1022 hPa
100 %
6 °C
Скопје - Чет, 05.12.2024 10:59
Неверојатна животна приказна за шпанскиот параолимпиец Себастијан Родригез.
На Параолимписките игри во Лондон има неверојатни животни приказни, а една од таквите е онаа за шпанскиот пливач Себастијан Родригез.
На 50 метри слободен стил Родригез го освои сребрениот медал, неговиот четиринаесетти во кариерата. Ова се четврти игри за 55-годишниот натпреварувач, и тој ќе беше идеален пример за спортист, само што...
Во младоста Родригез се занимавал со нешта за кои тој и денес е осудуван од многумина. Тој бил член на организацијата Грапо, една ултралевичарска група, која е на листата на Европската унија определена како терористичка организација.
Во септември 1984 година, Родригез бил еден од учесниците во убиството на бизнисменот Рафаел Падура од Севиља. Уапсен бил една година подоцна и осуден на 84 години затвор.
Таму тој започнал штрајк со глад, бидејќи барал сите членови на Грапа да бидат сместени во истиот затвор. Неговото гладување траело 432 дена, за време на кои тој бил присилно хранет. Заради тоа страдале неговите нозе, кои ја загубиле секоја функција.
Сепак, тој бил ослободен заради болест во 1994 година, а потоа се појавил на Параолимписките игри во Сиднеј, каде освоил пет златни медали. Во 2007 година го дочекал и простувањето од шпанската влада, но не и од семејството на Падура, кое е се’ уште бесно заради неговото ослободување.
Никогаш не се покајал, па дури и го лажел Параолимпискиот комитет дека функцијата на нозете ја загубил во сообраќајна несреќа. На крајот се дознало се’, сакале да му ги одземат сите медали, но тоа не се случило. Уште една можност за поранешниот шпански терорист...
Извор: www.tportal.hr