Државен ресторан го промени маслото за готвење во фритезата по дваесет години

31.08.2012 10:54
Државен ресторан го промени маслото за готвење во фритезата по дваесет години

Скопје, 31 август 2012 година

Државниот ресторан „Оаза на мирот“ од Скопје го промени маслото за јадење во фритезата по дваесет години, за време на прославата на дваесетгодишнината од постоењето на фирмата. Новото масло свечено го истури директорот на ресторанот Лазар Стипсаров.

Директорот рече дека старото масло во фритезата за тој колектив стана повеќе од средство за работа и дека тоа веќе си го одработило своето.

- Во ова масло се испржени повеќе од дваесет тони компири и околу осум тони пилешки крилца, како и голема количина на друга храна. За многумина од нас ова масло ни стана како колега, некој со кого се дружевме цели дваесет години. По тој повод, со ова масло денес ќе биде испржена последната храна, рече Стипсаров.

Еден од вработените во „Оаза на мирот“ ни изјави дека целиот свој работен век во овој ресторан го поминал со ова масло.

- Тоа масло беше тука кога дојдов, а остана во фритезата и кога заминувам од фирмата. Маслото е еден вид знаменитост на овој ресторан, рече тој.

Старото масло ќе биде заменето со ново извозно и квалитетно масло, а дваесетгодишниот ветеран ќе биде предаден во една приватна фабрика за да послужи како средство за подмачкување.

Адаптирано од: http://www.njuz.net/

ОкоБоли главаВицФото