1003 hPa
93 %
3 °C
Скопје - Пон, 16.02.2026 20:59
Германската велосипедистка, Џудит Арнт [Judith Arndt], стана првата јавно декларирана лезбијка која освои медал на овогодинешните Олимписки игри во Лондон. Американката Кристин Армстронг (со која е прегрната на фотографијата) го освои златото, сребро, Арнт среброто, а Олга Забелинскаја од Русија бронзата.
„Многу сум среќна заради сребрениот медал. Се разбира дека посакував да освојам злато, но да ме прашавте вчера, ќе ви кажев дека Кристин [Армстронг] е фаворитка. Значи, не сум изненадена“, изјави Арнт.
Арнт е една од – според новата евиденција – 23-те спортисти и спортистки кои јавно ја декларирале својата хомосексуалност на Олимписките игри, а на нив учествува уште од 1996 година, што значи дека ова е дури нејзина петта Олимпијада.
Извор: queer.hr