Како во Скопје се гради нација

31.07.2012 15:56
Како во Скопје се гради нација

Овде во Скопје владее Horror Vacui - страв од празен простор. Во центарот на градот се исполни и последниот слободен простор. Во идиличното паркче пред домот на АРМ, каде што некогаш во сенките под дрвјата седеа пензионери и мајки со детски колички, жари сонцето врз градежните бариери од ламарина. Овде, така назначува една табла, ќе се гради црква. Таа треба да биде посветена на Свети Константин и неговата мајка Света Елена. Сензационалниот потфат, со кој владата и градоначалниците поставуваат споменици, симболи и сакрални градби во центарот на градот, е речиси застрашувачки. Четириесет споменици и околу дваесетина релативно големи нови градби кои ја имитираат антиката се веќе изградени или се во план.

Назад во античкиот период
Човекот отстрана има чувство како да се наоѓа во еден огромен театар под отворено небо. Главниот плоштад одвај може да се препознае како плоштад. Тој е декориран со споменици од античките Македонци и борците против Османлиите. Во средината доминира огромната статуа на коњаникот Александар Велики. Ако се погледни наоколу, се чини како да ќе бидат подигнати кулисите. Фасадите на неугледните канцелариски згради се прелепени со орнаменти во барок стил. Во еден агол стои класицистички павиљон. Косо наспроти него е поставен триумфален свод со тесен влез до плоштадот.

Што е претставено тука? Делото се вика „Скопје 2014”. Велат дека тоа служи за разубавување на центарот на градот, но всушност станува збор за обид „да се направи” цел еден народ, т.е. да се изгради една нација. Македонија, или поточно Македонците, не треба веќе во огледалото на нивниот изменет центар да се гледаат себеси како наследници на Титовата држава, туку како потомци на антички народ и граѓани на една силна држава. Со започнувањето на изградбата од пред две години овој проект повремено распламтуваше силен отпор. Но дебати баш и немаше. Бидејќи владата во Скопје не дискутира, таа гради.

Важен аспект на овај проект е религијата. Таа придонесува за најжестоките конфликти во експериментот за обновување на македонската нација. Како пионерска градба од проектот „Скопје 2014” требаше всушност црквата Константин и Елена да стои на главниот плоштад. Но протестите од две многу различни страни го спречија поставувањето камен-темелник во 2009 година. Најпрво се побуни една група студенти по архитектура, коишто истапија против црковните претензии за монополизирање на главниот плоштад. Ова место, кое традиционално беше собиралиште за политички, културни и сé повеќе и за комерцијални манифестации, би требало да биде слободно. Студентите очигледно не ја постигнаа оваа цел. Но од нивниот протест, за прв пат во историјата на независна Македонија, произлезе едно урбано, секуларно и меѓуетничко движење.

Спор за сакралните градби
Иницијативата на исламската заедница имаше сосема друга насока на нападот: ако овде се подига црква, рекле одговорните, тогаш ќе мора исто така повторно да се изгради Бурмали Џамијата, која во 1925 година била срушена од страна на српската војска. И сега на главниот плоштад нема ниту црква ниту џамија, туку монументален парк.

Неконформисти
Како реакција на проектот „Скопје 2014” во Скопје се формира неформално мултиетничко движење. Всушност, тоа се повеќе луѓе со различни животни стилови, кои се дистанцираат од етничкиот и религиозниот „гнев” на мнозинството во општеството. Нивните средби се одржуваат во старата Турска чаршија, која долго време е запоставена, а сега покажува нови и атрактивни локали. Оваа сцена - која најверојатно не брои повеќе од илјада лица - се формираше и поради протесните движења. Кога во јуни 2011 по изборите едно младо момче беше претепано до смрт од страна на полицаец, за прв пат во историјата на земјата се случија заеднички протести на Македонците и Албанците. Дотогаш во Скопје беа мултиетнички само собирите против дрогата и хомосексуалците. Тоа што еден протестен собир-сцена функционира „мешовито” е еден од малкуте знаци на надеж за македонската демократија.

Но ако се погледне наназад спорот за сакралните градби изгледа како почеток на конфликт за вметнување на религијата во политиката и општеството. Медиумите зборуваат за „трка во вооружување” на двете големи религиозни заедници, христијанско-православната и муслиманската. Во меѓувреме има една црква или една џамија на 800 жители, а градежниот бум продолжува понатаму. Додека владата ја помага Православната црква, Исламската заедница добива поддршка од арапските држави, но исто така сè повеќе и од Турција. За реновирање и повторно подигање на турските градби Анкара е подготвена да издвои великодушен буџет. Традиционалната конфронтација помеѓу македонската и албанската етничка група во Македонија (65 проценти, т.е. 25 проценти од населението) со тоа доби нова димензија.

Потрага по идентитетот
Има предзнаци кои укажуваат на тоа дека религијата станува с
è поважна за младите луѓе. Една професорка по социологија вели дека нејзините студенти редовно се прекрстуваат пред испитите; околу 90 проценти од нив се изјасниле како верници христијани. Еден познаник раскажува дека во некои министерства станало вообичаено пред сè младите албански соработници да завршуваат порано со работа пред викендот за да не ја пропуштат петочната молитва во џамијата. Сето ова можеби се нови феномени, при што е недоволно јасно во која мера ваквата религиозност е световно мотивирана или служи како уште еден моден додаток на идентитетот.

Всушност, религијата отсекогаш имала важна улога за македонскиот национален идентитет. Во 1967 година социјалистичката држава ѝ дала дозвола на Македонската православна црква да се оддели од белградската Патријаршија. Со тоа македонската нација добила религиозен атрибут. Пред сé национално конзервативната ВМРО - партија која од 2006 година ја сочинува владата - водела (многу пред проектот „Скопје 2014”) религиозно обоена политика за идентитетот. За тоа сведочи огромниот крст на Водно на планината до Скопје. Тој беше поставен во 2002 година по вооружениот конфликт со албанската УЧК, герила чијашто партија-наследник ДУИ од 2008 по втор пат седи во Владата.

Спонтани протести
На албанската страна работите изгледаат малку поинаку. За Албанците религиозната припадност претставува традиционално секундарно обележје на идентитетот. Во Македонија, вистина, поголемиот дел од населението кое зборува албански е муслиманско. Но сепак, во Албанија, помалку во Косово, има и големи католички и православни малцинства (во Албанија, според проценките, 20% од населението се православни, а 10% се католички христијани).

Албанскиот национализам одамна ја прогласи религијата за приватна работа, за да се спречат потенцијалните поделби меѓу Албанците. „Религијата на Албанците е албанството”, се вели во една изрека, која потекнува од Пашко Васа, еден од предводниците на албанските национални идеи во 19 век. Но исто така има јасни предзнаци за тоа дека значењето на религијата исто така се зајакнува првенствено кај муслиманските македонски Албанци.

Православните
Етнологот Роберт Пихлер од Грац ја истражувал традицијата на традиционалниот ислам преку емиграцијата во Македонија. Интересен е резултатот, дека поврзувањата со западна Европа не само што не предизвикале секуларизирање во мрежите на миграцијата, туку токму спротивното. Во селата во југозападниот дел на земјата, но исто така и во некои делови на градот Скопје, преку заобиколниот пат на миграцијата се етаблирале салафистички групи, кои се во конфликт со нивните татковци. Тие им префрлаат нив за „обожавање на нацијата” за сметка на вистинското верување. „Исламот е нашата нација”, Пихлер цитира еден млад салафист. Според други извори, кон ова реисламизирање, кое нема ништо заедничко со умерениот традиционален суфизам, се многу чувствителни и муслиманите кои зборуваат македонски (Торбеши), кои истовремено се оградуваат од Македонците и од Албанците.

На 12 април годинава Македонија ја потресе ладнокрвно убиство. Во близина на Скопје некои непознати лица застрелаа пет млади момчиња и еден средовечен маж. Од сторителите нема никаква трага, но исто така останаа нејасни мотивите на убијците. Единственото очигледно беше дека сите жртви се Македонци. Малку подоцна Министерството за внатрешни работи истапи пред медиумите и соопшти дека за делото се осомничени исламистички терористи. Врз што се заснова ова сомнение на јавноста сè уште не ѝ е познато.

Откако на почетокот на мај по големата акција „Монструм” полицијата уапси дваесетина осомничени а Министерството за внатрешни работи соопшти дека се работи за радикални исламисти, дојде до спонтани, религиозно обоени протести на неколку илјади млади Албанци. Протестот беше спонтан сè додека не се обидоа да се вмешаат етаблираните албански партии и организации. Мобилизацијата на луѓето се вршеше во џамиите и преку интернет, на фејсбук. „Алах е голем”, скандираа демонстрантите, „Муслиманите не се терористи”, извикуваа други, а некои новинари дури слушнале извикувања како „смрт за Христијаните!” Покрај албанскиот двоен орел демонстрантите носеле и зелени исламски знамиња.

Блескава фигура
За Рамадан Рамадани, исламски проповедник и теолог, со тоа започнал „нов политички момент”. „Овој протест беше насочен, од една страна, против исламофобијата во Македонија и сонот на владата да спроведе христијанска хегемонија во оваа мултирелигиозна земја”, објаснува теологот во неговото биро во центарот на градот. Но демонстрациите претставуваа исто така отпор против владеечката албанска политичка каста.

Протесната колона по започнувањето на маршот од пред џамијата Јаја Паша всушност запрела пред главното седиште на ДУИ. Биле фрлани камења и се скандирало со навредливи повици. „Албанските партии целосно ги разочараа младите луѓе во врска со религиозните прашања. Не е ни чудно, нивните водачи се атеистични бивши комунисти без никакви познавања на религиозните прашања.” „Иако јас не сакам“, вели Рамадани, „на политичките прашања за дискриминација и непотизам да наоѓам чисти религиозни одговори Јас не сум исламист.” Но албанската политика би требало да ги разјасни своите односи со исламот. Рамадани во јавноста се смета за блескава фигура. Неговите противници во исламската заедница тврдат дека е тој фундаменталист. Кога во летото 2010 беше разрешен од проповедничката служба во џамијата Иса Беј, тој одбил да ја напушти службата. Неговите приврзаници со помош на бунт спречиле неговиот наследник да го заземе неговото место.

Како портпарол на движењето за повторна изградба на Бурмали џамијата Рамадани им е познат на многу Македонци - но многумина немаат доверба во него. „Сето тоа е бесмислено”, вели Рамадани смеејќи се. „Исламската заедница е една од последните комунистички структури во земјата, и тие се плашат од мојата конкуренција. Што се однесува до Македонците, јас редовно пишувам колумни во весниците и моите погледи се јавни и отворени.“

Функции за своите луѓе
Покрај отпорот кон православното „вооружување” во Македонија има и друга важна причина за зголеменото влијание на исламот кај младите Албанци: ослабената поврзувачка сила на албанските партии. Откако ДУИ веќе осум години е на власт има многу изгубено од својот сјај. Таа настапи во 2001 со ветувањата да ја доврши националната еманципација на Албанците во Македонија по политички пат. Денес Албанците од различни социјални слоеви ја гледаат ДУИ како „кадровска партија” која бесрамно им помага на своите членови да стигнат на функција. Освен тоа, врвот на ДУИ е безнадежно инфериорен во однос на тактичката умешност на премиерот Никола Груевски.

Опозиционата ДПА за ова незадоволство, иако во нејзините редови има многу проминентни интелектуалци, не е алтернатива. На нејзиниот претседател Мендух Тачи, кој со цврста рака ги води своите верни сопартијци, му недостасува политичка визија и морален кредилибитет. Овие партиски организации, така мисли младиот социолог Артан Садику, делувале на многу Албанци од неговата генерација во најдобар случај како агенции за посредување на работни места, а во најлош случај како организации за камуфлажа на матни зделки. Еден млад човек, кој е незадоволен со својата перспектива, гладен за ангажман, заедница и признавање, порадо ќе се најде во една од исламските заедници.

За тоа зборуваат многу работи. Треба да се посети Дижонска, запуштен реон во северниот дел од град Скопје. Овде џамиите се полни секој петок. Но посетители веќе не се само постари мажи кои бараат вера во заедницата. Многу млади посетители на џамиите си заминуваат во групи разговарајќи и смеејќи се по завршувањето на молитвите. За политичките и религиозните „претприемачи” Македонија и младото албанско население се многу интересен пазар.

Извор: Neue Zürcher Zeitung
http://www.nzz.ch/aktuell/international/wie-in-skopje-eine-nation-gebaut-wird-1.17378087

Превод: Македонка Атанасоска

 

Отсега да го потпишувате

Отсега да го потпишувате Рамадан Рамадани како исламски проповедник и теолог. Ај не мора исламист.

Може и „блескава фигура“. Не

Може и „блескава фигура“. Не му правете неправда на човекот.

Многу смешен текст, а сакав

Многу смешен текст, а сакав да читам уште, овие копилиња кои ги анализираат расистичките и наци фашистички тимби како на албаните турките македоноидите египќаните влафците и другите во МК, како да ја истражуваат нивната поврзаност со нив, имено салафистите се најдоа на радикален удар на БНД и тајните полиции на Австрија, Швајцареа и други во кои доминираат Германските племиња, па ова патешествие има некаква цел, но мене овој текст не ми изгледа воото темелен, како нафрлувалки со стереотипи и празноземени изјави од случајни минувачи, но и СОС од кој индиректно се посочува дека на овие мали говнарски државичиња како МКД ќе им требаат стручњаци за балистика и оружје, нешто така, исто така ќе почнат да ги сопнуваат на секое чекорче у тие високо РАЗВИЕНИ и да ги враќаат во југозападна МКД, особено околу Зајас и околината каде што 50 посто од куќите се запечатени со штембил на кој пишуе "тука сме ама не сме тука, дома сме у Њемачка, важно ролетните и клонираните архитектонски градби го мапираат местото, го мочаат". Ако од нешто се радувам, тоа е дека МКД ќе има миљон и пол народ, а тоа ќе биде фантастично за секоја тиква што ќе живее тука, до мене.

Текстот исто така, приметувам на неколку местаце непрецизен, а тие места мене ми се тоќно познати, по што заклучувам дека момакоф дошол тука со одреден заклучок, формализиран, но тоа е полесниот дел, страната на тасот, страшниот е што од оваа иГра на зборој Грујо ќе има корист, анфорчунатчи..

Суштински треба да се

Суштински треба да се избркаат 500 до 600 илјади за да дојдеме до бројката во која за секого ќе го има од делчето кое комунистите и транзиционите говна го одзедоа, да ги видиме можностите на еден таков потфат; албанците ќе бидат проретчени како плевел до таму што секое новороденче ќе биде шутирано низ ЕУ и околината само Македонецот до тогаш ќе мора храбро да издржи како што шредвиде Љубчо, но Македонците конечно ќе станат социјалци во најхардкор смисла таму 2025та, сите ќе се закачиме на буџетот, сметам напорите на шилестотаписераниот кур од Гвујо се феноменални, еве веќе има остварувања: секоја баба добива пар хулахопки на месец, секоја будала добива терапија против мозочни удари и мултипла склероза, новинарите како овие од Глобус или овие што сега пишуваат во Граѓански ќе добиваат по три просечни плати без оглед дали какаат или не, мутавите напредни да добиваат по илјада евра у случај да сакаат да одат на одмор до Грчка, посраните професори како Ванкофска аљас Винклофска да добијат протеза и клон на глава, при што активноста ќе се мери исклучиво за време на спиење кога ваквите бараби ќе одработуваат во нацинационалистички весници од типот Нова Мракоња, а на пример сите педери и курви кои се редат во Граѓански, (од мрачната фигура на тешкашкото режисерче смрдливо говненце што ќе изјави кај Оливера у емисија на прашањето: "Што би му рекле интимно на Бранко?", моронот ќе рече: "Он јет једини што знае све и МКД", значи, ПОЛТРОН што вози џип од по 50000 еура и го ставаат на насловни небаре Македонија само со капиталисти треба да се занимава, него можеше ли Ункофски да одговори дека није једини Бранко кој може, можеше ли тоа капиталистиќко говно да го каже, Сценограф морон! ) ко експозитура на Трифун идијотот, за кој сите викаат дека јет ЉЕВИЧАР јеботе, ал како може носач на капитал да биде левичар, јеботе КоМетал и идиотите што пишуваат таму, јеботе папир за говнобриш, него тоа ми беше, бркањето на 600 иљади души ќе ги задоволи сите страсти, невработеноста природно ќе се намали на 100 иљади, а тоа све може да се стави под капата на 25 посто долг од БДП, а пошто Гвуј планира да го дуплира БДП до 2018 до тогаш ќе дужи МКД 10 миљарди ЕУР, до 35 посто од БДП, вкупен.

Према тоа, програмата за разгром нек работи, колку фино ќе биде чоече.. Миљон кома 5!

Сакам во оваа земја да живеам

Сакам во оваа земја да живеам во 21-от а не во 12-от век. Религија мора да умре... 

*Религијата , буквален

*Религијата
, буквален преведувачу од англиски :)

Напротив, останувам на

Напротив, останувам на „религија мора да умре“. Можеш да го класифицираш како слобода на изразување во тој твој конзервативен маќетонски ум.

Интересно е како неписмените

Интересно е како неписмените секогаш се повикуваат на слободата на говор кога некој ќе им ја бапне пред очи вистината дека не знаат да го користат нивниот јазик :)
А уште поинтересно е што често, како во случајов, не знаат што значи реченицата која ја слушнале некаде и ја повторуваат...

И не расфрлај се со „конзервативен“. Отворените „слободоумни“ умови најлесно се полнат со она што ќе го замисли нивниот *кхм* полнач!

Што се однесува до правилна

Што се однесува до правилна употреба на македонскиот јазик, мислам дека немам посериозни проблеми. Единствениот кој има проблем тука си ти, бидејќи целосно ја промашуваш суштината на коментарот и неговата цел. Коментарот се составува во контекст на дадениот текст, т.е. дека во земјава има премногу пациенти коишто веруваат во Госпот Бок. Тоа што ти се обиде да го направиш е да го дискредитираш мојот коментар врз база на претпоставка дека сум направил граматичка грешка (нечленување на именка). Ќе морам да те потсетам дека времето на каноните на Блаже Конески одамна заврши и дека јазикот е жива материја која постојано еволуира и која подлежи на послободна употреба.
Така да, престани со глупавите и никому потребни граматички анализи и дај мислење или став во однос на горенаведениот текст ако сакаш барем еден твој коментар да има некаква релевантност.
П.С. „Бапне“ е жаргон, Блажета не би се согласил.

За да научиш да живееш во 21

За да научиш да живееш во 21 век ќе треба да го прифатиш прво тоа што највеќе го мразиш. Тоа е уствари идејата на новово време, инаку уште ќе живеевме во 1941 и Адолф ќе беше пастир на ариевска ЕУ, пошо и он сакаше да живее у земја во која некој мораше да умре..

Е сеа по муабетов, изглеа дека само телото во оваа земја сака да ти живее у 21ви, а со паметот си у уште 12ти век, така да доволно е да го промениш светогледот и можда ќе почнеш да живееш у 21 век.

Верувањето во задгробен

Верувањето во задгробен живот, идејата дека човештвото не е постаро од 6000 години, дека земјата е рамна, концепцијата за гревот и сл. се ставови  прилично адекватни за некое минато време (како гореспомнатиот 12-ти век.). Религијата во денешно време е целосно анахрона со модерниот свет и не е во состојба да реши ни еден од неговите тековни проблеми (дискутабилно е дали воопшто некогаш решила некој проблем). Мојот став не се однесува на тоа дали некој треба или смее да верува во било што, туку дека постоењето на оваа институција и нејзиното наметнување во секојдневниот живот е бескорисно, можеби и штетно.

Слични содржини

Општество / Јавни простори
Општество / Европа / Свет
Општество / Европа / Став / Теорија
Општество / Теорија

ОкоБоли главаВицФото