10-те најбизарни олимписки дисциплини

31.07.2012 16:40
10-те најбизарни олимписки дисциплини

Летните олимписки игри во Лондон ќе траат до 12 август. Многумина бездруго ќе следат различни настани, меѓутоа, она што нема да видат се бизарните спортови, кои некогаш биле дел од Олимписките игри, а денес веќе не се.

12-часовна велосипедска трка (1896 година)
Седуммина велосипедисти тргнуваат во пет часот наутро и се тркаат до пет часот попладне. Од седумте натпреварувачи, четримина се откажале предпладне, а победникот бил Адолф Шмал од Австрија, кој успеал да помине околу 288 километри.

Качување по јаже (1896, 1904, 1906, 1924 и 1932 година)
Доколку ова натпреварување ви звучи премногу едноставно, тоа е затоа што навистина е такво. Се работи за качување по јаже само со раце. Изгледа дека дисциплината се преселила во воената обука и останала таму.

Стрелање во гулаби (1900 година)
Многумина ќе помислат дека се работи за глинени гулаби, но, за жал и на срам на Олимпијадата во Париз од 1900 година, повеќе од 300 живи птици биле убиени во оваа бизарна дисциплина. За среќа, тоа бил првиот и последниот пат нешто такво да се случи, што и не е толку изненадувачко, бидејќи олимпискиот терен веројатно бил прекриен со мртви птици и крвави пердуви по натпреварувањето.

Пливање со пречки (1900 година)
Пливачите кои учествувале во пливањето со „пречки“ морале да се качуваат, а потоа да скокаат од чамец на чамец и да нуркаат под чамците. Натпреварувањето се одржувало на реката Сена, што значи дека натпреварувачите, освен едни против други, морале да се борат и против речната струја. Се работи за уште едно натпреварување кое никогаш не се повторило.

Влечење јаже (од 1900 до 1920 година)
Единствената предност на влечењето јаже во однос на другите слични дисциплини е во тоа што античките Грци ја вовеле во оригиналните игри пред 2.500 години. Во модерната верзија, две екипи од по осум натпреварувачи го влечат јажето сè додека не успеат да ги довлечкаат противниците два метри кон себе.

Двобој со пиштоли (1906 и 1912 година)
За среќа, не се работи за вистински дуел, туку за стрелање во кукли на кои биле поставени мети. Куклите биле облечени во костуми, веројатно за да го доловат убивањето на вистински противник.

La Canne (1924 година)
Мечувањето со стапови за одење е многу слично на конвенционалното мечување. Единствената разлика е во изборот на оружје. Се работи за француска боречка вештина која се развила во почетокот на 19-иот век за самоодбрана.

Мавтање со стапови (1932 година)
Мавтањето со стапови претставува „машка“ верзија на ритмичката гимнастика. Се работи за дисциплина која наликува на жонглирање: натпреварувачите морале да изведуваат различни, визуелно интересни движења со стаповите.

Kabaddi (1936 година)
Kabaddi веројатно најлесно може да се опише како играње граничар без топка. Два тима морале да преминат на страната на противникот, за да се борат со него, а потоа да се вратат на својата половина, без оглед на исходот на борбата. Се работи за спорт кој е многу популарен во Југоисточна Азија.

Хокеј на ролшуи (1992 година)
Хокејот на ролшуи е, всушност, ист како и обичниот хокеј. Единствената разлика била во тоа што натпреварувачите носеле ролшуи, наместо лизгалки, а натпреварувањето се одржувало на цврста сува подлога. Единствената година кога на Олимписките игри се играл хокеј на ролшуи, Аргентина ја победила Шпанија и го освоила златото.

If time is money you've made

If time is money you've made me a wleathier woman.