Тинејџерка дознала кој ѝ го гледа профилот

10.08.2012 09:25
Тинејџерка дознала кој ѝ го гледа профилот

Скопје, 10 август 2012 година

Средношколката М. П (17) од Скопје е првата лилност во државава која дознала кој ѝ го гледа профилот на фејсбук. Таа им докажа на сите кои тврдеа дека не е возможно некој друг да го гледа нејзиниот профил.
М. П открила дека нејзиниот другар од одделението редовно го посетува нејзиниот профил и ги гледа нејзините слики.

-Секојдневно се прашував кој ми го гледа профилот и не можам да ви опишам колку многу сакав да го дознаам тоа. Со една другарка дури и направивме список со момчиња за кои бевме сигурни дека го гледаат мојот профил, вели М. П.

-Отидов кај другарот од одделението за да му ја вратам тетратката по математика, но на вратата ја сретнав мајка му, па затоа влегов ненајавена. Кога дојдов до неговата соба, ја отворив вратата и го видов како го гледа мојот профил. Тој веднаш поцрвене и се обиде да го исклучи компјутерот, но јас веќе знаев, ни открива М. П.

Истиот ден во светот одекна информација која исто така предизвика слични реакции. Едно момче од пакистанскиот град Аботабад изјави дека го видел мртов Осама Бин Ладен, со што само ги демантираше предупредувањата дека не треба да се клика на апликацијата која нуди преглед на фотографиите, каде се гледа мртвото тело на светски познатиот терорист.

Адаптирано од: http://www.njuz.net/

И јас го видов Драматургот

И јас го видов Драматургот кодошот на интернет.

А после проба ли да ја

А после проба ли да ја извадиш главата од чмарот на штапскиот господар?!