Педерите од цртаните што ги обожававме (2)

17.08.2012 11:54
Педерите од цртаните што ги обожававме 2

Геј лобито е моќно и пенетрира во сите пори на општеството, фигуративно и буквално. Тоа веќе го напишав во првиот дел на Педерите од цртаните што ги обожававме, но најдоброто го оставив за продолжението. Затоа што, ако јунаците од првиот дел (Химен, Штрумфовите, Вернон, Пинк Пантер и Душко Долгоушко) се момците во розева маица со циркони што на Обилиќевиот венец типкаат пораки и пијат ладно макијато со цевка, тогаш ликовите што следат се оние во тесни кожни јакни што на чопери ја предводат геј парадата во Келн.

Лале Гатор

Веројатно некаде на светот постои човек доволно ревносен да направи документација на крволочните животни што во популарната култура се претставени како питоми. Тука би имало место за Вини Пу (огромен ѕвер што со шепата кине глави), Мики Маус (одвратно животинче што опоганува сè што ќе дофати), но титулата секако би ја однел Лале Гатор, со своето розево шеширче. Лале е инаку алигатор, припаѓа на видот што може да порасне преку четири метри и 400 килограми и не е толку дружељубив како во цртаниот. Најстариот роднина на Лале живее во Зоолошката во Белград – има преку 76 години и веќе со децении трпи да го гаѓаат со безвредни пари, постојано надевајќи се дека некое дете ќе се преврти и ќе падне долу.

Исто и Лале живее во зоолошка градина – се гади од природата, поубаво му е на сигурно и топло. Освен тоа што уште во текот на шеесеттите, кога цртаниот прилично кратко и неславно се прикажуваше во САД, Американците се обидоа да ни ја продадат идејата дека е ОК да се заробуваат животните, тие и ни ги продадоа споменатото шеширче и откачените (не можам да смислам подобар израз) дијалози на Лале Гаторот и управникот на зоолошката градина, господинот Твидл, типот во розево одело со бркчиња. Тој машки украс и денес е високо ценет во геј круговите. Гласот на Лале (и оригиналниот и српскиот) и она хи-хи смеење како на фуфла се некои од показателите дека овој крокодил е обожавател на истиот пол. Всушност, поправедно е на децата да им се пуштат порно филмови со црнци и баби отколку Лале Гатор.

Ѕвезден врисок

Познато е дека истакнатите филозофи меѓу античките Атињани имаа млади „придружници“ или дека Леонид и пријателите биле жешки газољупци – во војската од 18 до 65, не би одолеале ни најпринципиелните. Е потоа следуваа вековите чмаење во дупка, кога да се биде Жељко Јоксимовиќ се сметало за неприродно, а на гејевите им преостануваше лобирањето за својата кауза од зад кулисите. Но во 1984, кога настануваат Трансформери, нештата изгледаат многу поинаку – добрите граѓани на Масачусетс повторно го бираат Гери Стадс за конгресмен, иако пред една година признал дека сака да почувствува милина во аналниот отвор. Јасно е дека и првите трансформери во поставата мора да имаат барем еден геј, а кога ги вклучуваат сивите клетки секои 15 секунди, јасно е дека тој геј е Ѕвездениот врисок.

Неговото име ништо не ни кажува, зашто Ѕвездениот врисок не е помалку геј име отколку Бумбар, Небесен оган или Разбивач на бури. Но неговата позиција на Лошко зборува – како што Гери Стадс решил дека нема да дејствува повеќе од заден план туку да излезе од орманот, така и Ѕвездениот врисок со години се обидува да стане калиф наместо Мегатрон, а го спречува кукавичлукот и потиснатата љубов кон торзото на Мегатрон. Низата феминизирани движења и изјавените реченици од типот на „Мегатрон е мртов, јас сум сега водач!“ ја отстрануваат секоја дилема. Впрочем, во секоја работна организација има некој педер. Да бев популист, каков што не сум, сега овде ќе напишев„Ајде по еден ЛАЈК за сите оние што Старскрим го викаа СТАУСКУИМ :D “.

Срле и Пајчето

По кулоарите на РТС може да се чуе дека сериозен предизвик било прашањето како да се преведе насловот на филмот Beany and Cecil, а да звучи доволно геј? Храбрите оперативци на државната телевизија изнајдоа одговор – Срле и Пајчето беше единственото можно решение, единственото што уште веднаш во насловот ја покренува дилемата и укажува на сомнителниот однос меѓу двата лика, можеби дури и блуднички однос, имајќи предвид дека Пајчето е повеќе од малолетно.

Освен што е морско чудовиште што има морска болест, Срле е исклучително дебилен и феминизиран лик со долги трепки. Ако беше во реклама за маскара, некој би прашал „Можеби е роден со тоа?“, а тогаш би се слушнало гласчето – „А можеби се трти нанадвор!“ Пајчето е едноставно Пајче. Освен тоа, шансите да видиш женско во оваа цртана серија настаната уште во педесеттите е помала од шансата да видиш кур на ТВ 1000. Ај што во посадата на бродот нема жена – познато е дека тие носат лоша среќа кога возат Пунто, а замислете да пловат – но дека баш ниеден спореден лик не можеше да биде женски, е тоа е веќе премногу. За среќа, кога бевме деца не ни беа полни главите со вакви конотации туку тогаш можевме невино да кажеме: „Мамо, мамо, гледај ги Срле и Пајчето, пак се галат!
Бананамен

Поврзаноста меѓу српскиот (југословенскиот) и британскиот хумор е необјаснива. Да речеме, можеме да се заколнеме дека Сплетки е најдобриот ситком на сите времиња. Кога веќе таа серија беше популарна во Британија, беше и во поранешна Југа – и никаде на друго место. И не е ништо помал шокот кога ќе видиш дека прилогот за Бананамен на Википедија е на англиски и на српски. И тоа е тоа. Настанува како пародија на суперхероите како Супермен (кутриот тој, се пресоблекува во телефонските говорници) и сè што треба да знаете за него е: „Кога Ерик ќе изеде банана, настанува неверојатна промена. Ерик станува Бананамен, секогаш спремен да стапи во акција.“ Со тој цртан никогаш не сте начисто – зошто баш банана? Дали поради нејзиниот фалусоиден облик, па и конотацијата со курот како таков? Зошто не јаболко? Дури и Јаболомен е заколнат непријател на Бананамен!

Има уште причини за сомнеж. На пример, Бананамен се пали на презентерката на вестите Ѓурѓевка (базирана на реалниот лик на новинарката Селин Скот), а ништо не презема во врска со тоа иако е лондонска фаца. Сите се палиме на некоја презентерка и поради тоа макар ќе го истресеме, ама на Ерик тоа не му ни паѓа на памет. Дали е тоа само класично геј двоумење и неодлучност – во кој тим да се заигра? А тука е и љубовта кон униформата – шефот Рајко е дебел полицаец со кој Бананамен има блиска соработка. Акцентот е на „блиска“. Сепак, неволно признавам дека овој цртан на Би-Би-Си од 1983 не е засведочен геј цртан и дека за овие асоцијации е веројатно крив мојот первертиран мозок.

Царот Кактус

Омиленот лик од цртаните на авторот на овој текст. Неповторливиот цар Кактус. За неправдата што му е сторена, треба да се повика на одговорност Кроација филм, а самата продукција треба да се запали до темел, да се преора земјиштето и добро да се засоли. Најдобриот анимиран филм во СФРЈ некогаш направен е во 1986 со Американците – самата идеја главниот негативец да биде кактус заслужува Оскар. Во текот на целиот филм, царот Кактус има намера да ја уништи шумата полна со геј животинчиња и да ја претвори во пустина, зашто му се може. Во фашистички оган изговара сјајни реплики како на пример: „Чувај се од сечилото на мојата воденица!“ или „Повикајте ми го Крвникот!“ и воопшто, царот Кактус е најзабавниот хрватски изум сè до појавата на „домашното видео“ на Северина, од бродот.

Е тогаш...во приказната упаѓа дебелиот сликар што треба да ја спаси шумата со своето пано и шарените бои. Само шест години пред појавата на Чудесната шума, Гилберт Бејкер го донесе знамето со боите на виножитото на геј парадата во Сан Франциско – тоа значително се прошири по светот и очигледно, стигна до Кроација филм. Да не должам, Сликарот, Дабарот, мечокот Мате, Лиа и волшебникот Стапче му подметнуваат на царот Кактус волшебна напивка од којашто овој ќе процвета, ќе се претвори во пинк дебелко со анестезирана фаца. Ова стварно е гаден спојлер, ама мораш да го гледаш Чудесната шума ако веќе не си го направил тоа, зашто има уште јаки делови, како алудирањето на дрогирање со печурки. Цел цртан е на Јутуб, еве ти го:

На оваа листа повторно немаше место за ликовите од цртаните за возрасни, како сунѓерот Боб, Вејлон Смитерс или Стиви од Фамилија Гејеви. Ниту за Бетмен и Робин или Марија и Луиџи (што најпрво настанаа во игрите). Сите овие се ликови што како клинци секојдневно ги гледавме. Тие се криви што државата води ретроградна политика и што тапкаме пред вратите на Европската унија, пичка им мајчина.

кон првиот дел

Извор: tarzanija.com

Изворот е tarzanija.com, не

Изворот е tarzanija.com, не tanzanija.com

Podebilna analiza nemam

Podebilna analiza nemam procitano. Avtorot saka da kaze deka cela zapadna evropa se pederi, samo srbite se poslednite vistinski mazjaci. Samo latenten peder moze vo site crtani da gleda pederi. Pa idiotu eden, Miki i Lale se pretstaveni takvi kakvi sto se za da decata go izgubat stravot od gluvcite, aligatorite. Crtanite imaat i vospitna, no i obrazovna notka. Preku niv decata ucat i za ziviot svet i za ovosjeto i za zelencukot... Zosto Popeye jade spanak? Sigurno ne zatoa sto pederite obozavaat da jadat spanak. Nitu edno dete ne saka da jade spanak i eden od nacinite da gi nateraat e da gi ubedat deka so toa ke stanat silni. Celiov tekst e vo stilot imas ripka znaci si peder. A i vie ne mora da objavuvate sekakvi idiotstini. pozz

Текстов е една одвратна

Текстов е една одвратна бљувотина и човек добро ќе подразмисли пред да ја удостои со коментар.

Како не ви е срам да сквернавите цело едно наследство кое им припаѓа на децата. Или пак сакате на педерски начин да ја подметнете педерастијата како кул и нормална.

Колку и да лажете, нема да ја скриете вистинта! Може да се множите и уште права да добиете,но нема да докажете дека БОЛЕСТА е ок и нормална, затоа што ќе ве убие.

Ма какво геј лоби, вие сте

Ма какво геј лоби, вие сте геј лоби, и тие кои го пишувале и вие тука кои го објавувате текстот!

Ги пренаменувате работите во зависност како тоа вам ви е од корист!

Какви ви се мислите таков ви е животот, затоа не е чудно што само пореметени и изобличени нешта пишувате.

И за нај чистото нешто во светот да пишувате, исходот од вашите пера ќе биде ист: кал, реа, гној и мнооогу лага!

Тоа она што го носите во себе, затоа тоа е оно единствено што можете да го ставите на хартија. А и што друго би пишувале?... За се друго треба малку да се уклучи мозокот, а ова вака било супер и многу откачено човече! Вау, се чувствувам многу модерен кога ве читам.

Гласот на Starscream = гласот

Гласот на Starscream = гласот на Јани Макрадули

ЕЈ ЗНАЧИ КАКВИ ГЛУПОСТИ

ЕЈ ЗНАЧИ КАКВИ ГЛУПОСТИ ТРОПАТЕ, НЕМА ШАНСИ ДА СЕ НАТПРЕВАРУВА СО ВАС ВО ТРОПАЊЕ ГЛУПОСТИ.
УШТЕ ЗА БЕТМЕН ДА КАЖЕВТЕ ДЕКА Е ГЕЈ , ЌЕ ПРЕСТАНЕВ ДА СЛЕДАМ ТВ, ИНТЕРНЕТ И СВЕ ОСТАЛО...

Слични содржини

Квир / Живот / Култура / Филм
Квир / Живот / Култура / Теорија
Квир / Живот / Култура
Квир / Живот / Култура
Книжевност / Психологија / Живот / Култура

ОкоБоли главаВицФото