Хеви металот е сè повеќе политички ангажиран

30.07.2012 09:11
Хеви металот е сè повеќе политички ангажиран

Со приближувањето на 30-годишнината од постоењето на овој жанр, металот сè повеќе ги испреплетува општествените коментари со моќни акорди.
Хеви метал пеачот Крис Барнс не знаеше што ќе мислат луѓето за анти-воената песна „Brutal“, која ја напиша откако негов роднина беше прекомандуван во Ирак во 2003 година. Тој слушна многу обвинувања, но исто така добиваше и мејлови со поддршка од американските војници кои се наоѓаа на боиштето. „Како да ми пројдоа морници по грбот затоа што тоа се момци кои не сакав да ги навредам, изнесувајќи го мојот анти-воен став“, рече Барнс, пеачот на дет метал бендот Six Feet Under.
И некои другите метал бендови имаат слична инспирација.

Lamb of God во своите албуми ја критикуваат американската надворешна политика. Cattle Decapitation се посветени вегетаријанци кои користат експлицитни омоти и песни како “Veal and the cult of torture” (отсекување и култ на тортурата) за да ја осудат месната индустрија. Серџ Танкиан од System of a Down е ко-основач на непрофитна организација која се занимава со социјални прашања.
Повеќе од три децении, откако Black Sabbath ги креираа погледите на мрачната уметност, хеви металот сè уште расте.

Жанрот инкорпорира сè повеќе социјални и политички пораки со цврсти и моќни акорди.
Тревис Рајан пеачот на бендот Cattle Decapitation вели дека миксот на агресивните гитари и пораките за правата на животните на неговиот бенд од Сан Диего, привлекува различни луѓе меѓу кои спаѓаат и активистите и активистките, како и традиционалните метал фанови.
„Доста ни беше од лудиот кросовер“, рече тој пред неодамна одржаниот настап. „Имаме различна публика. Никогаш не знаев како да се поставам кон тоа.“

Неодамна, на една онлајн изложба, дваесет уметници ги прикажаа своите дела, инспирирани од нивниот последен албум “Humanure”. Приходите од продажбата на уметничките дела ќе бидат донирани во борбата за правата на животните. Исто така, метал бендовите сè повеќе навлегуваат во митологијата. Mastodon, кои беа хедлајнери на летната турнеја на метал великаните Slayer, го адаптираа концептот на албумот „Левијатан“ со приказната за Моби Дик. Дет метал бендот Nile ги заснова своите песни и имиџ на египетската митологија и иконографија.

„Металот се шири, еволуира и станува сè поразличен“, рече канадскиот антрополог и филмски режисер Сем Дан, кој го режираше филмот “Metal: A headbangers journey”, кој летово беше објавен на ДВД. Металот е во многу подобра состојба, отколку што беше пред пет или десет години.
Дан работи на продолжението за филмот со работен наслов “Global metal“, кој ќе ја следи популарноста на металот во прекуморските земји, особено во земјите во развој како Бразил, Колумбија и Индонезија.
„Металот добива глобален карактер и станува средство за социјални и политчки коментари“, рече Дан. „Тој добива поголемо значење во земјите во кои луѓето мораат да се борат за да преживеат. Тогаш тоа добива многу посилен политички тон.“

„Метал уметниците одговорија на денешната култура и политика“, рече Дона Гејнс, социолог и автор на “Teenage Wasteland”, студии за металците од работничката класа на Њу Џерзи.
„Во текот на осумдесетите, метал музиката често беше хомофобична и изразено белечка“, рече таа, но денешните бендови настојуваат да бидат социјално свесни и сомничави кон политичката моќ. Во публиката има сè повеќе жени, исто како и меѓу лидерите на бендовите.“
„Ова е нова генерација која надоаѓа“, рече Гејнс.
Хеви металот отсекогаш ги допирал социјалните и политичките прашања.

Татковците на металот Black Sabbath ја критикуваа Виетнамската војна во песните како “War pigs” и “Children of the grave”. Песната на Iron Maiden “Run to the hills” претставуваше огорчена критика за раселувањето на американските Индијанци.
Но, поголемиот дел од критиката е замаглен со мрачните слики заради кои паничеа родителите, а тоа доведе до појавата на сегашната широко распространета етикета “Parental advisory” (Родителски надзор) (1). Збратимувањето на металот со панкот доведе до поук поглед на светот.
До таа промена дојде кон крајот на осумдесетите, кога хардкор-панкот и металот се соединија со бендовите како што се D.R.I (Dirty Rotten Imbeciles) и Nuclear Assault. Но, металот се уште беше примарно познат по ненормалниот животен стил и провокативните и скандалозни видео спотови на гламурозните бендови.

Популарното гледиште за металците како ментално дефектни тапаџии остана запаметено благодарение на анимираниот филм на MTV „Бивис и Батхед“, за двајца тинејџери металци кои го тероризираат дебелкастиот сосед Стјуарт, со маица од глам рок бендот Winger.
Од подземјето почна да пристигнува посмислена музика, заради тоа што популарната култура го прифати гранџот, а металот ја изгуби аромата.
Napalm Death се производ на британското движење Crass, кое го поврза анархизмот со панкот во текот на раните осумдесети. Пеачот Марк Барни Гринвеј, вегетаријанец и пацифист, често пати е одвлекуван на страна од своите фанови кои сакаат да дознаат нешто повеќе за неговите прогресивни гледишта.


Во една нова песна, “The code is red, long live the code”, тој се сосредоточи на поплавата од анти-терористички тревоги во Америка, со стиховите: “Switched on to subdue when the masses switch off” (Се вклучува за да покори, кога масите ќе се исклучат).
„Понекогаш е многу тешко да се пробиеш низ облакот на апатијата, така што е супер кога некој ќе дојде и ќе ве праша зошто имате такво гледиште“, рече Гринвеј во Калифорнија каде кратко се задржа во текот на турнејата.
“Кога ќе дојдете во земја како што е Америка и кога ќе го доведете во прашање начинот на размислување, тоа за некои луѓе претставува голема навреда“, рече тој.
Стиховите од последните два албуми на бендот Lamb of god беа изразено политички, а политиката жестоко ja насочуваa кон лево.

Гринвеј од Napalm Death ја разгледува можноста да работи како политички активист, кога ќе „заврши“ со металот, но не мисли дека некогаш металот целосно ќе се оддалечи од хедонистичките и натприродните теми.
„Мислам дека е добро тоа што не мора сè да биде поврзано со подигнувањето на свесноста и политиката“, рече тој. „Исто така, музиката е вид на забава и така треба да остане. Различноста е начин на живот. Ескапизмот е добар, доколку не ви го замати разумот.“

(1) За црно-белите етикети со натпис: „Parental Advisory(Родителски надзор)“, е одговорна Типер Гор, сопругата на Ал Гор, потпретседателот на американската влада за време на администрацијата на Клинтон. Заради нејзината истакната улога во сето тоа, овие етикети популарно се нарекуваат “Tipper sticker”. Иако многумина сметаат дека е „кул“ да ги имаат на своите изданија, реалноста е сосема поинаква. Всушност, се работи за перфиден начин за цензурирање на радикалните уметници со што се влијае на достапноста, а со тоа и на продажбата на албумите од „проблематичните“ бендови. По воведувањето на практиката за етикетирање на „опасните“ албуми, многу музички продавници одбиваа на своите полици да ги поставуваат носачите на звук од овој жанр, а во тоа време (средината на осумдесетите години) актуелни беа плочите. Денес, по тоа е познат малопродажниот ланец на продавници Вал Март (Wal Mart). Меѓутоа, за среќа, со купувањето преку интернет (iTunes, napster) во голема мерка се премостува оваа препрека, иако многу бендови и понатаму мораат на омотите од своите изданија да го носат жигот „родителски грижи“,но, пред се металците и хип-хоперите.
Зборувајќи за своето искуство од средината на осумдесетите години на минатиот век Џело Биафра, фронтменот на панк бендот Dead Kennedys, рече дека кога ги исфрлиле нивните плочи од продавниците, tie никогаш повеќе не се вратиле во нив. Бендот се распадна за време на познатото судење за постерот “Landscape#XX” (познат и како “Penis landscape”, на швајцарскиот уметник Х.Р Гигер, добитник на оскар за филмот “Alien”). Тој плакат одеше со нивниот албум “Frankenchrist”. Бендот беше обвинет дека „ги изложува малолетниците на штетни нешта“, а Биафра беше под закана на едногодишна затворска казна и глоба во износ од 2000 долари.
Особено бизарен е примерот на Френк Запа. Имено, откако претходно се ангажираше во кампањата против музичката цензура, исто така беше „жигосан“ со оваа етикета. Неговиот тогашен нов албум “Jazz from hell” на себе ја носеше “Tipper sticker” етикетата заради насловот на една од песните – “G-spot tornado”, иако целиот албум беше инструментален! Значи, немаше „експлицитни стихови“. Меѓутоа, тоа е само еден од низата примери за двојни стандарди, кога станува збор за оваа практика.

Извор: http://today.msnbc.msn.com


Одличен текст, да не

Одличен текст, да не заборавиме, со оглед на глупата реченица по однос Бивс Батхед, металците, металските бендови, особено лириката е фантастично политички ангажирана по ред од најпознатите од крај на седумдесетите, осумдесетите и тешкашката музика од деведесетите како и миксот со гранџот, и тоа од флагрантините историски удари опеани/опишани по учебниците или романите, од капиталистички, колонијалистички, милитаристички итн. и тоа како против-отров, имам желба до уредникот на музичко забавната програма на окно.мк да оди со еден сет на стримови од металската струја од повеќе нивоа/времиња. Систем оф а даун, Рејџ агејнст д машин, Терион.. Да потсетам, Напалм Дет беа во Македонија негде на средина од 90те конџертот беше во МКЦ, беа Соуфлај со култната фигура од Сепултура Max Кавалера, ги пропуштивме ДримТиатр и други но тоа е друга приказна. Ако се воиме по однос интелект на металци и останати, би замолил да се читаат текстовите, таму кората на портокалот. Предлагам, стримот на окно исто после овој текст да се вози во метал водите, наместо само во панкот..

Не е некое големо откровение

Не е некое големо откровение дека некои гранки од металот носат и политички пораки, иако тие се најчесто баш антиполитички. Конкретно хеви металот (гранката која ја спомнувате во насловот) не се валка себеси со политички глупости, па наредниот пат кога ќе пробате „стримот на окно да го возите во метал води“ да пробате барем да слушнете некој бенд :)

РАТМ и СОАД ни самите себеси не се ни класифицираат како „метал бендови“ (што не ги прави лоши бендови, само прави „Фрчкоски у СОС“ да звучи како некој што нема појма од музика) :)
Окно, држете се до глупостите кои погрешно ги препознавате како „панк“ и не пипајте металштини :)

Окно личи на мал панк

Окно личи на мал панк аквариум, према това не треба да тревожи потребата за калсично тврд израз; дупликат на клучот не е на одмет за при рака.

За "Иридиум" е битно што тој вели за себе (што бендовите кажуваат за себе), отколку што другите кажуваат или "ревизија на евентот" после туце години од оние кои создале настан. Така што, небитно што тие за себе.. Кој нив ги..

Хм.. Ова е сомнителен обид, наводно металот е аполитичен и мошне практичен, не е дел од системот, туку има своја изолационистичка ентропија како Томас Пинчон шо би напишал, "..навестувања на анархија: јазови и израстоци и линии што се пресретнуваат, и преместување или искривување на рамните површини, на кое непрекинато мораше да му се прилагодува за да може да спречи цела структура да потоне во нередот на дискретни и бесмислени сигнали", под бесмислени би биле сите линии на металот кои сметаат дека се ентропија по себе, тоа е баш смешно и глупо и морам да речам иако писмено напишано, фрустрирачки тажно. Платина овде се обидува да постави координати, а он "го сакам твојот кур, а не политиката", но што ако само сме фини а не знаеме, но, сето ова не е твоја вина, што ли се случи малите гмизави животинки да бидат затворени во зоо? Oh god!

шо? шо?

шо? шо?

Слични содржини

Општество / Музика
Општество / Активизам / Фотографија

ОкоБоли главаВицФото