Граѓаните веќе нема да ја плаќаат радиодифузната такса

01.09.2012 12:17
Граѓаните веќе нема да ја плаќаат радиодифузната такса

Скопје, 1. септември 2012 година.

Од 1 април 2013 година граѓаните на Република Македонија нема да плаќаат такса за радиодифузија. Одлуката беше донесена на полноќната седница на Советот за радиодифузија.

Советот одлучил дека парите кои ги собираат од оваа такса се веќе потрошени и дека нема потреба да се плаќа понатаму со оглед на тоа дека тие пари им помогнале на многумина да се збогатат и да ја обезбедат иднината на нивните поколенија.

Втората причина е економската криза.
- Со оглед на тешките економски услови во кои живееме Советот одлучи да им олесни на граѓаните со тоа што повеќе нема да им испорачува сметки за радиодифузна такса, вели еден од членовите на Советот за радиодифузија.

Третата причина е што до тој степен се размножија прорежимските медиуми, што Владата ќе мора да рационализира, а Советот да спроведува.

- Исто како и Владата, така и ние како државно тело одлучивме да учествуваме во ублажувањето на ефектите од глобалната економска криза, па затоа едногласно ја донесовме оваа одлука. Нашите семејства се финансиски обезбедени на подолг рок и сметаме дека е фер да престанеме со наплата и веќе од идната година да работиме без никаков надомест.

Советот исто така расправаше и за оние граѓани кои веќе подолго време не ја плаќаат радиодифузната такса.
- Сите заостанати долгови на граѓаните ќе бидат отпишани, а оние кои веќе се предмет на присилна наплата, средствата ќе им бидат вратени, но само ако се зачленат таму кајшто треба, во познатото движење кое не е партија.

На крај на седницата Советот едногласно и самозадоволно реши, со општо кикотење, дека е многу добро што подготовките за Први април догодина се започнати навремено и дека народот ќе има разбирање за нивното стратешко планирање.

Vakva para vest e realnost vo

Vakva para vest e realnost vo drugi zemji kade ne se plakja taksa, ama kaj nas realnosta i viruelnata stvarnost gi promenile mestata.