1022 hPa
93 %
5 °C
Скопје - Чет, 05.12.2024 04:59
Неодамна објавените резултати од редовната годишна анкета, спроведена во 57 земји, за степенот на религиозноста кај народите, Gallup International Religiosity and Atheism Index, донесоа неколку изненадувања на кои вреди да им се посвети внимание. Се покажа дека во последно време, религиозноста кај Србите се наоѓа над светскиот просек.
Дури 77% од српските испитаници потврдија дека себе си се сметаат за религиозни, додека глобалната статистика запира на тривијални 59%. И како тоа да не е доволно, истражувањето исто така покажа дека бројот на верници во Србија, во последните години константно се зголемувал, додека истата бројка во истиот период, глобално, беше во непрекинато опаѓање.
Со толку високи резултати, Србија лесно се искачи на некогаш незамисливото петто место според религиозноста, помеѓу европските држави. Меѓутоа, уште поголемо изненадување приреди Република Македонија која со импресивни 90% религиозни испитаници, лесно се устоличи како нова најрелигиозна земја во Европа. Веднаш зад неа се наоѓа Романија (89%), следат Молдавија (83%) и Полска (81%), Србија е на споменатото петто место, а Италија се наоѓа дури на шестото место, како колевка на католицизмот, додека традиционално лојалната кон црквата, Хрватска во објавените резултати воопшто не се ни споменува.
Скептиците меѓу верските аналитичари сметаат дека се добиени одговори кои се предмет на различни интерпретации на религиозноста во различните општества и култури и дека, соодветно на тоа, треба да се земаат со голема доза на резерва.
Внимателноста во овој случај навистина има смисла. Не знам многу за Полска, Молдавија, па ни за Романија, но во Македонија, токму како и во Србија, веќе долго време на дело е еден вид на премногу изразена и индискретна, манифестна религиозност која е неразделна од етничкиот и националниот идентитет и која можеби и покрај неуморното изразување и постојаната одважност, всушност и не постои.
Таа „религиозност“ е од таква природа што воопшто не бара „верување“, па дури ни доследно почитување на правилата што ги наложува верата. На кого му е грижа за таа тривијалност! Во неа е важно најважното, да се истакнува бучно, видно, секаде и секогаш каде што е возможно. Таа е честа појава кај народите кои се осудени на хроничните идентитетски болки, а во тој неформален, но шаренолик збир , Македонците секако заземаат истакната положба.
Уште од (случајното) стекнување на независноста па сè до денешен ден, оваа мала, убава и сиромашна земја се наоѓа во една грчевита потрага за сопствениот и повеќепати оспоруван идентитет. Во тој грч, се прави сè за да би можело дополнително да се утврди или надогради македонскиот идентитетски образец во фаза на формирање, навидум без никакви дилеми се присвојува, па колку тоа и да звучи небулозно.
Сето тоа е вредно запишано во фамозниот архитектонско-споменички проект кој во последните години се создава на бреговите на Вардар, во таа митологизирачка папазјанија и експлозија на најчистиот псведоисториски кич, еден дизниленд на македонството, под несразмерно скромниот назив „Скопје 2014“. Речиси лудата импозантност на овој државен проект укажува на трогателната свест дека без таа споменичка и монументална архитектура искажана преку државничкото завивање, проблематичен е аргументот кој секогаш вреди одново да се докажува, аргумент втемелен во далечната историја на македонскиот идентитет, кој просто не би бил доволно впечатлив.
Понекогаш мора да се удри со тупаницата по масата. Важен дел на македонскиот идентитет, кој е постојано загрозен од сите страни, однадвор како и одвнатре, природно, претставува и (македонската) православност. Всушност, со тоа воопшто не треба да биде чудно што во овој бран на чисто мегаломанскиот и прескап градителски занес му претходеше подигнувањето на огромниот Милениумски крст на Водно, планина која се воздигнува над Скопје.
Од 2002 година, овој импозантен крст од челик со висина од шеесет и шест метри, поставен на четири десетметарски бетонски столбови, служи како крунски доказ дека идентитетските болки не се шега и дека тоа се работи кои во меѓувреме, во Македонија станаа навистина сериозни. Воедно, тој мега производ на една толку застрашувачка експресивност на Македонската православна црква, денес е главна туристичка атракција на градот. Мегаломанијата е неизоставно привлечна, а овој крст велат, може да се види на оддалеченост од триесет километри. Во неговото подножје се наоѓаат продавници за сувенири и ресторан, а од неодамна до него може да ве донесе и модерна жичарница.
Фактот дека овој крст со мамутски димензии поседува огромна моќ и влијание, не би требало никого да го зачудува. Проминентен и незаобиколив од сите страни, тој претставува прст во окото на една третина од граѓаните на Македонија со муслиманска вероисповед, но и на сите оние кои за момент помислија дека оваа земја би можела да се определи за еден поуранмотежен однос кон сопствената стварност, минато, па и иднина.
Со тоа, тој воедно како неисцрпен извор на инспирација за сите оние (во нашиот регион такви има доволно) на кои верата и нејзините симболи им служат исклучиво за парадирање пред неразумните соседи, кои со векови упорно веруваат во нешто друго, најави вистински бесен регионален натпревар во подигнување на монументални верски споменици.
На сите тие регионални „крстови за инает“ им претходеше подигнување на виткиот крст од триесет и три метри на ридот Хум над Мостар, што го поставија соседите Хрвати, првенствено за да ги иритира соседите Бошњаци со својата појава и тоа го прави веќе неколку години.
Не треба да се заборави ниту на оној висок метален крст од седум метри кој го подигнаа косовските Срби на средината од магистралниот пат Косовска Митровица-Рашка, во местото Рударе, а секој оној што ќе го допре го обвинуваа за нецивилизирано однесување и кој иако според димензиите секако не може да му се приближи на Милениумскиот крст, според гупавата намера, секако може.
Вистинското лудило за поставување крстови низ Србија во изминатата година, навистина не е последица на оваа желба за истакнување на сопствените верски уверувања и симболи наспроти соседските, туку поттикнување на еден сложен внатрешно српски дијалог за националниот идентитет и враќањето во (подобрата) иднината.
Фактот дека белиот Ѓурѓовденски крст со висина од шеснаесет метри, што се наоѓа на влезот во Крагуевац од правецот на коридорот 10, во српска Шумадија, е подигнат во близина на други опиуми за народот, како големата cash and carry продавница Метро или малку пооддалечениот Рода центар, убедливо сведочи за кичерските намери на оние кои го поставиле, а слична намена во Хрватска требаше да има осуетената визија на големиот сплитски визионер и градител Жељко Керум, покрај Сплит да подигне гигантска статуа на Исус, која со административни сплетки тажно се преобрази во крст со висина од 21,6 метри и кој сè уште не е поставен, а не се знае ниту кога ќе биде поставен.
Тој несуден марјански Исус на Керум е само еден од плејадата многу сјајни, често фантастични проекти во целиот регион кои не се остварија, сопнувајќи се пред фазата на реализација под сопствената тежина. Пред крајот, да се потсетиме на оној неизграден, но сепак толку убаво замислен осумдесет метарски крст на ридот Виник, покрај Ниш, кој требаше да биде највисок во Европа, окружен со лукаво замислен комплекс што требаше да опфаќа отворен амфитеатар, луксузен хотел, музеј, кино, простран паркинг, забавен парк и многу други примамливи и лукративни содржини.
Како и оној крст-монструм кој се гледа на највисокиот врв од планината Златибор, како се воздигнува во небесните височини со своите планирани (или замислени, сосема сеедно), речиси незамисливи триста триесет и три метри и проектирана цена од тривијални дваесет милиони евра.
Меѓутоа, излегува дека мегаломанијата на (западниот) Балканот никогаш не недостасувала, дека и не е толку лесно како што се мислеше дека Македонците ќе бидат надминати. Единствено тие го подигнаа својот шеесет и шест метри висок крст без да се измачуваат. На тоа треба да му се оддаде почит. Денес, во 2012 година овој религиозен народ во Европа, живее под сенката на најголемиот крст на Балканот. Веројатно во сето тоа има и некаква правда.
Како што стојат работите, Милениумскиот крст над Скопје ќе остане најимпресивниот локален исказ за вулгарната и предизвикувачка религиозност која му е својствена на целиот регион, подеднакво колку и апсурдниот процент од 90% Македонци кои себе си се сметаат за верници и за кои овој крст претставува моќно, секојдневно потсетување дека Бог е тука, дека постои и дека ги обожува големите нешта. И Македонците, се разбира. Но, само оние православните.
Извор: http://www.e-novine.com
Вчера го прашав Гелевски
Испратено на 18 август 2012 од Велимир ЦвејиќВчера го прашав Гелевски зошто не го објaвија мојот коментар на статијата на Бранко Героски што тука ке го пуштам потворно, бидејќи се совпаѓа со назначените одговори во статијата на писателот Арсенијевиќ, на прашањето зошто Македонија е најрелигозна, односно зошто е направем најголеминиот крст на Балканот, коишто е вовед во „Скопје 2014.“
Истите интелектуалци како да не беа тука кога се случија нештата кои што не доведоа до тука, кои што сега не се во состојба ништо повеќе да сторат освен да му плукат под пенѓерето на Груевски. Да набројувам сите случувања што не им беа ниту јасни на критичаривe на сегашнава власт, во некоја и сами бао не само пропагатори туку и извршители што Македонија е доведоа до дереџето од кое сега може да се вади единствено во верувањето дека спас е враќањето во прошлост.
Не ми е познато дали текстот би го објавиле тука во кој би ги набројал сите грешки на најучените, бидејќи печатенитe весници се во состојба што новинарите се како потопени во водата што од време на врема им влегува во устата, а да не се во состојба да сторат ништо ниту, пак, себе да спасаат.
Еве го мојот коментар на статијата на Героски: „Груевски бил македонист? Бог да чува!“
• Бранко Героски
Испратено на 15.07.2012 од Велимир Цвејиќ
Со Вашиот ментален истрел: „Груевски бил македонист? Бог да чува !“ како да сте сакале според деиството на читателите да биде рамен на оние истрели што биле испукани од огнени орудја од другата страна, а претставувала и била уверена дека работи за слободата на Македонија во времето што сте го искажале со следниве реченици: „Човекот кој ја инспирира оваа експанзија на антимакедонски дела, кои ги отвораат старите рани и ни ги враќаат црнилата на македонските поделби, тој човек себе си сака да се нарече "македонист". Не, драг наш Никола, ти не ги почитуваш македонскиот народ, неговата историја, неговите болки и патила, неговите фрустрации, неговите обиди да изгради мостови кон иднината - и затоа ти немаш морално право да се наречеш македонист. ...“
Не може да се биде објективен додека се има само сопственото, а не сака да се знае туѓото гледиште. Гледиштетот на другиот може да се разбере со перцептивното заземање туѓо гледиште, кога поединечно си го претставува и разбира само визуелното гледиште на другиот. Додека когнитивното заземање туѓо гледиште подразбира предвидување и разбирање на мислите, мотивите, намерите и однесувањето на другиот, додека за афективноото заземање туѓо гледиште е карактеистично заклучување за чувствата и емоционалните реакации на другиот. Се смета дека просоциоалното однесување може да биде значајно посредувано од когнитивното и афективното, но не и од перцептивното заземање туѓо гледиште.
Значи, Вашето гледиште ја потврдува Вашата потреба да исфрлувате ментални истрели врз тој што го именувате, без да се обидете да ги разберете неговите чувства и потреби, што може да се протолкува како неволја во која се наоѓа државата во која ја раководи Владата. Токму смртоносните пресметки помеѓу Македонците во времето на „црнилата на македонските поделби“, се случувале според перцептивното заземање на гледиште на другиот.
Не може ниту треба да се бега од себе. Колку да бегате од минатото тао ви се враќа и открива како длабока лузна. На местото на преживеени рани, лузните ги криеме и покриваме доколку сме слаби, ама доколку лузните ги покажуваме како истoриските белези, со тоа докажуавме дека сме се здобиле со менталната сила. Историските лузни не треба да се кријаат туку да се покажуваат, бидејќи само така сме оние што сме, баш како што секоја лузна на лицето на пиратите ни ја докажува нивнта борбенсот, храброст и силата.
Доколу имаме исто мислње за Ванчо Михајлов, кој што има само фигура во Музејот, оваа фарбање на спомeнникот на Тодор Александров ми наликува на српската историја: Гаврило Прицип бил херој, додека Владо Черноземски бил терорист.