Галеријата на изгубена уметност на Tate Media

03.08.2012 08:15
Галеријата на изгубена уметност на Tate Media

Tate Media штотуку покрена ултра-провокативна онлајн изложба, под наслов Галерија на изгубената уметност. Таа детално изложува бројни значајни уметнички дела од минатиот век, кои биле украдени, уништени, одбиен или едноставно исчезнати.

Проектот ќе трае цела година, а нови „експонати“ ќе се додаваат секоја недела. Интерфејсот на сајтот овозможува разгледување на категоризирани дела, според начинот на кој тие биле изгубени. Достапни се сите преживеани репродукции на делата, заедно со есеи во кои се опишани околностите кои довеле до нивното исчезнување или уништување.

Меѓу жртвите спаѓаат: Диего Ривера, Казимир Маљевич, Лусијан Фројд... Изложбата, исто така, има цел да нагласи дека историјата на уметноста не треба само да го слави она што преживеало, туку и оние дела кои, заради една или друга причина, не го издржале тестот на времето.

Посетете го сајтот на галеријата: http://galleryoflostart.com/