1012 hPa
100 %
12 °C
Скопје - Пон, 10.11.2025 19:59

Уметникот и дизајнер Азума Макото е роден 1976 година и тој раководи со модната цвеќарница Jardins des Fleurs во Токио. Неговата работа со растенијата и цвеќињата се манифестира во вистинска уметност, при што тој создава широк спектар скулптури, инсталации и објекти, користејќи дрвја, лисја, мов и други растенија, органски и вештачки.
Една од неговите последни изложби, со наслов Склопувачки лисја, вклучуваше прекрасна колекција на монтирани и суспендирани скулптури, направени од тесно превиткани и нанижани лисја. Поставката е уникатна, зашто наложува брзо составување на листовите, иако се добива впечаток дека се работи за природно настанати растенија.
Ако ви се допаѓа зелената уметност на Макото, не заборавајте да го посетите неговиот веб сајт.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
http://azumamakoto.com/