Трималхион - симболот на СК014

14.08.2012 15:20
Трималхион - симболот на СК014

Авторот на гротескниот проект СК014 неодоливо потсетува на еден фамозен лик од светската книжевност, Трималхион, симболот токму на гротескноста, малограѓанштината и евтиниот вкус. Во „Сатирикон“ од Петрониј, култното дело на римската книжевност, појавата на Трималхион предизвикува смеа кај присутните. Избричената глава е знак за ропство или за поранешен статус на роб; пурпурниот пораб (на тогата) е исклучива привилегија на сенаторите, но Трималхион поработ го става врз шалот за барем да потсетува на сенатор; златниот прстен во Рим бил исклучиво право на витезите, но Трималхион, за да избегне прекршок, а сепак да се приближи кон забранетото овошје, носи или имитација или прстен од чисто злато, но начичкан со железни ѕвездички. Посебна настраност покажува со тоа што го носи прстенот на малиот, наместо, како што е вообичаено, на домалиот прст. За својата скулптура на надгробниот споменик тој се осмелува да нарача пет златни прстени, сметајќи на тоа дека метеријалот нема да се препознае врз скулптурата.

Трималхион е скороевец, суетен, самозаљубен, бахат и развратен, со голема желба да биде популарен меѓу послугата. Многу е дрчен по статусни симболи и постојано сака да се претставува како великодостојник. На пример, Трималхион по дома бесправно чува „снопчиња со гранки со секири“ зашто овие почесни инсигнии во јавноста ги носеле ликторите пред високите римски магистрати. Ваквата неконтролирана склоност кон „еполети“ и титули зборува за неговата голема суета и за неговата малограѓанска разметливост, толку типична за богатите римски ослободеници (некогашни робови).

Трималхион има и една друга интересна димензија која непогрешиво го поврзува со естетиката и смислата на карневалескниот кулурно-политички проект СК014, но и со некои аспекти на современите геј (или queer) идентитети. Имено, Трималхион е педер (Петрониј вели cinaedus; латинскиот збор со грчко потекло е многу погруб од нашето „педер“). И токму како „педер“ Трималхион во голема мера ги потврдува согледувањата на современите квир теоретичари/ки кои ИДЕНТИТЕТОТ го сфаќаат како нешто перформативно, нешто што не го поседуваме, туку го правиме и изведуваме, го вклопуваме од постојните дискурзивни пракси. Идентитетот, значи, е претстава - и тоа е она што ги спојува Трималхион, СК014 и современата квир теорија. Во таа смисла, авторот на СК014, не само што е симбол на малограѓанскиот лош вкус, туку со помош на субверзивните идентитетски стратегии совршено се вклопува во современите квир теории, но одејќи многу подалеку: претстава е не само личниот или сексуалниот идентитет, туку чиста перформативност е дури и идентитетот на цела една нација! Меѓу другото и затоа дел од LGBT луѓето се фасцинирани од големиот кип на Александар и затоа проектот СК014 е интересен и на некои други рамништа (а не само поради својот недвосмислен „трималхионовски“ примитивизам).

Можно е авторот на СК014 (несвесно, со оглед на неговите очебијни незнаења во сите области до кои се дофатил) да го презел токму оној идентитетски маневар за кој зборува Фуко: жигосаните или слабите заедници или поединци понекогаш на субверзивен начин ги користат позициите кои за нив ги мапирале други. Грците, на пример, во почеток на 20 век ги убедувале (Славо)Македонците, обидувајќи се да ги асимилираат, дека се наследници на Александар Македонски - и со самото тоа дека се Грци. По стотина години Македонците навистина себеси во симболична смисла се „хеленизираат“ и (како Трималхион) ги присвојуваат инсигниите на кои полагаат право и Грците. И се создава една идентитетска и културно-политичка каша од која нема излез и која можеби можат да ја објаснат само квир теориите за нестабилните и перформативните идентитети.

Еве уште малку лексичко-етимолошки докази за тоа дека идентитетите „се прават“ и се изведуваат: шминкањето кое во Европа понагласено се појавува во 17 век се именувало со францускиот збор makier, кој доаѓа од старохоландскиот maken со корен во англиското to make. Зборот има двојно значење и содржи семиотички интересна промена, од „да се чини“ и „да се прави“ (и денес велиме „да се направиш убав/а“). Англиското make-up е правење со намера за истакнување (на убавината, да речеме). На италијански се вели trucco - кривотворење. Шминкањето е како осликување, како уметност - рачно правење кое создава илузија.

СК014 е, да повториме, шминкање, фасадирање, градење кулиси, козметика (зборот козметика исто така доаѓа од грчкиот kosmetikos, збор кој има врска со украсувањето но и со космосот, уредениот универзум по првобитниот хаос). Но, и тука се гледа „геј димензијата“ на лудиот културно-политички проект. Шминкањето, имено, е главно врзано за женскиот род, тоа повеќе е инструмент за заведување отколку што е изразување на себеси. За мажот шминкањето значи да се прифати или објави сопствената хомосексуалност. Во „Смртта во Венеција“ на Томас Ман главниот лик Ашенбах почнува да се шминка во моментот кога открива и прифаќа дека чувствува привлечност кон едно момче. Како што вели Надеж Ланери-Даген во својот есеј посветен на шминкањето, „на тој начин Ашенбах го обележува раѓањето на второто ’јас’, кое е заљубено во својот пол и спремно е за заведување; но, тоа се казнува со смрт“.

Слики: Свирачиња

 

Гелевски не се шегувај со

Гелевски не се шегувај со публиката, они се педери, за нив queer е пресофист. они се фасадери шминкери пудрени перики и курови, млади педери од портпароли до министри, директори на спортски центри бидејќи таму е правото челично мачо педерство, салата Борис Вијан, портпаролството преку Владата и министерствата, но и нацизам преку ванчомихајловизмот на пример на минист. Спирулендије тој копук педерски или преку парламентот и главните на градот и општините, како она Ивица цврчак педероф; за жолтата зграда доста сме пишувале, но од таа фасада излегоа сите овие наивни морони педери и невини полументални полулуѓе полуамаортизирани хардвер компоненти, obsolete мобилки од крајот на деведесетите во карбонска опаковка! Педери!

Гелевски, во еден период во Венеција не се знаело што е сцена а што реалност имено маскерадата траела над шест месеци, а финансиската олигархија тоа го потпирала, стимулација итн. или ја имаме комедија дел арте која интерено имала само 4 лика, а во нашиот случај постои Тримахлион и копии на стотици на Тримахлион кои се педери, млади, наивни, некултивирани, вначомихајловисти у настанок.

Идијоти!

vancomihajlovizam,todor

vancomihajlovizam,todor aleksandrizam,ljubcovizam,gruevizam i ostanatiot posran vmrovizam ne e nisto drugo do imitacija i toa neuspesna na drazamihajlovicizam,pavelicizam i ljoticizam,nikogas nema da go prostat uspehot na komunizmot

Генијалните Свирачиња одамна

Генијалните Свирачиња одамна имаат сфатено дека груевизмот е проект на топлите браќа и дека СК014 е чист педерлук. За жал, Македонецот нема ликовна култура да го разбере значењето на Свирачиња, јебига.

Колку сте досадни! Свесни ли

Колку сте досадни! Свесни ли сте? Тоа па тоа. Овој текст е досаден. Вашите текстови се досадни. Излишни! Дајте...дајте ни идеја, начин, насока. Направете нешто...излезете пред камера, на јутуб, на фејсбук, зборувајте гласно. Вие не сте антитеза на она што ви боде очи, она што е неправедно, бессмислено, очајно! Вие сте тоа, само што сте сообразени во една физичка спротивност. Не имотна, не духовна, туку просто, физичка спротивност. Според се останато, вие сте исти односно го имате истиот ништожен, исплашен, претерано претпазлив дух што е зазема улога на жртва пред сите дејствија на кои им е потребна спротивност за да постоиме во нормална рамнотежа што претставува наша космичка задача.

Инаку, сите овие зборови, пиксели, бајти...се само детска играчка.

ОкоБоли главаВицФото