Избор од дискусијата за левицата

27.08.2012 09:54
Избор од дискусијата за левицата

Дали сме свесни во колку длабока криза се наоѓа левицата? Постои одреден тип на ортодоксен марксизам, ја знаете приказната за партијата на работничката класа итн. Да речеме дека јас сум член на некој таинствен централен комитет на владејачката класа кој има многу пари, каде се одлучува кој ќе биде финансиран за да нема промени. Во таков случај, јас би ги финансирал догматските марксисти, би ги финансирал луѓето кои зборуваат за комунистичката партија на работничката класа, кои не сакаат да видат што се случува.

Што сакам да кажам? Ајде да размислиме што се има случено во последнава деценија. До пред три или четири години, ние, на развиениот Запад, наспроти сите проблеми, ја имавме барем илузијата, ако не и стварноста, за некаква социјална држава и за релативна благосостојба. Значи, типичното однесување на радикалната левица беше да ја глуми Касандра. Тие велеа: оваа благосостојба е илузија, ќе видите, ќе дојде до криза и тогаш ќе настапи нашиот момент. Е па, гонете се – кризата е тука, покажете ми еден конкретен и изводлив предлог на радикалната левица.

Јас не знам за таков предлог, а внимателно ги следам настаните: од движењето „Да го окупираме Вол Стрит“, до пријателите кои со недели беа во Тахрир, Грција...
На луѓето треба отворено да им се каже да признаат дека 20-иот век заврши. Ние, интелектуалците, треба да престанеме блефираме. Ние ги немаме одговорите кои од нас се очекуваат.

Длабоко сум сомничав кон оние традиционалните интелектуалци, кои чекаат на „големиот настан“. Знаете, луѓето се збунети, но во одреден момент, ќе се случи вистински настан, работничката класа, заедно со партијата, ќе се дигне итн. Се разбира, не велам дека постоечкиот поредок ќе преживее. Ситуацијата ќе станува сè полоша и полоша: хаос, криза итн. Само се сомневам дека ќе дојде тој голем настан.

Ако може да ја повторам мојата основна поента. – Токму денес, кога се соочуваме со овие потреси (во позитивната смисла на зборот), со бунтови тука и таму, забележуваме колку левицата има целосно потфрлено, обидувајќи се да го направи она што секогаш го ветувала: кога кризата ќе се случи, ние ќе направиме когнитивно мапирање, треба да направиме тоа и тоа. Дури и Сириза, пријатели мои...

Прашајте се, а јас токму тоа ги прашав, која е нивната вистинска програма. Со часови разговарав со Ципрас и останатите. Можам да ви кажам дека во суштина тоа, ако дозволите да бидам малку ироничен, главно се сведува на следново: ни треба посилна национална држава, но не особено националистичка, со помош на која нема баш да го укинеме капитализмот, но на некој начин ќе го отстраниме финансискиот капитализам, односно, малку ќе го поправиме.

Иронијата да биде поголема, единствениот друг радикален предлог за кој знам, а кој потекнува од левицата, е предлогот за спасување на капитализмот. Тоа е идејата за базичната дивиденда или за основниот приход на граѓаните. Ван Паријс, кој се застапува за ова, е многу јасен. Тој вели: капитализмот е единствената реална опција и ние мораме да го прифатиме. Патем, јас не се согласувам со тоа. Иако идејата за основниот приход фанатично ја поддржуваат Тони Негри, Мајкл Харт и некои други, не знам дали сме свесни дека таа идеја се сведува на принципот „и јаре и паре“. Значи, на последниот очајнички обид да се зачува вистинскиот капитализам на социјалната држава. Идејата е дека со помош на основниот приход би можеле да ја сочуваме продуктивноста на капитализмот, да го подобриме, да го направиме понезависен.

Шокиран сум што влегуваме во вистинска криза, а јас не знам, дури ни на ниво на дебата, за ниту една левичарска сила. Мислам дека принципиелниот став може истовремено да биде најлоша форма на опортунизам, бидејќи многу добро знаеме дека целиот тој псевдо-радикализам не обврзува на ништо, туку само обезбедува една многу комотна позиција. Ова е за мене типичната позиција на денешните интелектуалци-левичари. Ни се допаѓа револуцијата, но таа треба да се случи во Грција или, уште подобро, во Латинска Америка. Револуцијата мора да се случи далеку, за да не го наруши нашиот живот.

Се согласувам со Фредерик Џејмсон (кој и не е баш експерт за економија) и со некои сериозни економисти, кои велат дека, ако сакаме да ја анализираме новонастанатата ситуација денес, прво мораме да размислиме за радикално променетата и многу позначајната улога на невработените. Доколку во класичната марксистичка традиција невработените претставуваа неопходна резервна армија, сега имаме нешто што до неодамна не постоеше – класа луѓе кои не само што се трајно невработени, туку и трајно невработливи.

Еве еден типичен пример. Во мојата земја, Словенија, имаме илјадници невработени. Има текстилни работници кои работеле во фабрика 35-40 години, кои одеднаш добиваат отказ и тие знаат дека засекогаш се отфрлени од системот. Добро, од време на време, ќе се појави некој клон на Ентони Гиденс, кој ќе ви каже дека сега имате можност да почнете одново, но вие знаете дека сте отфрлени. Но, не само тоа, и еве зошто се согласувам со Фредерик Џејмсон. Имаме цели делови на земји, па дури и цели земји, т.н. одметнати држави, Конго, Сомалија, итн., кои се наоѓаат во таа невработена, исклучена позиција, што не значи дека тие не се дел од глобалниот капитализам. Конго е совршен пример.

Нашите медиуми го претставуваат како „африканско срце на темнината“. Точно, срце на темнината, каде целото производство на минералите е контролирано од корпорациите и од господарите на војната.
И уште една работа. Не само што имаме постојано невработени луѓе и цели држави и региони, кои се на некој начин отфрлени; се соочуваме со нешто со што веројатно и вие, тука (во Велика Британија) се соочувате.

Млади луѓе, на кои им е јасно дека се однапред, помалку или повеќе, невработливи. Студирате, се школувате за нешто, а однапред знаете дека ќе биде речиси невозможно да најдете соодветна работа. Значи, првата задача за мене би била на некој начин да го прошириме поимањето на експлоатацијата, а со самото тоа и позицијата на пролетаријатот. Колку и да звучи глупаво, вие не сте експлоатирани само ако капиталистот ви го одзема вишокот на вредност, туку сте, на одреден начин, целосно експлоатирани, зашто ви е целосно ускратен продуктивниот идентитет, бидејќи, парадоксално, не можете ни да влезете во играта на експлоатацијата.

Понатаму, има една друга работа која навистина ме растажува. Можеби тука, во Велика Британија, е малку подобро, но јас забележувам една тенденција во многу земји, од Франција до Словенија, која навистина ме растажува. Во Словенија имавме еден штрајк пред половина година. Иако формално го поддржував, изразив и одредени сомнежи. Се разбира, некои левичари веднаш скокнаа: гледате, тој е предавник. Ќе ви кажам зошто. Во Словенија имаме, наивно да ја наречеме, вистинска работничка класа – работници во текстилната, во рударската индустрија итн.

Тие не се ни осмелуваат да штрајкуваат. Штрајкот станува привилегија на една класа која јас ја нарекувам „платена буржоазија“. Кој се осмелува да штрајкува во мојата земја? Судиите, високите полициски службеници, лекарите, јавната администрација. Тие знаат дека имаат нешто што веќе денес е привилегија – гарантирана државна работа. Особено ако се во можност да вршат, така да ја наречеме, социјална уцена. Знаете, сите се плашат кога лекарите штрајкуваат – што ќе се случи ако некој се разболи?
Мислам дека тоа е голем проблем. Имаме штрајкови кои не се пролетерски штрајкови, туку штрајкови чие основно социјално барање гласи: ние сакаме да ја задржиме својата позиција над работничката класа, сакаме да ја избегнеме пролетаризацијата, да не станеме како „другите“. Во Словенија тоа е брутално јасно.

Универзитетските професори кукаат: ова е страшно, како да се преживее со 2.000 евра месечно? Никој не ги ни спомнува илјадниците невидливи работници кои се толку очајни што, кога штрајкуваат, знаете ли што бараат? Тие бараат стечај, бидејќи знаат дека, ако компанијата отиде во стечај, барем ќе се сметаат за невработени и ќе добијат малку пари. Ако тоа не се случи, тие се наоѓаат во безизлезна позиција, бидејќи веќе 6-7 месеци не добиваат никаква плата, апсолутно ништо. Нели е тоа тажно? Тие се осмелуваат да штрајкуваат само кога треба да ја принудат компанијата да прогласи стечај.

Значи, тука треба да се избегнат две крајности. Првата би била маоистичката крајност, која гласи, како што Мао рекол, дека денес имаме капиталистички и пролетерски држави – третиот свет против првиот светот. Другата крајност се интелектуалните работници. Мислам дека тука позицијата на Тони Негри е погрешна. Тој полага право на постмодерниот капитализам – дигитални компании, интелектуални работници.

Бев мошне шокиран кога го гледав интервјуто со него на телевизија, во Венеција Местре. Тој поминува, а камерата го следи, покрај една компанија каде работниците претходно штрајкувале. Се работело за класична работничка приказна: компанијата сакала да го запре производството. А Негри го вперува прстот кон нив и вели: „Гледајте, тие се мртви, но се уште не знаат.“ Сака да каже дека денес револуционерната сила е новата, „дигитална работничка класа“.

Во Бразил дури рекол, бидејќи веројатно се плашел тоа да го стори во Европа, дека денес вистинските елементи, состојките на комунизмот, се наоѓаат во најнапредниот капитализам, а особено ги нагласил банкарските финансиски шпекулации. Дури отишол толку далеку што рекол дека таму веќе имало комунизам, само што во одреден момент ќе треба да се ослободиме од капиталистичката форма, и тука сме.

Според него, овој високо развиен, дигитален капитализам е нашиот најголем сојузник, а не ова што остана од работничката класа. Јас се извинувам ако звучам како Сталин, но мислам дека и двете верзии се погрешни. Маоистичката, која тврди дека вистинскиот пролетеријат е во третиот свет, и оваа вторава, која за мене е премногу арогантна, Хартовско-Негриевска верзија на денешната постмодерна динамика, сфатена како надеж за иднината.

Извор: 

pescanik.net

Он би ги финансирал

Он би ги финансирал догматските марксисти, би ги финансирал луѓето кои зборуваат за комунистичката партија на работничката класа, кои не сакаат да видат што се случува, мислам дека никој нема да го послуша, поради тоа што ова е супер трик, ако ништо друго и он е марксист, па вика дека не сака да добива тоа што веќе го добива, професорска плата, дел од системот, предавања во Швајцарија и глупирање по светските плоштади и јадење говна.

До пред три или четири години, ние, на развиениот Запад, гледате какви импликации он набива?, ако одите денес во Словенија, можете да заборавите на таа убава бајка која постоеше пред дваесет години и негде до крајот на векот, сите фабрики се девастирани, тоа што во овој момент има Словенија е инфраструктура, добра, празни хали и задолженост од 55 посто од БДП, околу 18 милијарди евра, веќе ги намалија платите на цела администрација за 8 посто, а тоа е само почеток, наводно Јанша ќе штедел во наредните две години, кој ЗАПАД човече?, која елита, кое срање?

Сириза потфрлува се согласувам, тоа не е нешто што е видливо, повеќе би било ако дојдеа на власт и кога ќе ја променеа перспективата од која гледаат, едино што е добро и треба да се земе, е паролата "ПРЕСТАНУВАМЕ ДА ПЛАЌАМЕ!", и радикални протести во кој секој ќе почне да се плаши, од Трифун и Минчо, преку Гуштерот и Мијалков, Камчев и цела катапултирачка багра која го прибира не само кајмакот туку целото млеко.

Основниот приход не смее да се потцени, напротив, може да се даде цела низа на концесии за вода, струја, ресурси од тој тип, енергенси, како и основен пакет за здравство итн. така што што радикално човеку?, паролата нема да плаќаме, мора нешто да значи, а како што ми е познато, Грција, ниту Македонија немаат ресурси на нафта, но имаат јака полиција, основниот пакет мора да се прошири и на други сфери, но за тоа мора да се погрижат самите луѓе, преку концептот "направи сам", без да чекаат некој да им помогне во некоја точка од време, нешто што ќе произведе различен простор, не се флоскули, ова, основниот приход е ударна позиција на левицата во рамки на капитализмот, тоа е позоција на борба, тоа не го руши ниту ќе го сруши капитализмот, но основниот приход мора да стане тема тука.

Како може да каже дека тоа може да се случи во Л. Америка или само во Грција, па самиот он кажува за рударите во Австрија, знаеме за рударите во Шпанија, знаеме за масовните протести анти-АКТА/СОПА/ПИПА, движењето Окупирај, врие, сегде врие, само гледајте што се случува во Сирија и кои сили се врзани околу таа точка и нејзиниот расплет, ако можеа да ја смачкаат Либија без многу зборење, тоа потешко ќе оди ваму, поради тоа што се прочитани, но не е битно колку блиску гледаме таму, туку дека врие на сите страни. Жижик провоцира, пто е добро, но прави еден шум на уништување на подземните движења, нешто што не може да се сопре и ќе биде гадно, многу гадно!

Ако некој се претставува левичар-интелектуалец, или може пишува по мекдонските весници или портали, тогаш тој за жал не е тоа, тие луѓе кои ќе ги водат процесите, не се произлезени од неолибералниот капитализмот после падот на берлинскиот ѕид кој не однесе како ураган, ние ги очекуваме новите левичари, тоа Жижек може да го сведочи, сите овие протести и нивните организатори не и се познати на јавноста, само одредени гласни навивачи како посочените Хард и Негри, како и он, јадат говна пошто можат, пошто имаат направено позиција и пошто знаат како и каде да пукаат, тоа за жал на тие што протестираат не им е битно. На тие луѓе им е битно да се самоорганизираат во микро средини, за сега слабо, бидејќи мислам дека и кај нас одговорноста е огромна, па затоа од Солидарност не се залетуваат, наместо да одат порадикално и со изјави и организрање и према тоа повлекување на правите левичари од СДСм, нешто што ни е потребно, осипување по линија на правите работи.

"класа луѓе кои не само што се трајно невработени, туку и трајно невработливи.", мислам ова е толку патетично, да не заслужува внимание, па човече, кој работи на своја сопствена нива, кој сам прави леб дома, кој се организира во мини трустови, кој одгледува деца по дома, кој е способен за домашно туторство и предавања по дома и еден тон на работи, а ова ми кажува дека Жижек со нас се заебава, не мораме да работиме во мапшината, приказната за одметнатите држави е глупа, затоа што такви ќе станат сите држави, така што нека он размислува за тие ситуации, не е чудно и Македонија да се најде во таква состојба, така што самоорганизацијата и хаотичната прераспределба на работите на основни потреби ќе бидат новиот феномен, освен ако не ја земе некој власта и со полицијата прави терор, како со сегашно вмро.

Не знам шо му е тоа дигитален капитализам, веројатно пари кои повече не се ни принтаат, туку само ставаат како бројка во системот и бришат, како најобична бројка во ворд или ексел или нешто друго.

Што се однесува до Словенија, сЕ е отидено у курац, осипано и тажно. Они стануваат права колонија, тоа што ние веќе сме, вазали на НАТО за војници, како и ефтина работна сила, која со оглед на фабриките со кои се фали Гвујо, не се вработуваат ниту по стотина луѓе; една крајно редуктивна субституција на Жижек со една радикално комплексна подлога која доаѓа од долу, како пристап до стари машини - отворен хардвер, механизација, отпади со стари мотори, материјали итн. нешто што може да се рециклира.. каде редукционизмот му е корисен на Жижек, он ги претставува сите словеи на сите зермји, кои се различни како по култура и религија, така и по сетинг на базични ресурси и пристап до знаење и универзитети, преку можности за производство на основни алати и машини, храна итн., но и мутација на здравствениот систем од јавен во крајно радикално приватен (Македонија), но е перфектно јасно дека сојузи помеѓу тие држави ќе дојде, сакала Англија или не сакала Англија или сакал Жижек кој ги брани нивните интереси или не сакал Жижек, тој не гледа долу, во отворените системи за производство како радикална редизстрибуција за произведување во микро средини, скоро се можеш да најдеш на интернет како да произведеш, итн.

Жижек е тапа!

Словенија е барем десет пати

Словенија е барем десет пати поквалитетна за живот од Македонија. Можеби не е квалитетна како Австрија или Германија, но за балканските узуси, Словенија е Норвешка! Сеедно дали ја гледаме од „социјалистички“ агол (добро здравство, образование, култура, инфраструктура, социјална помош итн.) или од „капиталистички“ агол (релативно моќни и конкурентни фирми дури и во жестоката европска конкуренција). Точно е дека во моментов Словенија има сериозни финансиски проблеми, но нивото на развој и човечките ресурси се на неспоредливо повисоко ниво од македонското. Дупката во која ние се наоѓаме е толку темна и осамена што нема споредби - ние сме тагата на регионот...

Тоа не е точно. Да ја

Тоа не е точно.

Да ја оставиме Германија на страна, Австрија исто. Имаш серија на компании како Фруктал, Златарна Цеље, пола од градежните фирми се тропа, Горење која го сели производството во земји како Србија, а над 50 посто од вработените, просечна плата во фабриките им е (Горење) е 350 до 400 еура, Меркатор се продава, таксистите во Љубљана не земаат поголема плата од 550 ЕУР, што за Љубљана е страшно ништо, пошто животот во Љубљана во еден месец не чини под 1000 ЕУР, ако плаќаш стан, кој чини околу 500 ЕУР, бензинот е 1,5 ЕУР, еве и кај нас станува од вечер таков, кило лубеница е 1 ЕУР, кило цреши добри се 8 до 10 ЕУР, патлиџан страв да те фати го продаваат на 500 до 600 грама, кој чини 2 до 3 еур, леб нема под 1 а поквалитетен до 2 и пол еура. Просечната плата во администрацијата е 600 до 800 еур-а. Се согласувам дека инфраструктурно земјата е фантастична, но благодарение на таа мутација, на пример јавното здравство е како приватно, тие немаат ни една клиника приватна, но ако сакаш да одиш кај специјалист ти плаќаш 50 ЕУР од преглед, така што, нешто не е у ред со таа држава, Словенија, за жал не е Норвешка, немој така лесно да се расфрлаш; разговарам со човек кој е плочкар, што реди плочки, Италијаните се поефтини од нив и им ја земаат цела работа, тоа е еден обичен пример, но без извозот во клучните земји во кои извезуваат како Германија, Австрија, Германија, Англија каде што побарувачката е радикално смента и намалена, тоа што се случува една агонија на не можност за враќање на кредитите, печатење пари и инфлација од 7 до 8 посто, и напишав, 8 посто намалување на бруто платата, а тоа е почеток. Македонија и Словенија не можат да се споредуваат, но како и Грција која ќе дојде во ситуација да моли за секоја пара, Словенија е на раб на тоа и приказната која и ние ја знаеме, комуњарите од крајот на осумдесетите и деведесетите, ги земаа сите пари и капитал и ги користеа за купување станови плацови и ставање и билдање на сметките по сртанство и на крај продавање и уништување на фабриките, они се сега таму, кај што ние бевме 94-98, не дека немаше приватизација и кај нив, но таа беше комуњарска, луѓето што стоеја на опашот од социјализмот; таа е приказната што се слуша од еден на друга крај на Слчовенија, они го бараат Тито, замисли!, бараат помалку работа и сваќаат дека се ќе мора да продадат како банки, инфраструктура и патишта, централи итн. Гледај!

Одлични поенти во делот на

Одлични поенти во делот на штрајкувањето, што директно може да се преслика и овде во МК.
"Платена буржоазија"-не знам колку е иновативен терминот, но сосема одговара.
Основната причина, се чини, за кризата во Словенија е директната изложеност на стопанството vis-a-vis заедничкиот финансиски систем во ЕУ и пошироко на мундијално ниво, текови што немилосрдно осиромашуваат и ги намалуваат постојните и потенцијални работни места.
Сосема погрешно е да се каже дека Словенија е таму каде што беше МК во 94-98.

Се мисли на статусот со

Се мисли на статусот со сопственоста на фабриките, акциите и продажбата на "стратешки инвеститори", како и 94-98, така и они денес се во дилема дали да ја отворат комплетно економијата или уште да веруваат дека можат како Држава сами да раководат и да го ресоздаваат кашиталот; они се такви да не сакаат странски грин-филд инвестиции, не сакаат посериозен влез на странски банки (за Словенија тоа се нарекува банкарско-политичка оска), не дозволуваат пристап до телекомуникациите, да не зборуваме за електро-енергетските системи, но да заокружам, Словенците се добри за прекупување и препакување, према тоа фантастични пакери, ја имаат онаа санитарна каприциозност, све е чисто и знаат да редат коцки по плоштади, се е така фино и лепо наредено како у лего свет, за овие три работи ги бива, пакирање, санитарност, редење, но за капитализам, се покажува дека биле способни само на регулиран пазар во поранешната Држава, а кратко трае здивот (10-15 години) очигледно во борба со сериозна конкуренција, трети страни, итн. Еве, годинава иако ја примаат К-15 административците, им е намалена за една петина, ако си земал 500 ЕУР К-15, сега ќе земаш 400, сите можни додатоци кои Државата ги дава, се на листата за бришење, така што, тие се таму на портите на дивиот капитализам кој ни е познат на нас, но имаат скапа работна сила и за да станат право конкурентни, ќе мора се да срушат долу, од плати и придонеси до буквално сЕ; и нам во перспектива во наредни десет години, ќе ни бидат лесен залак да ги изедеме, ако одиме со темпо до 2020 од некои 120 до 150 фабрики, но ќе видиме, клучниот аргумент кој не знам дали го користат е дека технологијата останува во Европа, не останува во Кина или тој тип на земји, ако зборуваме за Европски, но и за Американски компании кои тука ќе прават фабрики, така што, тоа е и порака кога се зборува со инвеститори од Евро-Атлантско подрачје, технологијата останува на наше тло. А Словенија, тоа инаку 18 милијарди е јавен долг, нивниот вкупен долг е 85 од БДП, а со намален извоз, вклучително и во Франција, не е можно да се одржи враќањето на кредитите, а тоа се ќе им поремети, ги жалам, искрено, на кур ми се качени од нивната претенциозност и умислена-уображеност. Јебига, капитализмот е гаден, не е ова бившата Југа.

Слични содржини

Општество / Свет / Теорија
Општество / Европа / Свет / Теорија
Општество / Европа / Свет / Теорија
Општество / Свет / Теорија
Општество / Теорија
Општество / Теорија
Општество / Теорија

ОкоБоли главаВицФото