Мајка го заспала детето со приказна за новата Влада

29.08.2012 11:23
Мајка го заспала детето со приказна за новата Влада

Скопје, 29 август 2012 година

Владанка Б. од Скопје конечно успеа да ја заспие својата ќерка со приказна за новата Влада. Оваа самохрана мајка тврди дека ниту една приказна досега немала никаков ефект како оваа.

- Не можев да ја заспијам ќерка ми со ниту една приказна, вели Владанка. Една вечер случајно задремав гледајќи една политичка дебата на телевизија, па си помислив дека тоа може да ми помогне за да ја заспијам ќерка ми.

- Приказната ја започнав со можните коалиции помеѓу политичките партии. Започнав со демократите, па потоа ги споменав социјалистите, па социјалдемократите итн. Кога ќе стигнев до следниот премиер таа веќе спиеше.

Таа ги советува сите мајки кои се соочуваат со слични проблеми, да се обидат да ги заспиваат своите деца со политички приказни, затоа што приказните за Пепелашка и Црвенкапа веќе немаат никаков ефект.
Владанка има уште едно немирно дете, но политичките приказни успеваат и со него.

- Кога ќе му споменам кои ќе бидат новите министри тој веднаш трча накај креветот, додаде Владанка.

Адаптирано од: http://www.njuz.net/