Како се прават деца

03.09.2009 12:43
bebe1.jpg

1. Овде гледаш едно бебенце.
Знаеш ли како дошло на свет?

2. Овде гледаш мајка и татко.
Тие заедно го добиле бебето.

3. Овде таткото и мајката немаат облека на себе.
Можеш да ги видиш градите на мајката и нејзиниот процеп. Процепот се нарекува вагина.

Можеш да го видиш курето на таткото.
Курето се нарекува пенис.
Можеш да го видиш и ќесичките што тато го има меѓу нозе. Тие се нарекуваат тестиси.

4. Мајката и таткото многу се сакаат. Се бакнуваат. Пенисот на таткото станува голем и цврсто се исправува.

Мајката и таткото многу сакаат пенисот на таткото да влезе во вагината на мајката. Тоа е многу убаво.

5. Мајката и таткото легнуваат во кревет. Пенисот влегува во вагината. Така тие си играат. Такото и мајката се клацкаат нагоре надолу.

Тоа се нарекува водење љубов. Тоа е многу убаво. Така мајката и таткото, ако сакаат, можат да добијат дете.

6. Мајката и таткото многу се сакаат. Тие многу сакаат да имаат дете. Во ќесичките на таткото има многу мали сперматозоиди. Кога тато и мама водат љубов тие излегуваат од пенисот. Сперматозоидите пливајќи влегуваат во вагината на мајката и стигнуваат во една вдлабнатина во нејзиниот стомак. Оваа вдлабнатина се нарекува матка. Во неа од време навреме има по едно малечко јајце.


7. Поминуваат многу, многу денови. Поминати се девет месеци откако сперматозоидот и јајцето се пронајдоа меѓусебно. Сега бебето е толку големо што сака да излезе.

8. Стомакот на мајката е толку многу пораснат што речиси ниту еден фустан не ù е точен.
„Можам да почуствувам како матката се згрчува“, му вели мајката на таткото.
Сега е толку широка што дојде време да го родам нашето бебе.“

9. Таткото ја носи мајката во болница.

10. Мајката легнува на болничкиот кревет. Потоа доаѓа лекарот и зборува со мајката и таткото. Лекарот ќе и помогне на мајката да го роди бебето.

11. Потоа мајката почнува да се пораѓа.
Прво излегува главчето на бебето од вагината на мајката.


12. Потоа излегуваат рачињата на бебето.


13. Сега бебето е веќе сосема излезено од мајката.

Лекарот ја пресекол папочната врвка. И плацентата на мајката е излезена. Сега детето е родено.

14. Мајката и бебето се одмораат неколку дена.
Потоа повторно се враќаат дома.
Кога бебето е гладно, пие млеко од градите на мајката.

 

Извор: Per Holm Knudsen - How a baby is made (1975)

Prasanje

A shtrkot kade e?????? :|

nzzzzzzzzzzzzzzz

nzzzzzzzzzzzzzzz

Описов е комплетно

Описов е комплетно нездрав!
Само поинтензивно со вакви илустрации и за кратко време ќе почнеме и ние да имаме татковци и мајки на 13-14 години :)

ОкоБоли главаВицФото