1015 hPa
81 %
8 °C
Скопје - Пет, 29.03.2024 01:48
Скопје, 9 август 2012 година
Процесот на лустрација заврши. Не беше очекувано дека ќе трае толку кратко време, но како и сите проекти на оваа влада, тој заврши успешно и пред истекот на предвидениот рок.
-Сите носители на јавни функции во Република Македонија биле соработници на тајните служби, изјавува еден од членовите на комисијата за верификација. Тој не сакаше да го откриваме неговото име, па затоа ќе мора да ни верувате на кажаниот збор.
Вакво нешто не се случило во светот, но добро е, ќе имаме нови избори, ќе бидат именувани нови носители на јавни функции, а сите оние кои беа лустрирани ќе останат без работа.
Веќе од утре во Македонија настапува безвластие, сите кодоши се елиминирани и сега можеме да градиме здраво општество.
Се надеваме дека во наредните денови јавно ќе бидат објавени имињата на кодошите, а веќе се зборува дека нивните имиња ќе бидат гравирани на легендарниот споменик на градскиот плоштад. Но, ако тој не биде доволен ќе бидат изградени уште неколку споменици на кои ќе стојат имињата на сите кодоши во државава.
Македонија најуспешно ја спроведе лустрацијата.
Денес слободно можеме да кажеме дека сме расчистиле со темното минато.
За многу години денот!
Passive-aggresive much?
Испратено на 09 август 2012 од ShringPassive-aggresive much?