Само еден е Бонд, Џемс Бонд!

09.08.2012 11:18
Само еден е Бонд, Џемс Бонд!

“Shaken and not stirred” е веројатно најпознатата фраза што ја изговорил тајниот агент 007. Џемс Бонд претставува веројатно најголемо олицетворение на стилот кај кој било филмски јунак. Од своето прво појавување на филм во 1962 година, во Доктор Но, 50-годишната историја на шпионските филмови никој друг ја нема толку многу задолжено како Џемс Бонд. Токму во тој филм својата ѕвездена патека ја забетонира и Урсула Андерс, со ликот на Хани Рајдер, кога како морска сирена се појави на песочната плажа во бело бикини, кое беше дизајнирано заедно со костимографката Теса Прендергаст.

Бикините, Астон Мартин, костумите на Бонд, цртежите и фотографиите на неверојатните ентериери, куќата на Џон Лотнер и многу други иконични предмети се изложени во лондонскиот мултимедијален центар, The Barbican, како омаж на 50-тиот роденден на првиот филм, заокружен со годинешниов хит, Skyfall.

Се работи за интересна изложба која презентира инсајдерски приказни за дизајнот и стилот на највлијателниот филмски бренд. Изложбата со име „Дизајнирајќи го 007“ има пристап до архивите на сите досегашни филмови, а е замислена како мултисетилно искуство, кое ја вклучува публика во создавањето на препознатливиот Бондов стил. Голем акцент е ставен врз дизајнот на сценографијата, костимите, тајните апарати, графичкиот дизајн, егзотичните локации, автомобилите и сè она што го сочинува митот за еден алфа мажјак, каков што е Џемс Бонд.

Се разбира, што би бил Бонд без сите (не)можни технолошки достигнувања, далеку пред времето на паметните мобилни телефони, и разорната моќ на оружјето кое го користел, па така, на изложбата можете да се запознаете со работата на водечките експерти за специјални ефекти, како што се Џон Стеарс, Сид Кејн и Крис Корболд, заедно со сценографијата на Сер Кен Адам и Питер Ламонт.

Сепак, она што е највпечатливо се секако костимографијата и изложената облека која, за потребите на филмовите, ја потпишуваат Џорџо Армани, Бриони, Роберто Кавали, Том Форд, Хуберт де Живанши, Фрида Џанини, Даглас Хејворд, Рифат Озбек, Џени Пекам, Миучиа Прада, Оскар де ла Рента, Ентони Синклер, Филип Триси, Емануел Унгаро и Донатела Версаче.

Доколку сте по некој случај во Лондон, одморете се од Олимписките игри и посетете ја изложбата во The Barbican, која е отворена до 5. септември. За повеќе информации, видете тука.

a bre nepismeni, se pisuva

a bre nepismeni, se pisuva dzejms bond , a ne dzems bond

Исто така се пишува Урсула

Исто така се пишува Урсула Андрес, а не Андерс !

ОкоБоли главаВицФото