И „Големиот братучед“ полнел досиеја од политичкo-идеолошки причини?

07.08.2012 18:04
Фељтон: Парадоксите на македонската лустрација (1) И „Големиот братучед“ полнел досиеја од политичкo-идеолошки причини?

Комисија за верификација на фактите на УБК?

Комисија за верификација на фактите на Република Македонија неодамна објави 11 „Решенија со кои се утврдува соработката со органите за државна безбедност“. Под секое решение беа објавени и извесни документи како докази. Интересно, неколку документи кои се понудени како докази за лустрирањето на соработникот „Ветеринар“ се создадени токму во време на владеењето на Никола Груевски.

Комисијата за лустрација утврди дека лицето со псевдоним „Ветеринар“ (кандидат за пратеник) било „тазе“ соработник на тајните служби од 14.04.1998 па се до 15.03.2010!?! При утврдувањето на соработката со службите, лустраторите се повикуваат на повеќе документи, од кои пет се создадени од УБК контролирана од првиот братучед на Груевски.

Комисијата со решение го лустрираше „Ветеринар“, меѓу другото, затоа што:

„...обезбедува сознанија за вклученоста на ДКП во Грција и Романија (нејасно е што е ДКП; заб. Ж.Т.). И односите на двете новоформирани асоцијации „Око“ и „Пелагонија“. Исто така, презентирал сознанија од безбедносен карактер по линија на спротиставување на дејноста на Грчката разузнавачка служба и Разузнавачките служби на Србија.“ Решението се повикува и на 5 докази (документи) кои се создадени во периодот од 3.10.2006 до 15.03 2010.

УБК создавала непобитни факти?

Ако им веруваме на „фактите“ создадени од службите (како што тоа слепо го прави Комисијата), тогаш „Ветеринар“ бил долгогодишен соработник на службите, со „решение за ангажирање на соработка“ од 1998.

Меѓутоа, клучната дилема по читањето на „доказите“ на кои се потпира Комисијата за лустрација е: Дали „Ветеринар“ давал информации од безбедносен интерес за државата, или пак информации со кои се прекршени основните права и слободи на граѓаните од политички или идеолошки причини?

Лустраторите објавија политички досиеја и на „Големиот братучед“?

Со новиот контроверзен закон, со кој се газат претходните одлуки на Уставниот суд, Комисијата за лустрација има мандат да утврдува соработка и „од политички, идеолошки и партиски причини од 17 ноември 1991 година до денот на започнувањето на примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“. Но, зошто тогаш комисијата објави докази за соработништво и по 1 септември 2006, имајќи предвид дека лустрацијата е законски ограничена до овој ден, кога започнува примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер?

Зошто тајните служби под раководство на „Големиот братучед“ продолжиле да користат извори „на конспиративен начин“ и по 1 септември 2006, кои информирале за активности не само на амбасадори и конзули, туку и за здруженија на граѓани, па дури и тогашни пратенички и други политички активни лица?

Најпосле, зошто Комисијата го лустрира „Ветеринар“ и не им поклонува верба на „фактите“ од строго доверливите документи на УБК кои одат во прилог на тезата дека соработникот информирал од безбедносни, а не од политички причини? Имено, при обидот за возобновување на соработката во 2008, на „Ветеринар“ му било објаснето дека иако требало да информира за политички активно лице „интересот на УБК нема никаква политичка позадина и дека интересот е чисто безбедносен“?

Секој што соработувал со „Големиот братучед“ може да биде лустриран

Комисијата за лустрација објави строго доверливи документи од кои се гледа дека соработникот работел на „спротиставување на дејноста на Грчката разузнавачка служба“, користејќи притоа и свои блиски извори кои воопшто не се заштитени. Но, зарем со објавувањето на овие информации не се компромитира работата на контра-разузнавачките служби инивните извори кои давале информации од безбедносен карактер за работата на странските служби?

Во предлогот за престанување на соработката со „Ветеринар“ од 2010 стои дека „спрема истиот во наредниот период ќе биде спроведувана мерката засилен оперативен надзор“. Во истиот предлог стои дека кај „Ветеринар“ отсуствува расположение за продолжување на соработката со УБК поради спроведувањето на Законот за лустрација.

Практично, Комисијата за лустрација објави „факт“ на УБК со кој се докажува дека Законот за лустрација навистина ги обесхрабрува соработниците да продолжат со работата на „спротиставување на дејноста на Грчката разузнавачка служба“ и другите странски служби.

Исто така, комисијата за лустрација испрати порака дека секој што соработувал со „Големиот братучед“ може да биде ем јавно лустриран, ем предмет на засилен оперативен надзор на тајните служби.

 

Кој ќе ја понесе одговорноста за прекршените човекови права?

Комисијата за лустрација утврди дека „Ветеринар“ соработувал со органите за државна безбедност, при што се кршени или ограничувани основните права и слободи на граѓаните од политички или идеолошки причини не само во комунистичкиот режим, и не само од 17 ноември 1991 година до денот на започнувањето на примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,туку и по 1 септември 2006 година кога со УБК директорува „Големиот братучед“.

Затоа, ако Комисијата за лустрација и доказите што ги прифаќа „држат вода“, тогаш логично е да се постават следниве прашања:

Кој ќе ја понесе политичката и кривичната одговорност за прекршените човекови права со продолжување на полнењето досиеја водени од политички и идеолошки причинии во периодот по 1 септември 2006 година?

Кој му дал овластување на „Големиот братучед“ да продолжи со следењето на здруженија на граѓани, пратеници и други политички активни лица, користејќи ги соработниците од својата мрежа?

Најпосле, зошто Комисијата за лустрација го обелоденува само името на информаторот, а ги заштитува имињата на вработените во УБК, кои се практично главни прекршувачи на човековите права (ако е точно дека навистина воделе досиеја од политички или идеолошки причини)?

Дали Јавниот обвинител и Народниот правобранител ќе преземат соодветни кривични мерки против одговорните во УБК кои, според Комисијата за лустрација, продолжиле да водат идеолошко-политички досиеја со користење тајни соработници и по 1 септември 2006 година?

Жарко Трајаноски (Псевдоним – „Зомбификација“)

P.S. Следно продолжение
Фељтон: Парадоксите на македонската лустрација (2)
Дали и Ванчо Михајлов бил жртва на комунистичкиот режим?

Слики: Adhika Rahmani

Како беше „ Луѓе полни со

Како беше „ Луѓе полни со омраза, неуки и лоши“

Затоа ти и Претседателот на Комисијата за лустрација ширите љубов, наука и добротија. Какво просеравање од твоја страна.

Зошто ги бранат кодошите?

Зошто ги бранат кодошите? Едноставно. Едните (професионални бранители на човекови права, професионални колумнисти и професионални културно-уметнички работници) се загрижени да не останат без извор на финансирање. Другите (мали деца што коментираат) од инат би изеле и три кила сол.

Зборот едноставно е секогаш

Зборот едноставно е секогаш сомнителен!

Вака сега. „Ветеринар“ ти бил

Вака сега. „Ветеринар“ ти бил „инсајдер“. Не ги цинкал само влашко-грчките лобија, туку и грчките служби кои систематски работеле на елинизирање на македонските Власи. Наместо да добие богата награда за успешната работа против погрчувачките агентури, „инсајдерот“ е јавно отцинкан од Аџиев и компанија. И не е отцинкан само тој како инсајдер. Отцинкана е и неговата сопруга која работела во грчкиот конзулат??? Замислете, македонските тајни служби не биле толку дунстери. Си имале „изворче“ во грчкиот конзулат. Браво, браво!
Е, сега доаѓаме до најголемиот парадокс: Лажните патриоти, кои божемски го бранат македонскиот идентитет, го прогласија за „кодош“ разузнувачот кој ги разобличувал грчко-романските асимилаторски агентури! Демек, тој им ги повредувал човековите права на погрчувачите затоа што ги цинкал на македонските служби? Ма, немој да ме јебеш бре! У нормална држава, директорот на УБК би бил вртен на ражен зарад тоа шо дозволил да биде разоткриен агент-разузнавач заедно со неговиот приватен „извор“ сред непријателската агентура!

Smrt na narodot! Sloboda za

Smrt na narodot!
Sloboda za kodosite!

Смрт на народот! Слобода за

Смрт на народот!
Слобода за кодошите на Мијалков!

Жаре готово е...не се

Жаре готово е...не се труди...

а бе Жарко е чист комуњар.

а бе Жарко е чист комуњар. Демек он се залага за човекови права, права на педерите и не знам др работи. уствари он си печали пари го боли уво за некој. тоа е вистината

Не можам да се изначудам

Не можам да се изначудам колку оправдувања смислија за кодошите... А за жртвите ниедно, дури и ги испоплукаа (пијаници биле, вакви биле, такви биле). Ненормална работа.