Награда за Ѓорѓе Јовановиќ на годинешниов АКТО фестивал

14.08.2012 14:48
Награда за Ѓорѓе Јовановиќ на годинешниов АКТО фестивал

Жирито на овогодинешниот АКТО фестивал во состав: Агата Рогош од Полска, независен куратор, Слободанка Стевческа (ОПА), визуелен уметник, и Софија Ристевска, театарски режисер, ја додели наградата за интердисциплинарност “Драгиша Наневски“ на групата ШКАРТ од Белград, Србија, за проектот “Клацкалки – полигон на нерамнотежата“.
Жирито се одлучи за овој проект бидејќи истиот се обраќа на различни групи на публика и целосно комуницира со градот. Во исто време се работи за интерактивен проект кој го потпомага креирањето и формирањето на идната публика на современата уметност, но и дава до знаење дека клацкалките не функционираат ако ги користиш сам. Проектот преку игра поттикнува поголема свесност и размислување за структурите на моќ, кои постојат во нашето секојдневие.

Оваа година жирито одлучи да додели и една Специјална АКТО награда на проектот “ На Битола со љубов” на Ѓорѓе Јовановиќ, заради партиципативноста, непосредниот однос со публиката и потенцијалот што го носи овој проект за поттикнување на поактивен однос на граѓаните кон проблемите во нивната локална заедница.

Честитки за Џоле!

Честитки за Џоле!

ОкоБоли главаВицФото