Континуитети и резови (Сецирање на чудовиштето)

06.08.2012 01:03
Континуитети и резови (Сецирање на чудовиштето)

„Демократската нација настанува во радикален дисконтинуитет со својата сопствена историја.“

Зашто ни се случуваат „Скопје 2014“ и дивјачката демонтажа на сите културно-општествени претпоставки кои до вчера (лабаво) го втемелуваа нашето општество, човек може да дознае и индиректно, на пример читајќи ги небулозите на Небојша Вилиќ за актуелната македонска ликовна сцена. Бедата на режимските, во културна смисла петокласни, извршители на визиите на пастирот станува многу појасна кога е јукстапонирана со бедата на овдешните професори и историчари на уметноста, од типот на Небојша Вилиќ. Плиткоста и незнаењето, од една страна, споени со опортунизмот и кукавичлукот на најодговорните за естетските, културно-политичките, историските и моралните прашања на нашето општество всушност, посредно, и ни го донесоа гламугрозниот спектаклук „Скопје 2014“.

За небулозите на Вилиќ, кој на подмолен начин ја релативизираше цензурата врз едно уметничко дело, неодамна веќе напишав текст. Го пишувам вториов зашто истиот автор одново конфузно, напаѓајќи ги членовите на уметничката група „Кооперација“, нападна еден мој друг текст. Со оглед на неартикулираноста на Вилиќ (пред сè во областа на теоријата, но тој е скаран и со логиката и со повнимателното читање), нема да губам премногу време спорејќи ги неговите неповрзани квазитеориски афектации. (линк до текстот на Вилиќ) Од друга страна, доследноста на нападите на Вилиќ е индикативна во една поширока културно-политичка смисла. Затоа решив уште малку да се позанимавам со критичарските афектации на долгогодишниот професор и директор на Сорос центарот за современа уметност. Од подмолностите и произволностите на Вилиќ, значи, ќе се обидам, да извлечам троа мудрост на начинот на кој тоа го правеле Андриќевите Травничани кои „од тие лаги често можеа да извлечат зрно вистина, за коешто ни самиот измамник не знаел дека се наоѓа меѓу неговите лаги“.)

Најпрвин, за прашањето на „модерноста“. Вилиќ вели вака:

„Морам да повторам дека преиспитувањето на модернизмот во македонската ликовна уметност се одвиваше во втората половина на 80те и се затвори на почетокот на 90те години од минатиот век. Додека групата уметници, културњаци и философи околу чајџилницата „Галерија 7“ (дел од нив опфатен со името Група „Зеро“) го довршуваше доцниот модернизам во Македонија, една друга група сериозно се беше зафатила со преиспитувањето на модернизмот, а во духот на постмодернизмот: Александар Станковски (во своите масла на платно), Венко Цветков, Томе Аџиевски, Благоја Маневски, Станко Павлески, Жанета Вангели, Драган Петковиќ, делумно Димитар Манев, и, особено, Јован Шумковски. Токму тие во средината на 90те го затворија тоа преиспитување и продолжија понатаму. (cf. Вилиќ, 1994) Денес, после 17 години повторно да се зборува за преиспитување на модернизмот или за навраќање кон модернизмот, безмалку говори за задоцнетост во уметничката мисла. Со, тоа, овој аспект на Гелевски ќе го припишам на неговата неинформираност за работите што веќе одамна се случиле.“

Ова парче текст совршено зборува за во секоја смисла недостојните позиции на авторот. Најпрвин, одломката илустрира една тешко сфатлива ограниченост и кусогледост; преиспитувањето на модернизмот во македонската ликовна уметност траело три-четири-пет години и се затворило?! Претпоставувам дека тоа го направил лично самиот Вилиќ кон крајот на осумдесеттите и го затворил прашањето, заедно со „група македонски уметници“, во почеток на деведесеттите?! Ваквото критичарско шарлатанство може да се спореди само со „постмодерно-неокласицистичките“ дострели на СК014! Авторот покажува не само дека ништо не разбрал од модернизмот (особено не од модернизмот во поширока смисла), туку покажува запрепастувачки ситна суета буткајќи се себеси како некаков трансисториски авторитет и патем делејќи лекции. Вилиќ не само што не го разбира модернизмот, туку себеси се цементира (баш како „бесмртен“ груевистички споменик) врз некои одамна надминати предмодерни постаменти.

Затоа ќе потсетам на зборовите на Хауке Брункхорст од книгата „Солидарност“: „Во модерното европско општество и во неговата култура веќе нема место за оние институции кои сакаат да го задржат предмодерниот статус на интелектуален супервизор на општествените и политичките случувања. „Местото на интелектуалецот е поместено одозгора кон долу, од цврстите слоеви и ексклузивните класи кон променливите и инклузивните, но во секој случај принципиелно отворените групи; пред сè, меѓутоа, местото е поместено од средиштето кое го сочинуваат малобројните избраници на врвот на социјалната хиерархија, кон ексцентричната периферија на масовната култура.“

Затоа што не го разбира модернизмот (кој е темелот на сите „пост-изми“ и услов за разбирање на современата уметност) Вилиќ не може да ги разбере ни новите културни и уметнички форми. Та така неодговорно и површно Вилиќ продолжува да си тропа: „А каде е тука уметноста или во што Гелевски ја препознава/пронаоѓа како таква? „Социјално осетливи“ и „вмрежени“ се и „Распеаните Скопјани“, па сепак за нив (сè уште) не пишуваме како за уметност, туку ги сместуваме во еден поширок културолошки контекст. Оттука, не сум баш убеден дека кој било кооперат ќе се сложи да се префрли од подрачјето на уметничкото и да се вреди во подрачјето на културолошкото. А можеби и се лажам...“

Уметничкото наспроти културолошкото?! Ова е уште една од „теориските фрљоки“ на Вилиќ. Ако „Распеани скопјани“ мислат дека се уметност - тогаш тие се уметност! Не им треба никаков предмодерен авторитет да им го одобри правото на уметност! Башка, каква е таа сосема анахрона и непродуктивна сакрализација на уметноста?! И на тој план Вилиќ покажува колку длабоко не ја разбира современата уметност, комплет со нејзините модернистички претпоставки.

Значи, како историчар на уметноста или како културен теоретичар Вилиќ просто не може да се третира сериозно. Но, пак велам, во целава приказна интригира политичкиот момент и затоа ќе продолжам уште малку, допирајќи ги токму (откако ќе се симне тенката скрама на „културата“) соголените политички „жили и нерви“ на чудовиштето што го сецираме (да го наречеме современа македонска уметност?; не, тоа е претенциозно; нека си остане само метафората, само чудовиштето). Вилиќ вели:

„Наспроти ова негово мислење за „уличноста“ на „Кооперација“ и конечно, одговорно тврдам дека: повеќе уметност „на улица“ има во проектот „Скопски урбани приказни“, еве веќе пета година, на толку критикуваниот и омразениот ДЛУМ (кој, патем, институционално е здружение на граѓани или невладина организација) и толку непосакуваните куратори, отколку во сите досегашни пројави на „Кооперација“. Да не ја спомнувам и изложбата „Визуелни индустрии“ во организација на Градот и Градоначалникот на Скопје (sic!). Со тоа, паѓа носечката теза на Гелевски дека: „речиси сè што е квалитетно на македонската културна сцена се случува далеку од шепите на политичките терминатори на власта“...“

Изгледа дека во оваа (политичка) грмушка лежи зајакот. (Иако, спомнав и минатиот пат, ловот на Вилиќ изгледа како ловот на којотот по брзата птица итрица, оти прогонувачот постојано паѓа во стапиците наменети за посакуваниот плен.) Клучната работа што сака да ни ја објасни Небојша Вилиќ, значи, е дека во уметноста на груевистичките институции (комплет со онаа на Коце-часовничарот за кој самиот Вилиќ вели SIC!) „има повеќе уметност на улица“ (премерил Вилиќ) отколку кај „лажните алтернативци“ од групата „Кооперација“. Така, тажно и гротескно, Небојша Вилиќ го изоде патот од човекот што пред некоја година сакаше со динамит да ја руши кичерската Куќа на Мајка Тереза до денешен бранител на режимските културни политики кои целиот центар на Скопје го претворија во кошмарно кичерска сценографија за најевтин филм.

Наспроти Небојша Вилиќ, вечниот бранител на институциите и вечниот самопрогласен (а предмодерен) арбитар, моето мислење за сегашниов мрачен македонски миг, а поврзано со лажната дилема што ја наметнува Вилиќ, „институционална или улична култура“, е следно:

Во Македонија во моментов владее своевидна „молекуларна граѓанска војна“ (Енцесбергер), при што клучните државни институции (заедно со културните, се разбира) престануваат меѓусебно да се надополнуваат и веќе не се во состојба сите заедно да дејствуваат во насока на демократијата, во насока на заштита на граѓаните и на нивните основни човечки и демократски права. Во културна смисла во Македонија ни се случи еден агитпроповски (агитациско-пропагандистички) реализам, многу сличен на соцреализмот што се случи во Советскиот Сојуз или во Германија во триесеттите години: полето на идеологијата сосема го проголта полето на културата, заедно со сите други полиња. Вака вели рускиот теоретичар на литературата Михаил Берг во книгата „Литературократија“: „Ако масовната култура се самоодредува во областите на функционирањето и присвојувањето на културниот и економскиот капитал, тогаш соцреализмот се самоодредува во областа на прераспределбата на културниот и симболичкиот капитал. Полето на идеологијата тука не го голта само полето на културата туку и полето на економијата, што доведува до тоа социјалниот простор да добие инфантилни црти, а литературата, проголтана од полето на идеологијата, принудена е да симулира актуелност и да станува инфантилна.“ (линк до целиот текст)

Дека кај нас идеологијата ги голта сите полиња почнаа да согледуваат сè повеќе културни актери. Небојша Вилиќ тоа не само што не сака да го види и не само што арогантно, неконтролирано и нервозно дели шамари на сите страни, туку, и тоа е најпоразително, жолчно ги брани дострелите на погубните груевистички културни политики. Ја прифатив полемиката со него токму поради она што ми се чини како главна тема на препискава: односот спрема режимските културни политики.

За пред крај, во обид да му го намалам просторот на Вилиќ да ги фалсификува моите клучни тези за релацијата меѓу уметноста и политиката (никаде не сум ги повикал уметниците да излезат на улица; напротив, во мојот текст за „Кооперација“, следејќи ги изложбите и заложбите на групата, токму ги релативизирав „просторите каде што се случува уметноста“), уште еднаш ќе го повторам своето верување дека културните, естетските и демократските критериуми се слични. Активностите поврзани со уметноста претставуваат карактеристики што го симболизираат демократскиот живот; и обратно, клучните идеи во историјата на либералната демократија мошне се корисни при продлабочувањето на уметничката практика и естетските судови.

Исклучително ми е важно согледувањето на француската теоретичарка Жоел Заск која вели вели дека политиката често кај уметничките практики ги открива точките каде што тие од креативни преминуваат во конформистички; додека уметноста, пак, на политиката ѝ го покажува моментот кога таа од слуга станува господар, дури и џелат. Ако треба да исчекориме од политиката за да можеме да ја оцениме и насочиме, сугерира Заск, тогаш исто така треба да се излезе и од уметноста, за да ја поттикнеме.

Согледувањата на Заск ќе ми послужат за последната теза денес, поврзана со прашањата: што е „независна уметност“ и каков е односот помеѓу „институционалната“ и „алтернативната“ култура. Овие прашања Вилиќ ги релативизира до неподносливост, иако одговорите на тие прашања се важни и за локалното и за глобалното (себе)позиционирање. Во својата книга „Демократијата и уметноста“ Заск вели дека идеалите на созревањето, еманципацијата и индивидуацијата се заеднички и за уметноста и за демократијата.

Врз основа на оваа реченица ќе се обидам да исконструирам една полемичка теза. Ќе се држам до генерациските рамки и до уметниците што ги спомнува и Вилиќ, но моите намери во случајов се палијативни и илустративни; немам претензии кон поконсеквентни класификации. Во нашиот македонски контекст, значи, ми се чини дека творештвото на Игор Тошевски, Ацо Станковски или теоретичарката на уметноста Сузана Милевска, од една страна, културно (а богами и уметнички) е порелевантно во однос на творештвото на Благоја Маневски, Јован Шумковски, Антонио Мазневски или историчарот Небојша Вилиќ, од друга страна. Зашто мислам така? Затоа што првоспомнатите наспроти вториве се поавтономни во однос на локалната академско-економска моќ, поиндивидуализирани и понезависни од актуелните агенди на државата и нејзините институции и со самото тоа се и поеманципирани во однос на продукцијата и рецепцијата на културните дела ( додуша, Ацо Станковски последниве години стана идеолог на антиквизацијата, но сакам да верувам дека тоа го прави од пркос или лудило, а не зашто е корумпиран од фараонскиот режим).

Кон претходно реченото ќе надоврзам една за мене мошне важна реченица на Агнеш Хелер: „Демократската нација настанува во радикален дисконтинуитет со својата сопствена историја“. Реченицата на Хелер, освен историско-политичките, има интересни културни импликации. Ми се чини дека „независната“ (или „алтернативната“) уметност и култура повеќе инсистираат на дисконтинуитет, особено во однос на националните канони. Заради тоа мислам дека преиспитувачите и бунтовниците во нашиот културен контекст се поважни од „институционалните наследници на континуитетот“. Се разбира, тезава е неразвиена и во една соголена форма фрлена е повеќе како полемичка провокација; прашањата на (дис)континуитетите се поврзани со прашањата на (де)територијализацијата (Делез) и во суштина се мошне комплексни. Башка, дури и во една олку поедноставена теза можни се исклучоци (на пример, самиот Станковски е парадоксален исклучок од тезата, иако тој себеси веројатно се гледа како носител на вмровските „сили на дисконтинуитет“, без да забележи дека антиквизацијата е пропагандистички (соц)реализам, своевидна гламуризација на примитивизмот). И покрај сè, сепак ми се чини дека темата на (дис)континуитетот е значајна за нашиот контекст во кој прашањето за радикалниот рез е можеби најважното политичко и културно прашање во моментов (тоа требаше да биде драматично прашање 1991 година, но овдешните доцнења се трагично хронични). Според мене, да заклучам, антиквизацијата е продолжување на комунизмот но овојпат со соцреалистички средства. Антиквизацијата е освета на националистичките комунисти спрема модернистичките комунисти. Затоа во новиот необолшевички национализам толку добро се снаоѓа мнозинството од некогашните комунистички дрматори во сите сфери, од полицијата до културата.

Ете, од тие причини сомнителна ми е одбраната на режимските институции од страна на Небојша Вилиќ, но уште посомнителни ми се повеќето македонски државни институции во моментов впрегнати за една единствена цел: глорификација на пастирот (не на групата „Кооперација“, Небојша!), на преродбата и на божем новиот македонски национализам. Груевизмот во моментов се обидува да се инсталира како „нормализација“ и како „нов канон“. А имам впечаток дека Вилиќ, како прототип на еден „просечен македонски културен работник од институција“, отсекогаш бил по нормализацијата и каноните. Јас сум повеќе по настанувањето демократска нација, т.е. за радикалниот историски рез.

Користени се фотографии од сајтот на Кооперација:
Насловна страница: Инес Ефремова, In/Out, 2012, инкџет принт
Немања Цвијановиќ, Кронос јаде едно од своите деца, 2010, аудио снимка (loop)
Харалд Шенкер, Сега не е време за…, 2012, видео, 25сек. (loop)
Владимир Лукаш, 1984, 2012, инкџет

 

Во текстовите на Вилиќ има

Во текстовите на Вилиќ има едно уште поодвратно парче кајшто многу посоголено ги покажува и ароганцијата и плиткоста и неписменоста. Како уметниците од „Кооперација“ да се негови малоумни студенти, такво е писмото на Вилиќ до нив:

По поканата за изложбата „Кооперација 2: ЕПП (Економско пропагандни пораки“, еве што им напишав на членовите (иако, заради техничка грешка, тоа не стигна до нив): „ок, друштво, доаѓам, иако пак звучите ретро (кооперација, револуции, епп…)… само се надевам дека овој пат (иако насловот„ ЕПП“ веќе недвосмислено упатува на тоа) нема пак да понудите веќе 100 пати видени концептуални дела за еднократна/едно~ и кусоефектна употреба (Никола), преџвакани дишанизми, брацодимитријевиќизми и арманизми (Игор), кристоизми и хаџифејзовиќевизми (Филип), херметизми и чисти визуелизми/естетизми (ОПА), псевдометонимизми (Ѓорѓе) и ини архи(пост?)модернизми … како што беше прошлиот пат (у перална), туку дека ќе бидете поинвентивни … и, да ја парафразирам најавата: немојте да „Бидете [не]оригинални!“ и не прифаќајте да не-„Бидете моќни!“!!! И: не дозволувајте и не заборавајте (како првиот пат) да не „Придонесе[те] границите помеѓу естетиката на кичот и таа на ’високата уметност’ сосема да избледат“!!! Доста е со критизерство и заклучност (конклузивност) (тоа е работа на историчарите), дајте критичка проективност (остварлив предлог) (како задача на уметникот)!!!! поздрав, небојша“

Ако „кооператите“ работат

Ако „кооператите“ работат „100 пати видени концептуални дела, преџвакани дишанизми, кристоизми, херметизми“ итн., што тогаш работат уметниците на груевизмот? Благоја Маневски (авторот на Раскурцаниот Прометеј) или Валентина Стевановска (државниот уметник број еден кој ја засени дури и славата на вечниот Томе Серафимовски), на пример? Село гори, Небојша Вилиќ се чешла.

За каква воопшто уметност и

За каква воопшто уметност и култура можеме да зборуваме во држава и град кајшто приучен боксер-статист-економист (кој обожава пропаганда) е врховниот и неприкосновен уметнички и културен арбитар?! Во ваква земја како може да стане збор за какви било културни државни и градски стратегии? (па па па! - стратегии!) Dодека Груица секој ден потпишуе нови и нови милиони евра за нови и нови тони ординарно „културно“ ѓубре и додека сељачкиот режим троши стотици милиони евра на кич и на кулиси, кловнови а ла Небојша Вилиќ предаваат уметност и прават културни стратегии за Коце Трајановски (СИЦ!). Помрачени умови.

Зарем не звучи Штефан Цвајг,

Зарем не звучи Штефан Цвајг, уште еден бегалец пред нацистите, во една драма на Роналд Харвуд, како македонски современик: „Тој, Штраус, се однесува како се’ да е нормално, како музиката и театарот да се онакви какви што отсекогаш биле, во средиштето на нашите животи, додека таму, во нигдината, има луѓе кои допуштаат слобода или наметнуваат ропство, кои не’ уништуваат или поштедуваат, кои одлучуваат за мирот и војната. А погледни не’ нас, ние како и сите други, беспомошни како муви, беспомошни како полжави, чекаме, ѕвераме во непробојната ноќ, осудени на пропаст, додека животот и смртта, нашето најскриено битие и нашата иднина се во опасност.“

"...додуша, Ацо Станковски

"...додуша, Ацо Станковски последниве години стана идеолог на антиквизацијата, но сакам да верувам дека тоа го прави од пркос или лудило, а не зашто е корумпиран од фараонскиот режим...""
Veruj , veruj keru, ne veruj svaleru.

Kutriot Nebojsha ta toj sal

Kutriot Nebojsha ta toj sal seto ova za vnimanie go pravi! Bolno jet koga ke te zaboravat:(

Нешооооооооооооооооооооо!Шо

Нешооооооооооооооооооооо!Шо им е на овие бе??? Абе ние арт праевме, биеналиња посетуевме а овие? Сељачаана...

I'm a lonesome cowboy

I'm a lonesome cowboy

Jezus Marija! Kaj Gelevski ta

Jezus Marija! Kaj Gelevski ta zgodba! Nebojša ne bodite jezni, ste kustos veliki!

Мајкооооо, се собра хордата

Мајкооооо, се собра хордата дневно-политички 'уметници.' Гелевски пониско не си се спуштил во животот батка. Он тебе неписмен, ти нему Груевист. Он тебе шамар ко на мало дете, ти нему Груевист. И што е најстрашно ти себе си се сметаш за некаков авторитет. Од литература врска немаш, а не пак од уметност. За тоа можеш да им се правиш пизда на мочковцовие ите од Кооперација, а на Вилич и останатите што малку прочитале само со политички етикетирања. И ете си, силен, како и секогаш, а уствари само со повредено егце одкако ти нацртаа колку врска немаш ниту од уметност ниту од теорија.

„Скопје 2014“ е уметност и не

„Скопје 2014“ е уметност и не му треба никаков Никола Гелевски да му го одобри правото на уметност.

Кога историчар на уметност и

Кога историчар на уметност и (наводно) ликовен критичар, а згора и универзитетски професор, по повод цензурираниот билборд (или што и да е’) ќе напише текст насловен Much Adoe About Nothing, се’ станува многу појасно! Целиот негов „лик и дело“ се кристализираат во - bullshit!!! Толку е силна самобендисаноста, до слепило, до идиотизам. Но затоа, „приватната журка“ кај него дома, демек со сопругата историчар на уметност (???), е историски настан за Македонија. Како впрочем и се’ друго што направи(л). На пример оние пијанки во „пројавното“, во природа, некаде околу Велес, беа дури издавани и на ЦД како, повторно, историски настани.
Но, од друга страна, кога ќе видите дека една Франговска почна да се жали на системот од кој цица ли цица, е па тогаш е доволно да ви се смачи цел свет. Грозно!

Неколку исправки: освета =

Неколку исправки:

освета = одмазда (на македонски јазик)

шамар - шлаканица

фрљоки = ?????

Но, од друга страна, кога ќе

Но, од друга страна, кога ќе видите дека еден Тошевски и Гелевски почнаа да се жалат на системот од кој цицаа ли цицаа, е па тогаш е доволно да ви се смачи цел свет. Грозно!

И така ви викам, модернизмот

И така ви викам, модернизмот е многу деликатна работа во општеството. Поготово кога шефот ке ти декларираат како „кодош“. Кој? Милчин? Нееее... Па тој не може... Па неговите идеали се анархистички.... Па он прв се бореше против едноумието, против власта, го бркаа цело време.... Ма дај ти се молам.... Него кај застанав со модернизмот? Да бе, многу деликатана работа, многу битна, не гледаш што му направи на Скопје. Маму им .....

А со кое право Коља се

А со кое право Коља се поставува за арбитер кој делегира кој е ин/оут, (пред/пост)модернистичка фигура во областа на уметноста во Македонија? Од друга страна референците/авторите/цитатите кои ги користи може сосема да се изместат и употребат во некој друг контекст и испаѓа дека овој текст е софистички калибриран да служи како оправдување на неговиот гнев против Вилиќ и прибирање поголема екипа на приучени и амбициозни квазиуметници од калибарот на Јовановски кои ќе ја (само)оправдаат каузата преку „социјално динамичката хомеостаза„ како аргумент. Толкава артилерија на ад хоминем напаѓање воопшто беше непотребна и ако тоа се изземе од текстот остануваат горенаведените референци кои можат да се поместат во било која конфигурација на значења. Башка неговиот начин на етикетирање на неистомислениците од типот ако не си со мене против мене си, ако не се сложуваш со мене тогаш си грујовист, фатално потсетува на методите на темната страна во Војна на Звездите, своевиден „интелектуален гестапо“...Но се разбира жестокоста на изразот е аргумент кај неедуцираните/wannabe умови...поздрав

„Доста е со критизерство и

„Доста е со критизерство и заклучност (конклузивност) (тоа е работа на историчарите), дајте критичка проективност (остварлив предлог) (како задача на уметникот)!!!! поздрав, небојша“ За жал, најголемиот број од делата и на таа, но и на следните изложби, не излегоа од овие модернизми“

Никогаш нема да излезат од овие модернизми, бидејќи модернистичките флоскули се идеална платформа во ова време да се гради кариера, или како од една страна да играш како двоен/троен/н-ти агент, со сите можни институции кои можат да ти обезбедат средства за сопствените арт фриволности, да ја оправдаш и нашминкаш сопствената некомпетентност а од друга да повикуваш на форми на револуција и „кршење на веќе постоечките контексти“. Какво лицемерно шарлатанство, каква ретроградност и беда на уметничката сцена. И тука е Коља да го конфигурира целиот свој интелектуален арсенал, се што видел и прочитал да ја оправда целава оваа модернистичка жабокречина. Да не бидам сфатен погрешно, Скопје 2014 е ужасен проект, Грујо е тапа премиер но веќе е станат банален и етаблиран објект за критика, каде е критиката кон веќе постоечките линии на критика, или уживаат доживотна привилегија та секој кој ќе се дрзне да ги критикува завршува на социјалното буниште во скопската чаршија. Слободно констатирам дека Окно и целава екипа се интелектуален гестапо а ова што се случува е интелектуален холокауст до комплетно истребување на неистомислениците! Жалосно е дека далеку, далеку сме од достоинствена дебата без ад хоминем напаѓање и отстрел без оглед колку имаме дипломи или книги прочитани...поздрав

„А имам впечаток дека Вилиќ,

„А имам впечаток дека Вилиќ, како прототип на еден „просечен македонски културен работник од институција“, отсекогаш бил по нормализацијата и каноните. Јас сум повеќе по настанувањето демократска нација, т.е. за радикалниот историски рез“

А јас имам впечаток дека Коља, како прототип на еден „просечен македонски шизоид/културен критичар платен од странски фондови“, отсекогаш бил по беспоштедна и неумесна критика, без грам здрав разум, без чистота на израз која не е агресивна/шокантна/адхоминем и без траги на сенс за реален живот, нешто што е продукт или емпириски исцедок на семеен ручек, грижа за деца,социјализација со припадници не само со својот комфорен круг на шизоиди, остарен и неуморен тинејџер во вечна колизија со канони, правила, Don Kihot-ски дриблер со поими како радикални историски резови и револуции. Коља бе, животот не е патерн од цитати, од лебдечки референци во менталната сфера, компулзивно држење како „пијан за бандера“ за мисли на автори со кои се поистоветуваш. Можеш да се опуштиш и барем еднаш во животот да даваш едноставни/непристрасни/морално доблесни проценки во сферата на твоите интереси, се разбира ако можеш а ако не, остануваш идеален лик за идно сценарио на Terry Gilliam. поздрав

Reader, velish: "...Скопје

Reader, velish: "...Скопје 2014 е ужасен проект, Грујо е тапа премиер но веќе е станат банален и етаблиран објект за критика...." Grujo stanal banalen, epa aj da ne go kritikuvame bidejki vekje e dosadno, kako ova shto ni' se sluchuva da e neshto shto samo po sebe kje ischezne i sega treba da barame nova vozbuda (za na nekoj Reader da ne mu e dosadno)? Zarem kritikata treba da prestane???? Kakvo komformistichko bedno razmisluvanje.....

Не само Гелевски, на

Не само Гелевски, на институциите во РМ не им веруваат две третини од граѓаните! Еве што вели најновиот ЕУ барометар:
Шеесет и седум проценти од анкетираните граѓани не и веруваат на Владата (претходно беше 60 проценти), а 30 проценти од граѓаните на Македонија и веруваат на Владата (претходно беше 34 проценти) се вели во новата анкета на „Еуро-Барометар“ која е објавена на 27 јули.

На прашањето Дали имате доверба во Парламентот, 31 процент од анкетираните граѓани дале потврден одговор, а дури 69 проценти дале негативен одговор.

@Пресклипер: и тоа има врска

@Пресклипер: и тоа има врска со што од текстот? Или дури и од коментарите?

Или онака, се подмоча и потсврши кога виде нешто против владата, па мораше да ја споделиш таа радост со луѓе што не знаеш дали ги боли полов орган за тоа или не.

Пресклипер, дали си свесен

Пресклипер, дали си свесен дека отвараш пат за, кога ќе дојдат твоите на власт, се` што ќе постигнат да биде омаловажувано и плукано и „да не биде признаен нивниот суд“?

Второ, бидејќи во анкетата има негативни резултати и за парламентот, дали тоа значи дека поддржуваш и шириш пропаганда против својата држава?

Трето, исто така поради тоа што во анкетата има негативни резултати и за парламентот, сметаш дека и опозицијата е за никаде?

Четврто, имаш ли малку мозок да размислиш што цитираш и пренесуваш и на некој начин пофалуваш, или само тераш инат?

Термометар и Фалусометар, абе

Термометар и Фалусометар, абе нели груевизмот беше по народот?! Што не кажуете дека во меѓувреме работите се промениле?! Дека сеа више не е битен народот, него државата?! Овие две третини народ ќе да е да се непријатели, така?! Соросоиди и предавници?! Што не и’ веруваат на својата света дпомнеовска држава?! Ах, мајчината им! Све тоа треба да се рашутира и да се заплаши! Ќе го браниме Грујо (&Асад) до последниот партиски војник!

Спорородбеник, абе нели брат

Спорородбеник, абе нели брат Љубе за вас беше кловн, а Љубчо се` што е денеска Груевски, па и повеќе?

Го кажувам ова во овој стил за да ти нацртам колку има врска твојот муабет и оној на Пресклипер со текот на мислите досега.

Иначе, ааајде Бранко на избори!

(ако сте толку глупи да верувате дека е дојдено време)

Една од најважните теми во

Една од најважните теми во текстот на Гелевски е: дали се кредибилни институциите (и оние за култура и другите) или не се? Така што, прилогот на Пресклипер е совршено во темата:)

За Реадер.....шо ќе биде ако

За Реадер.....шо ќе биде ако јас секој ден идам на плоштад и на одредено место вршам мала и голема нужда.....нормално, секој ден ќе добивам негативна критика, ама јас ќе си продолжам..и така неколку дена , месеци, години...дали тоа значи дека после одредено време критиките за моето "дело" треба да престанат оти се досадни???

Ако е точна

Ако е точна претпоставката:

„Ако „Распеани скопјани“ мислат дека се уметност - тогаш тие се уметност!“

тогаш е точен и заклучокот:
Ако Валентина Стевановска мисли дека „Воинот на коњ“ е уметност - значи е уметност!

Тоа се вика автогол.

Тоа се вика автогол.

Коља си се фати под рака со

Коља си се фати под рака со големите познавачи на уметноста како Златко Теодосиевски, куј за беда прича...мајке му кај е дното.

ОкоБоли главаВицФото