1013 hPa
83 %
19 °C
Скопје - Пон, 09.09.2024 06:59
Лондон, 31 јули 2012 година
Во најновото истражување кое го спроведе британската туристичка агенција „Visit London“, граѓаните на Лондон изразија надеж дека организирањето на Олимписките игри ќе придонесе до тоа, луѓето ширум светот да слушнат за нивниот град, но и дека „конечно ќе примамат многу туристи“.
Економијата на градот стагнира веќе со години а пазарот со недвижнини е мртов со децении, па затоа многумина ја гледаат Олимпијадата како излез од финансиската криза.
-Воопшто не е лесно, платите едвај ни стигнуваат за да ги покријат трошоците за алкохол, цигари и домување. Се надевам дека тој туризам, или како и да го нарекуваат, ќе му донесе барем малку пари на градот, вели една анкетирана девојка.
Граѓаните на Лондон исто така се надеваат дека ова случување ќе привлече барем „неколку групи на спортски ентузијасти од светот во нивниот зафрлен град“ и ќе им даде шанса да го подобрат имиџот на градот.
-Сепак, ние сме нешто повеќе од смогот, дождовите, рибите и помфритот, вели Пол Хамингтон, кој живее во Челси. Имаме и една кула со часовник која е прилично интересна, а го имаме и замокот каде живее кралицата, додаде тој.
Испитаниците ја изразија својата подготвеност да ги дочекаат гостите со раширени раце и се надеваат дека на туристите нема да им пречи метежот во сообраќајот, кој понекогаш го мачи овој град.
Преземено и адаптирано од:http://www.njuz.net/
Please teach the rest of
Испратено на 26 август 2012 од CamilaPlease teach the rest of these internet holoaings how to write and research!
Woot, I will cetrailny put
Испратено на 29 август 2012 од JuliusWoot, I will cetrailny put this to good use!