Патници се степаа за да излезат од предната врата на авионот

17.08.2012 09:12
Патници се степаа за да излезат од предната врата на авионот

Двајца патници на скопскиот аеродром, при излегувањето од авионот се пресметаа физички за тоа кој да излезе прв преку предната врата од авионот.

Скопје, 17 август 2012 година

Двајца патници на скопскиот аеродром, при излегувањето од авионот се пресметаа физички за тоа кој да излезе прв преку предната врата од авионот.

Еден од актерите во тепачката тврди дека од авионот се излегува само преку предната врата и дека тоа е логично затоа што над вратата има знак на кој пишува „Излез“.

Другиот патник упорно тврди дека излезот е на средната врата, па затоа одбил да излезе од предната, плашејќи се да не биде казнет.

Една од стјуардесите, која сакаше да биде анонимна ни изјави дека вториот патник уште кога се качил во авионот, негодувал затоа што токму во тој авион немало средна врата за излез.

По кратка вербална расправија дошло и до тепачка во која двајцата патници се здобиле со полесни телесни повреди. Персоналот од авионот успеал брзо да реагира и да ги раздвои гневните патници.

Според неофицијални информации дознаваме дека во иднина како превенција на вакви случки ќе се разгледува предлогот од неколку авио компании за ангажирање на кондуктер (по еден на секој лет) кој ќе биде специјално обучен за вакви ситуации.

Адаптирано од: http://www.njuz.net/