Џим Морисон во Скопје

03.08.2012 09:30
Џим Морисон во Скопје

Скопје, 3 август 2012 година

Џим Морисон ќе одржи концерт во Метрополис арената во Скопје, а со секоја купена карта ќе се добива и подарок ДВД за животот на овој популарен музичар.
Концертот ќе започне во 21 часот и ќе трае повеќе од 3 часови. Организаторите ветуваат одлична забава.

-Сакаме да се надминеме себе си, изјавува Џезаир Рокеровски, менаџерот на промотерската агенција „Петокрака“.

Метрополис арената е единствената локација која ја прифати менаџерскиот тим на Џим Морисон и која ги исполнува сите светски музички критериуми.

-Имаме голема обврска да го одржиме континуитетот со организирање концерти на светски познати ѕвезди, додава Рокеровски. Тој ни открива и уште една тајна поврзана со овој настан. Како специјален гостин на овој концерт ќе се појави и светски познатата Џенис Џоплин, која е претставничка на поалтернативниот звук.
Го прашавме организаторот за специјалните барања и услови на Морисон.

-Единствениот услов што го бараа менаџерите на Морисон беше тој да биде сместен во студена просторија, во која ќе има полн фрижидер со енергетски пијалоци, рече Џезаир Рокеровски.

Влезниците за концертот нема да се продаваат во претпродажба туку на влезот од Метрополис арената и ќе бидат во неограничен број. Нивната цена ќе остане тајна.

Адаптирано од: http://www.njuz.net/

Gotcha! Just kidding, vote

Gotcha!
Just kidding, vote for Branko.