Човек во кутија за огромен PR

10.08.2012 14:49
Човек во кутија за огромен PR

Тактичниот туризам и хотелите во втората деценија на новиот милениум мора да знаат што значи и колку е важен добриот PR за сопствениот производ. Хотелот Стандард од Њујорк го знае најдобриот одговор на ова прашање.

Иако на еден од најпрепознатливите и најпопуларни хотели на денешницата речиси и да не му е потребно дополнително внимание од медиумите, луѓето од менаџментот на хотелот знаат како, низ неколку релативно лесни чекори, да го донесат на насловните страници на бројни меѓународни медиуми, со слична тематика.

Ќе изберете еден од светски најпознатите уметници, ќе му дадете да го прави она што го знае најдобро, а потоа ќе го изложите тоа пред хотелот и веќе утре сите ќе пишуваат за тоа.

Хотелот Стандард го повика брилијантниот австриски уметник Ервин Вурм [Erwin Wurm] да ја осмисли скулптурата, која е сега поставена пред хотелот. Резултатот од оваа „задача“ е наречен Big Kastenmann (големиот човек-кутија), алуминиумска скулптура висока 5,5 метри. Се работи за скулптура со човечки нозе, врз кои е поставена кутија облечена во костум.

Својата нова скулптура Вурм ја искоментира велејќи: „Во мојата работа многу важен аспект е интеракцијата, а локацијата на Хотелот Стандард и големината на самата инсталација ќе осигура „Човекот-кутија“ да биде достапен и видлив за голем број луѓе, што, во крајна линија, е суштината на јавната уметност.“ Без оглед што ова не е ни блиску до најдобрите дела на Вурм, самото негово име и чинот на поставувањето на скулптурата беа доволни за брза експанзија на веста.

ОкоБоли главаВицФото