преставника и да бидеме во некој просек. Затоа, олади со лошата енергија и уживај во убавините на животот. Најверојатно никогаш не си се бавел со спорт, и не ни можеш да рабереше колку енергија, напор, и време инвестираат спортистите во својот спорт. Не е ни чудо што Бранко ви е папа, само он малку од малку играше кошарка. Тоа другите сите ви се од оние што никој не ги играл у маало.

Оф леле, дпмнеовец нашол да

Оф леле, дпмнеовец нашол да збори за тие што не ги играат у маало. А бе министерчињата ви се кое од кое поискомплексирано, да не идеме даље.

No. of 2012 Olympic athletes

No. of 2012 Olympic athletes per country (Balkan edition):
Serbia (116)
Turkey (115)
Croatia (110)
Greece (105)
Romania (103)
Slovenia (68)
Bulgaria (63)
Montenegro (35)
Albania (11)
Bosnia and Herzegovina (6)
Macedonia (4)

Меглена, на олимписките игри

Меглена, на олимписките игри се оди за да се бранат национални бои, а не да се постигнува личен успех на поединци (за тоа постојат клупски прваренства), иако, со ова не сакам да ги оспорам достигнувањата на нашите претставници. Меглена, ние сме ГЧЛАДНИ за игри, Гладни. Сакам да ја гледам олимпијадата бодрејќи некој наш претставник од оваа стреана на телевизорот. Така ми расне патриотизмот, така ќе имам со што да им се погордеам на неколкумината пријатели од стрранство. Така ќе моѓам да им посочам позитивен приме на сопствените деца. Вака, заедно со нашите претставници (уште еднаш, секоја им чест на дечките.Не се тие кабает) се срамам од тоа какви услови им овозможила државата (не татковината Македонија, ами дрржавниот апарат)да застанат рамо до рамо со другите светски нации. Едно време бевме за респект во кајакарството, борењето, боклсот, денес се е политика. Дури и твојот коментар

Стварно, да прашам, како тоа

Стварно, да прашам, како тоа од неколкуте илјади проекти на пастирот нема ниту еден што би подразбирал Македонец меѓу првите (три?, си велите, десет?, си велите, не бе) педесет најдобри во светот, во која било дисциплина?! (претерувам кога велам педесет; да имавме бар по некој меѓу стоте најдобри во светот? многу барам, а?!)
Како може Србија да има шест-седум тенисери и тенисерки меѓу првите 20-25, а ние да немаме тенисер ни меѓу првите 500?!

Проектите на пастирот,

Проектите на пастирот, Калкулант, не се од тој тип. Неговите проекти се за на МРТВ, Сител и Канал 5. За Јанко, Миленко, Мирка, Дневник и Нова Македонија.
Инаку, не се согласувам со почетокот на текстот: Македонија е под нивото на Белорисија и Северна Кореја. Оваа земја е ископчана не само од географија и историја, туку од секаков здрав разум.

Словенија има речиси 80

Словенија има речиси 80 учесници на Олимпијадата. Србија и Хрватска накај 150. И сите се со олимписки норми и тие три земји веројатно ќе земат 10-15 медали. До вчера речиси бевме на рамна нога со нив... Што се случи во меѓувреме?

Груевизмот го потврди она што

Груевизмот го потврди она што цело време го зборуваат непријателите на Македонија: земјава е политички проект, вештачка творба. Земјава нема културен супстрат. Елитата на земјава се само ретардираните политичари. Сите други клечат на колена пред нив. Каква е тогаш таа земја? Ропска. Можеби и вештачка. Народ што прифаќа да му смениш идентитет во еден политички мандат, каков е тој народ?

Да бидеш уметник или

Да бидеш уметник или спортист, треба да имаш муда. (Кај нас муда не требаат, треба само гз, за примање). Треба да се бориш, да гризеш, да веруваш... Овде такво нешто не вирее. Овде виреат овци. За пастирот.

Има, се викаат спортски сали,

Има, се викаат спортски сали, базени , стадиони, атлетски патеки, спортски стипендии, односно со еден збор обезбедување акцес на идните генерации до спортски терени и опрема. Олиписките спортови (аматерските) ја пратат состојбата во економијата но со дилеј, закаснување од десетина години, така да овој вакуум сега е резултат на состојбата во задните петнаесетина години. Ако ги погледнете денешните наши Олимпијци, ке видите дека сите се продукт на случајност во сферата на рано откривање на спортскиот талент, и неверојатна љубов кон спортот. На Блажевски дури татко му е пливачки тренер. Што ке беше ако татко му бил инжењер? Наместо константни критики можеби Гелевски треба да прочита едно две три книги за спортските стратегии на Америка, Кина, Франција и Канада, за да може да разбере дека со два базени не се освојуваат медали на Олимписки Игри. Во Америка секое средно училиште има олимписки базен, за факултетите да не зборувам.

Идиоте, што не им кажеш на

Идиоте, што не им кажеш на твоите да прочитаат бар по две-три книги за „спортски стратегии“? А патем можат и за здравствени, инфраструктурни, културни итн. Меглена, ти си стварно толку глуп, или се правиш на Тошо? Си правиш бајрам на умот... Па, Тодоров штотуку ја врши десеттата темелна реформа на здравството, откога Груевски е премиер! Сите премиери за здравство на Груевски беа ведети! Невидени селеби, што би рекол авторот на текстот. И?! Кај ни е здравството? Кај ни е спортот?! Меглена, ради такви измеќари, пропагандни гниди и крлежи налик на тебе, земјава е осудена да биде темен вилает а се’ што е паметно, здраво, бунтовно, креативно, ќе бега од оваа кретенска земја на меглени грујовци и други говеда на власт.

Тоа ли беше темата? Јас

Тоа ли беше темата? Јас мислев ви е срам дека немате спортисти со кои ќе се фалите. А вие у ствари за здравството сте збореле. Никако нешто конструктивно да фатиме муабет.
Кажи му на Гелевски ќе му ги пратам спортските стратегии ако го интересира. Колку да не мисли дека и тоа е импровизација, како и се друго за што се залага.

Успесите на кошаркарите и

Успесите на кошаркарите и ракометарите во најголема мера се должат на Борче Мекелеб (буквално е пола тим) и на Кире Лазаров. И двајцата више-мање немаат врска со Македонија, цела кариера ја играат надвор. Без Мекелеб Македонија не е ни во први 20, а слично е и кај ракометарите без Кире Лазаров.

За Збунка погоре. Словенија

За Збунка погоре. Словенија има 50 билиони долари БДП, Србија 47 бил. долари БДП, Хрватска 67 бил. долари БДП. Македонија има сега 10 бил. долари БДП. Македонија сега има само 5 пати помал БДП од земјите што ги наброја, а 2006 имавме 10 пати помал БДП од истите земји. Уште збунка?

Грујо потроши 6 буџети, околу

Грујо потроши 6 буџети, околу 15 бил. евра. Резултати:
1) Галопирачка инфлација
2) 30+ проценти невработеност. Македонија е на 180 место од 200 рангирани земји според невработенсот. Види: CIA World Factbook: https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/rankorder/21...
3) Руинирано здравство и образование
4) 500+ мил. евра потрошени на мермер и бронза
5) Околу 450,000 граѓани се иселиле од РМ заклучно со 2010. Види: http://www.kapital.mk/mk/makedonija/86747/447_000_lugje_se_iselile_od_zemjava__makedonija_vo_grupata_so_najmnogu_emigranti!.aspx
6) Според Индекс на демократија, скоро сме до земјите-диктатури.
7) 42% од граѓаните на Македонија живеат со под 250 денари дневно, додека 14,7% живеат со помалку од 100 денари дневно. Најлоши во регионот според Светска Банка. Види: http://www.worldbank.org.mk/WBSITE/EXTERNAL/COUNTRIES/ECAEXT/MACEDONIAEX...
8) Според Лондонски Економист, Македонија според Индекс на демократија за 2011 е на дното на групата земји наречени „дефектни  демократии“ (flawed democracies), многу блиску до групата земји наречени „хибридни режими“. Види: https://www.eiu.com/public/topical_report.aspx?campaignid=DemocracyIndex...
9) Руинирана инфраструктура со 6км автопати за 6 години
Британците организираа цела олимпијада за 15 бил. евра. http://www.guardian.co.uk/sport/datablog/interactive/2012/jul/26/london-...
Грујо наш не може со 15 бил. евра 6-годишен буџет да направи автопат од Д. Капија до Смоквица.
 

Кој кур е Лондонски

Кој кур е Лондонски Економист? Јас читам Њујорк Тајмс.

И Вашингтон Пост не е лош.

И Вашингтон Пост не е лош. Види ја ланската новогодишна честитка од Вашингтон Пост до Пастирот.

/* Style Definitions */
table.MsoNormalTable
{mso-style-name:"Table Normal";
mso-tstyle-rowband-size:0;
mso-tstyle-colband-size:0;
mso-style-noshow:yes;
mso-style-priority:99;
mso-style-qformat:yes;
mso-style-parent:"";
mso-padding-alt:0cm 5.4pt 0cm 5.4pt;
mso-para-margin-top:0cm;
mso-para-margin-right:0cm;
mso-para-margin-bottom:10.0pt;
mso-para-margin-left:0cm;
line-height:115%;
mso-pagination:widow-orphan;
font-size:11.0pt;
font-family:"Calibri","sans-serif";
mso-ascii-font-family:Calibri;
mso-ascii-theme-font:minor-latin;
mso-fareast-font-family:"Times New Roman";
mso-fareast-theme-font:minor-fareast;
mso-hansi-font-family:Calibri;
mso-hansi-theme-font:minor-latin;}

http://www.washingtonpost.com/rw/WashingtonPost/Content/Epaper/2011-12-2...

Pastirot go interesiraat

Pastirot go interesiraat drugi, neolimpiski disciplini kako: antikvizacija, lustracija, partizacija, korupcija, eksploatacija, avtodestrukcija, degeneracija, dekadencija, izolacija i de-evropeizacija. Vo ovoj 'dekatlon' pastirot e neprikosnoven shampion!

А да прашам едно прашање, а

А да прашам едно прашање, а зошто ви треба да останат луѓето во Македонија? Цело време се залагате за граѓанско идентитетски недефинирано општество, само во коментариве погоре има неколку тези за непостоење на Македонците. Во исто време нон-стоп тврдите дека се ова е последица на Дијаспората и нејзината умислена идеја за Македонија, што значи се иселуваат Македонски патриоти, па логично следи едно обично прашање до вас: Не ли сте помислиле дека можеби луѓето се иселуваат заради такви недефенирани личности како вас кој константно ја загадуваат Македонската околина со моронски барања за геј права ( иако ден денеска не ми е јасно кое право го немаат во Македонија), а во исто време единствено право кое стварно го немаат е да се кажат дека се Македонци кога ке излезат надвор од Македонија. Толку сте морони што не може да забележите дека единствено право кое македонската геј заедница го нема е дека не можат да бидат Македонци.

Груевски нема да падне од

Груевски нема да падне од власт заради луѓето како Гелевски туку затоа што тие што го гласаа и дигнаа на пиедесталот сега ќе го симнат.
Така било секојпат не само во МКД туку и насекде во светот.

За тоа дека во МКД нема спортисти, уметници, културни дејци ... слободнни и слободоумни луѓе не е кривица само на Грувски и ова власт. тоа е рак рана во повеќе деценискиот од на оваа држава.

Груевски не е причина  за

Груевски не е причина  за инфериорноста на македоникусот- тој е врвен израз на таа инфериорност, национална Анапурна на  која се  исцрпува смислата и на инфериорноста и на
хендикепираниот. Неговата мисија  е спасоносна! Смислата на прашањето ,,слобода или смрт,, не е да ги развие  мисловните потенцијали кај Македонецот во услови на слободен избор, туку да му ја сугерира смртта.
Во тој историски мизансцен опозицијата е бандерски рефлектор  кој на племето му го осветлува груевистичкиот пат кон смртта. Безнадежно сме болни.

Za dzabe pishuvash, kolku

Za dzabe pishuvash, kolku lugje kje te prochitaat a ushte pomalku kje te razberat. Nie nemame kritichna masa na pismeni

Николае Гелеску, па ти би

Николае Гелеску, па ти би сакал твоите спортисти да победуваат по директива?

За инфериорноста.

За инфериорноста. Македонската инфериорност никогаш не постоела. Македонскиот обичен човек во ништо не се разликува од Германскиот обичен човек или Америчкиот обичен човек. Најдобар доказ за тоа се илјадниците наши вредни иселеници, докажани како домаќини, чесни личности насекаде во светот, како и илјадниците професори и професионалци (инжињери, доктори, научници) добро естаблирани во услови на светска конкуренција. Нашиот проблем бил отсекогаш квази - интелектуалната елита во Македонија, од која добар дел е собрана на сајтов. Позери, без никакви вистински вредности позади себе, кои губејќи тло и спонзори во денешната ситуација ја уценуваат денешна Македонија како да се чувари на најголемата тајна, со божемната вистина за постоењето на Македонија. И затоа сега ќе видите како овие изроди ќе почнат да кракаат - знаете што - Македонци нема, ние досега бевме добра елита, меѓутоа ако вака продолжите да не не играте ке им ја кажеме „вистината“ на сите. И вака латентно ке ве малтретираат во друштво, на форум, бидејќи тоа е единствениот начин на кој овие луѓе со генерации - фамилијарно се одржувале во друштвото на квази елитата. На пример ке ви случуваат муабети од типот- ние знаеме како треба да се влезе во ЕЗ, ние ѓи познаваме луѓето во ЕЗ, нас ни веруваат, овие морониве од ВМРО никој не ги знае. И еве го вашиот инфериорен однос, релација негувана од квази-елитата, како уцена на тие „без врски“ да направат било што. Релација започната во 1944 со естаблирањето на поданичкиот однос на македонските комунисти во однос на Белград. Драга квази-елито инфериорниот однос на Македонците умира со вас, вие сте негови последни носители. Подршката што ја добивате од нашите соседи и Сорос е токму тоа. Зачувување на поданичкиот однос со инвестирање токму во овие поданички структури. Можеби со ова може да се објасни и чудната приватизација и чудниот наплив на грчки капитал во нашата економија.
И на крај само да додадам дека муабети за критична маса на писмени, во услови на дигитална револуција е во најмалка рака
- неписмено.

Моја Магдалено, грешницо

Моја Магдалено, грешницо дпмнеовска, си даде автогол, тртљајки за напливот, и тоа чуден,на грчкиот капитал..е сега, најголеми грчки инвестиции се ОКТА и СТОПАНСКА БАНКА, ај гукни сестро(брате), кој ги овозможи овој наплив, а?....уште една твоја глупост, тврдиш дека некои се иселуват од тука бидејки некои барат признавање на геј правата....а мори глупаво кокошко(петлу), таму кај шо се селат дури и геј браковите ги признават...

Многу интересно како

Многу интересно како вистинското лице на „wish to be“ елитата излегува на виделина веднаш, кога ќе се најдат во тесно. Веднаш се кине тоа граѓанската маска и излегува монструмот на јаве, слободен и плука, блуе, вреѓа. Мора да ви е многу тешко со маската секој ден, напатени луѓе. Инаку костурчанец, геј правата беа спомнати за да ви помогнам да сфатите колку сте забегани. Геј граѓаните на Македонија не можат уште да се декларираат како Македонци, а камоли да одиме на следното скалило на правата. Ама пошто ви даваат пари да поданичите, а да ве држат во кондиција, мора да ви измислат неколку теми за активизам. Геј права, легализација на марихуаната, борба против антиквизација, и така уште едно десетина тотално небитни работи кои како папагали ги имитирате, не сфакајки дека во процесот ве затупуваат, и ве насочуваат каде сакаат.
Сте помислиле ли некогаш што би се случило кога овие типови како Гелевски, Тричковски, Фрчко и компанија би дошле на власт. Па нели гледате до кај им одат фантазиите за уништувањата, разните сплетки и слично. Сте помислиле ли некогаш на што се нивните умови спремни само за да докажат поинт.
За Окта и Стопанска и воопшто приватизацијата само еден аргумент. Сите вмешани се сега на исте страна, заедно, здружени со вас. Историјата се‘ бележи.

Сосема издржан текст. А, за

Сосема издржан текст.
А, за бројките на кои им недостигаше контекст во коментарите погоре, погледајте го рангирањето на земји-учесници според олимпиец по жител:
http://www.guardian.co.uk/sport/datablog/interactive/2012/jul/27/olympic...
Спремете се да скролате до 174-то место (од вкупно 205) за да ја најдете Македонија, проанализирајте ѝ го друштвото и после забележете дека Црна Гора по истиот параметар (читај: инвестирање во живи луѓе и иднина наспрема, на пример, во бронза и минато) е на 68-мо место. И Словенија беше спомната во коментарите, како слично мала балканска земја. Таа е на 43-то место. Од балканските земји, во спортот најмногу вложува  Србија (23-то место). 
Депримирачки некои од бројкиве, се согласувам. Но, секој(а земја) со своето.
 
 
 
 

Никако да разберам, вас вака

Никако да разберам, вас вака ве раѓаат незадоволни или сами си се правите. Чартот што го напиша е таму, ама поцрно не можеше да го прочиташ. Македонија не е 174-та туку е 127 од 202 земји. 174-та е по апсолутен број на спортисти ан олимпијадата. Во графиконот за спортисти по 100.000 жители сме на 127-мо место што одговара на дискусијата за некој атлетски просек од погоре. Да влезеа ракометарите и кошаркарите ќе бевме 31-ви на таа листа.
п.с. стисни Enter откога ке го избереш чартот. :)

Меглена - го релативизира

Меглена - го релативизира секој неуспех, само кога така му одговара. Да имаше баба ми тркала ќе беше пајтон. Баш добро што ги спомна кошаркарите. Пред европското во Литванија немаа пари за да одат на подготовки, ама за тоа по успехот слушавме коментари од типот: Доволно е да ја направиш триумфалната и успесите ќе дојдат сами. Исто и Вардар да го победеше Бате, коментарите ќе беа: Правиш стадион и успесите доѓаат сами. Е, тоа проблемот, што спортот се третира на дневна основа, во зависност од тоа дали ќе донесе некој промил плус во анкетите. Кога има успех во спортот, тоа е успех и на Владата, кога го нема - па не може се преку ноќ, сега вложуваме ептен, ќе се одрази за 20 години. Атлетски просек, шијо ми га Ѓура, ни сам не веруваш во тоа што го пишуваш.

 Упс, се извинувам - се

 Упс, се извинувам - се поместил критериумот при освежувањето на страната. Еве ажурирани бројки: Македонија е на 127-мо место според број на олимпијци на 100 000 жители. Нека стојат и комшиите во продолжение, за споредба (мали земји, во слично географско/политичко опкружување): Црна Гора (18-то место) и Словенија (25-то). Слично поразителна споредбена статистика.
Незадоволството... Посакувам тоа да беше генетски фактор. Така барем дел од жителите ќе беа имуни на општествените извори на тага. Поздрав!

Елено, ќерко колева, дали ќе

Елено, ќерко колева, дали ќе слушавме: „Народ нема пари за леб, фашистиве во спорт ми вложуваат!„ од вашите статистички устиња ако имавме повеќе олимпијци годинава? :)

 Еден, жал ми е што

 Еден, жал ми е што дискусиите за насоките во кои не' кормилаат Ве расположуваат во непотребни хипотетички насоки, односно во квалификации за „колеви“ раси. Но, секој си е тоа што го пишува. 

Беше прашање на време кога

Беше прашање на време кога среднистот Коља ќе стане експерт и за спорт. Следниот пат очекувам текст за енергетика. Поздрав и само напред!

Па измаглено, бар двајца "не

Па измаглено, бар двајца "не се со нас".....еве Ѕинго и Стојменов например...а и Минчо...

Најголема казна за Коља е што

Најголема казна за Коља е што мора да се буди со себеси секое утро.

Ова вреди да се повтори: „...

Ова вреди да се повтори:
„... Но, тоа е и народ предводен од најголемиот предводник на сите времиња, Аце Македонски! Народ кој бил во пазувите на цивилизациите, многу пред Грција, барабар со најстариот Египет! Народ (македонскиот) кој ги покорил Грците, што значи бил победник над целата западна цивилизација, од исконите! Потем, ние сме народ што ги описменил сите други народи, народ што како своја срцевина ги има славните мажи со мустаќи и кубури наречени ВМРО итн. итн.„; „Живи, во оваа земја - нема. Музичари, писатели, научници, разноразни способни луѓе од минатото и сегашноста - немаме. Ги имаме Груевски и Тодоров, во прв ред, најголемите селебритија икад, во Македонија, и го имаме нивниот министерски кабинет, малку подолу од двете најсјајни ѕвезди на македонското небо. Секој нивен прдеж, секој нивен гест, збор, насмевка, шега, дадени се на МРТВ 24/7. Исто како и секој друг прдеж/збор/шега на повеќето министри од праславниот кабинет. Освен нив, ништо друго немаме.„; „До тој степен беше тажно што над нашево груевистичко македонство би проплакала и моторна пила.“. Каков благороден, искрен, од утробата изваден цинизам! Освежување посвежо од новиот бран на вемерето! / ПС Магленка по стар дпмневски обичај обвинува за предавство, мрачни сили, поданици на Белград, ...изведува статистики, ... класичен репертоар.

Две работи... Прво паѓа во

Две работи... Прво паѓа во очи дека веќе не сум ВМРО-овец, ами дпмне-овец по твоето обраќање по што можам слободно да претпоставам дека сега има наше и ваше ВМРО. Многу интересен развој на ситуацијата. Што вика Коља - поздрави ги во Штабот.
Второ, давеник, бројки си се бројки, јас не ги измислувам, само наведувам статистики од кои вашите пропагандни заклучоци не можат да се изведат. Тоа е се. Се што треба да направите е да покажете бројки кои тезата на Гелевски ќе ја направат валидна:

„Тоа беше најстрашната порака што ја добивме од свечената приредба во Лондон: ние, Македонците, немаме живи и кредибилни луѓе во која било област!“ - Гелевски

Јас не видов такви бројки. Напротив знам дека имаме многу кредибилни личности во било која област, Додуша знам дека моментално слабо има такви личности во СДСМ, меѓутоа немојте такви проекции да правите во целото општество. Еве уште едно можност за пропаганда за вас: Да наведевте нешто по што Бранко или Грчев (или било кој од врвот на СДСМ) се признати луѓе во светот (нели збориме за олимписки светски рамки), што вака би ни било модел за евентуално подобрување на светскиот имиџ. Може и Заев да го земете предвид.:)

 Меглена, не заборавајте дека

 Меглена, не заборавајте дека сите македонски олимпијци учествуваа на Олимпијадата со wild card, што значи без исполнета олимписка норма. Веројатно Гелевски мислеше дека немаме луѓе во ниту една спортска област (што би барале други професии на дефиле на Олимпијада?).
Секако дека имаме фантастични ликови од светска класа во други професии - не знам кој тоа би го спорел. Но, ако Вие не сакате да ја видите спортска Македонија на олимписки колена, тогаш никој не може да Ве натера. 

Дали бе воопшто знаете каков

Дали бе воопшто знаете каков успех е да бидеш на Олимписки игри, па било тоа и wild card. Што не ви дадоа Вам wild card?
Да бидеш 32 пливач на планетава е голем успех, како год да го свртиш. Што не му дадат wild card на Гелевски во избор за Пулицерова награда. Не само што не може таму да стигне туку треба и да го финансираат да може да пишува. Сам не може на слободен пазар да си заработи за леб, да не збориме за повеќе. Не ли гледате дека со пропаганда асакаат да го столчат Македонецот, спортските успеси што ги постигнаа ракометарите и кошаркарите едвај чекаат да ги помножат со нула. Секоја светол зрак го поклопуваат со мрак. Тактика на овие неспособни кметови спроведена со децении во Македонија.
И знаете што, јас не ја гледам спортска Македонија на олимписки колена, туку гледам 4 млади луѓе, вредни способни кои со труд и желба успеале да дојдат до висини за кои повеќето од нас можат да сонуваат. И сум среќен за нив. Среќен сум дека докажуваат дека може да се успее кога се сака и покрај сите Црни Гуји кои им се закачуваат околу врат сакајќи да профитираат од нивниот успех или неуспех. За тоа треба и вие да бидете среќни. Треба да бидете среќни што момчето кое студира во Америка е среќно да го носи знамето на својата држава и да се гордее со него. Повеќе од тоа немате што да барате.

 Меглена/Меглен (ме збунивте

 Меглена/Меглен (ме збунивте со родовоста, на едно место велите „среќен“), не се сомневам дека нашите олимпијци се исклучителни во нивните спортови. Тоа што го спорам се националните приоритети, кои не ги „покриваат“ тие исклучителни „деца“. Ако Црна Гора може да има цела толпа олимпијци (а се четири пати помали од нас, во поглед на население), сигурна сум дека барем колку нив можат да постигнат и нашите исклучителни деца. Доколку не се вака оставени по маргините. На страна што спортот е фин за здравје, па и предуслов за поздрава нација би имале.
 
Драго ми е што Ве радуваат успесите на 4-цата млади (убаво чувство е тоа), но, освен за нив лично, одбивам да се радувам заради тоа што не припаѓаме во олимпиското семејство (според исполнети норми). Дури и кога не' канат на „лепе очи“. Имаме различни критериуми за успех, очигледно, но амбициозна сум и приватно, и ме радува кога државата постигнува реални (не само декларативни) успеси. 

Македонскиот пливач не е 32

Македонскиот пливач не е 32 на планетата, туку е 32 од веројатно 33 или 35 пливачи. Во таа дисциплина само Зимбабве или Холандија имаат по 30 пливачи на тоа ниво. Да не зборам за Кина или Америка. Ти, Мигрена, по обичај си бладаш.

Меглена вели: „Напротив знам

Меглена вели: „Напротив знам дека имаме многу кредибилни личности во било која област, Додуша знам дека моментално слабо има такви личности во СДСМ, меѓутоа немојте такви проекции да правите во целото општество.“
Авторот на текстот токму зборува за тоа: „кредибилни личности“ во Македонија можат да постојат само ако се одобрени од единствената инстанца што има право да суди, а тоа е Фамилијата. Ако си груевист, тоа значи дека си „кредибилен“. Ако не си, ти си предавник, соросоид и сдсмаш. Тоа не е добро и здраво општество. Таквото општество, кајшто една единствена инстанца суди за се’ (од естетика до спорт, пастирот е тој што одлучува) е болно и тоталитарно општество. Тука Гелевски има наполно право. Уште Токвил велеше дека повеќе паметни луѓе среќава меѓу бербери и пазарџии во слободно држава, отколку во елитата на неслободната држава.

За преродбениците „угледни

За преродбениците „угледни луѓе“ се оние без биографија. Затоа што наци болшевиците на Грујо се токму такви, сосема празни. Според урнекот на Груевски (чисто големо Ништо) накалемени се сите други асови на преродбата: Јанакиевски, Јанкуловска, Тодоров, Ивица Коневски итн. Впрочем, и Меглена и човек од истиот профил; невидлив „објективен“ раскажувач и судија, кој нема блага врска со ништо. Само трупа пропагандни и националистички клишеа кои немаат никаква врска со стварноста во Македонија. Меглена - сосема анонимен, празен и безличен, слика и прилика на преродбенички фанатик. Глина за месење во грубите прсти на пастирот.
Вистински угледниот човек (на пример, Фрчкоски, Унковски, Исмаил, Милчин итн.) се неугледни предавници токму заради својот изминат труд.

На кредибилните личности не

На кредибилните личности не им треба ни Бранко ни Грујо за да покажат дека се кредибилни. Она што оставаат позади себе ги прави успешни. Начинот на кој ги поставувате проблемите точно ја отсликува кметовската релација вградена во вас. Не можете да бидете успешни ако Грујо не ви дозволи. Кој е Грујо да ви дозволи или да ви забрани? Како Грујо му дава на Манчевски дозвола да биде тоа што е. Како Грујо му дава дозвола на Маџиров да биде тоа што е. Како Грујо му даде дозвола на Брбица да биде тоа што е. Како на Влатко и Горан Стефановски им даде дозвола да бидат тоа што се. Ви поставувам обично прашање за кредибилитетот на Бранко и Заев, ми одговарате угледни личности биле Фрчко, Унковски и Милчин. Па угледни се, ама во Македонија и Србија. Олимпијадата не е само за Македонија и Србија. Ако дозволуваат Бранко Љубчо и Заев со своите кредибилитети да ги водат на ланец, тогаш што понатаму да правиме муабет.
Јасен ми е вашиот гнев. Можете да играте само на едно игралиште и сега Грујо не ви го дава кључот од игралиштето. А ви се игра, ама не можете, светот ви е мал, тесен, па си ги викате тепачите од маало (Брисел) да му кажат на Грујо да ве пушти. Ама гледате и тоа не бива, овој не го дава клучот и сега фрлате дрвја камења по игралиштето, никој да не може да игра. Кога вие не можете, никој нема да игра. А кога ќе видите дека некои и покрај се играат по други терени, и докажуваат дека може да се игра, и не е само едно игралиште на планетава, им се вртите на тие од вашата група и им викате, гледате овој не упропасти, иако тие играат по други терени, не заслужуваат, ги пуштаат на „лепе очи“. Затоа дај оладете, ако може нешто добро да направите, направeте, ако не тргнете се на страна, не кочите и оставете место на тие што можат.

ОкоБоли главаВицФото